3/3 – Шпанците сакаат суфлаки

Posted by Karakash Under 3/3, СП 2010 on Sunday Sep 5, 2010

Речиси на секое СП или ЕП имаме барем една 1/8 финална двојка во која ќе се најдат два тима кои пред стартот на турнирот биле во сечии Топ 5 листи на фаворити. За жал на грчките фанови, тоа им се случи нив во Турција каде уште на старт налетаа на селекцијата која ги прегази во финалето на последното светско. Меч кој го гледав во кафана сред Грција и меч кој знам колку ги исфрустрира Грците кои летаа во облаци дека никој не им може ништо после елиминацијата на Америте. Јас си седев на една маса на страна и се трудев да не го покажувам задоволството од дебаклот во финалето.

Синоќа можеа да победат и едните ни другите, но на крај славеше реално подобриот тим. И без Пау и Калдерон, Шпанците се сила, но за разлика од претходните турнири на кои ги имаа овие двајца (со исклучок на Пекинг), сега се ранливи и можат да изгубат од селекција која е мотивирана и која ќе одигра квалитетни 40 минути. Дали тоа ќе биде Србија, не знам, барем после 1/8 финалето, а и на хартија, Шпанците се фаворити.

1 COMMENT