Некако ни тргна со Шпанциве. Сега во главна улога е Руди, кој и во НБА ги покажува актерските квалитети на шпанските спортисти и на оние кои барем некогаш играле во Шпанија. На Мет Барнс ништо не му е јасно, човекот никогаш не ја гледал претставата наречена „Ел Класико“. Но, кармата е опасна работа, па џабе му беше на Руди и фолирање и се’ кога неговите Нагетси изгубија дома, и тоа откако Ал Херингтон не погоди тројка за победа.
Пак Коби, овој пат пред некој ден, а не пред 15 и пол години како претходниот пост.
Пау и Рики онака, лагано, шпански, си прават муабет во кој Кобстерот се убацува со прашање дали зборуваат за ОИ во Лондон оваа година. Рики трештокерот му порачува да се надева на сребро во Лондон, на што Коби искрено му кажува што мисли. Спремен е да прави и кладба со Рики, кој изгледа не го знае добро човекот со кој се зеза.
Колку и да е шега, Коби секогаш ќе сфати дел од тоа лично и ќе си најде причина да се мотивира дополнително кога пак ќе се видите на теренот.
Година – 1996-та.
Месец – јуни.
Место – Бостон или околината на Бостон.
Играч – Коби, во опремата на Селтикси, во друштво на покојниот Денис Џонсон.
Последица – Очобол за сите фанови на Лејкерси (а можеби и на Селтикси).
Страшно реткиве фотки, кои ете, се тазе и 15 и пол години откако биле шкрапнати ги ископа од некаде BobbyOnealGibbs
Ол Стар стартери – Исток
Posted by Karakash Under Баркли, Вејдара, Видео, Д-Вајт, Лебронџилница, Розе, Шек Бургер on Friday Feb 3, 2012Шек ко по обичај, без респект за Крис Бош. Не и Баркли, кој мисли дека требал да биде на местото на Мело во први пет. Со остатокот од првите пет на Истокот никој нема никаков проблем.
Ол Стар стартери Запад – (Дурент+Ел-Еј)
Posted by Karakash Under Баркли, Видео, Грифиндор, Дурентула, Кобиџилница, Пол, Шек Бургер on Friday Feb 3, 2012Шек конечно кажува кој заслужува после него да се нарекува Супермен, Баркли го коментира куцањето на Блејк преку Грифин, Шек му дава необично висока оценка на истото куцање и екипата на ТНТ ги соопштува ол-стар стартерите на Западот. Без изненадувања и со очекувани ликови, со оглед на тоа дека се работи за атракција (во тој случај можеше и Деандре наместо Бајнам, но ќе беше премногу)
Џим Кери синоќа против Тандер реши да покаже дел од своите фудбалски таленти, кои веднаш потоа продолжи да ги увежбува во соблекувалната на Далас. Кога веќе неговиот тим не може да тепа, нека се издува човекот малце. На никого не би му било лесно да мора да го игра Махинми во рекет.
“I have no appreciation for it at all. It was a layup, I think. He threw the ball in and got fouled and made his free throw, so it was three points at the end of the day, no matter how it happened, how it went in the basket. I really wasn’t impressed. He finished it. So what? We’ve moved on.
Еден од оние кои не беа импресионирани од куцањето на Грифиндор преку Мргудот беше и Дурент, кој по поразот искрено си кажа што си мисли, без да врти некој спортски коректен муабет. Некои, а такви ги има многу, би го нарекле човекот хејтер само поради тоа што искажува свој став кој не се совпаѓа со нивните погледи.
Сепак, Дурентула тука не прави никаква грешка. Човекот си има право на свое мислење за потегот кој многумина го нарекоа Куцање на годината, иако реално не беше тоа. Освен ако не е подобро од она на Лебронтије преку Лукас и освен ако тоа „на годината“ не значи на 2012. година, која брои само еден месец до сега.
Но, муабетот сега не ми е за тоа дали куцањето на Блејк беше страшно и најдобро годинава (2012-та), туку за начинот на кој Дурентула се однесува цела своја кариера, а тоа е искрено, без глума или некое тешко филмање, во какво што влегуваат голем број НБА ѕвезди. Можеби малце го претера со ранецон на секој прес, па и на некои шутерски тренинзи, ама ќе му прогледаме низ прсти за тоа.
Она што е најбитно, на Кевин не му е битно дали некој ќе го нарече хејтер. Тој ќе си каже што мисли и нема да го тапка по рамо противникот затоа што му ја закуцал во фаца на неговиот центар. Ликови како него, олд-скул, и фалат на денешната НБА.
ПС: А и факат, куцање без да пипнеш обрач не може да биде најатрактивно куцање на годината. Може да биде најатрактивен потег, ама куцање … Ц … (Сега јас ќе испаднам хејтер).




