The Rockets and the Beast

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday Sep 7, 2010

(виа Turpis)

Стрипче кое можеби е од минатата НБА сезона, но во целост се поклопува со актуелниот момент и со ЅВЕРОТИЈАТА наречена Луис Скола!

2 COMMENTS

ЅВЕР!

Posted by Karakash Under СП 2010 on Tuesday Sep 7, 2010

Бразилците вечерва го погледнаа ЅВЕРОТ во очи. Со самото тоа заврши секоја нивна надеж за пласман во четвртфиналето на СП. Штета за нив, но се додека не научат да играат цврста одбрана нема да можат да направат ништо повеќе. А и тогаш е прашање дали тоа ќе им појде од рака, посебно ако пак налетаат на ЅВЕРОТ.

1 COMMENT

Кога некого ќе прашаат за Нов Зеланд (од кошаркарски аспект) сигурен сум дека само две работи ќе бидат заеднички за секој одговор – Перо Камерон и Хака. Синоќа и едното и другото по последен пат ги видовме на СП во Турција, а можеби по последен пат заедно воопшто, со оглед на годините на Перо. Но, во Ноз Зеланд нема за што да жалат, затоа што успех е самиот пласман во осминафиналето, кој реално гледано е и максимумот на овој состав.

Не треба да жалат ни за Перо, ако навистина одлучи да стави крај на кариерата, затоа што токму тој, заедно со Хаката, ги направи препознатливи и миленици на голем број на фанови последниве десетина години. Ако се во некој “Велингтон 2014“ или пак “Оукленд 2014“ филм, можеби ќе му дигнат и споменик. Со исто толкава количина бронза веројатно можат да направат и лав како нашиве лепотани кои што ги плашат децата на “Гоце Делчев“, но Перо е нивниот лав. И повеќе од тоа.

Русите, кои после едно трапаво полувреме ги пратија дома Перо и компанија, задутре ќе се сретнат со Америте, дуел кој на времето беше историски и кој почесто го добиваа Русите (или поточно Советите). Но, тогаш за САД играа аматери од колеџ, а за тогашниот СССР момци од кои добар дел можеа комотно да се борат за место во некоја НБА екипа. Од 1992 па навака работите драстично се сменија, па така, Американец и ја донесе првата европска титула на самостојна Русија, а на нивната клупа веќе неколку години седи Американец. И тоа американски евреин. Што е за пофалба со оглед на тоа дека евреите и не се баш наклонети кон Русија после тоа што им се случуваше таму во Втората Св. војна.

Но, историјата на страна, дуелот помеѓу Русија и САД има потенцијал да биде интересен. Пред се токму поради Дејвид Блат, но и поради предноста во височина на Русите. Доколку тоа не успеат да го искористат, не им се пишува добро, иако не верувам дека можат да бидат згазени како кутрата Ангола, која залута во последните 16.

ADD COMMENTS