Последниот ден од натпреварувањето по групи на СП сигурно беше еден и од најинтересните. Не поради тоа што некој тим ненадејно се најде во последните 16, туку поради изненадувачките резултати кои на крај ни дадоа неколку неочекувани двојки за во 1/8 финалето.

Веројатно најголемо изненадување е победата од +12 на Нов Зеланд над Франција. Средба која ја гледав и победа која целосно ја заслужи дружбата на Перо Камерон. Момците имаа обезбедено победа, но до самиот крај ги бркаа тие 12 разлика кои им ги донесе погодена тројка во последните секунди и со кои ја поминаа баш Франција на табелета и избија на 3. место.

Мало изненадување, посебно со оглед на почетниот дефицит беше и победата на Србите над Аргентина. Момците на Дуда Ивковиќ вака комплетни покажуваат дека можат да стигнат далеку, а со овој триумф си обезбедија дуел со Хрватска, дуел во кој се апсолутни фаворити.

За крај, Грците си играа калкулатор и си мислеа дека ако ја добијат Русија потоа во 1/8 финалето ќе мораат да одат на Шпанија. Така, од првата минута како излегоа на теренот против Русите делуваа незаинтересирано, но доволно ангажирано за да не изгледа дека апла не сакаат да победат. Така, на крај си изгубија и живи среќни само чекаа потврда на својот противник во следната рунда кој нема да биде Шпанија.

Арно ама, Шпанија бидна нивниот противник откако Нов Зеланд ја доби Франција. Сеирот секогаш е добредојден, посебно кога е контра Грците кои ми се мрски уште од времето на Галис, Фасулас и Јанакис, а сега ќе мораат да се табаат со Шпанија за место во 1/4 финалето.

КОМПЛЕТНИ 1/8 ФИНАЛНИ ДВОЈКИ:

Грција – Шпанија
Србија – Хрватска

Словенија – Австралија
Турција – Франција

САД – Ангола
Русија -Н. Зеланд

Аргентина – Бразил
Литванија – Кина

1 COMMENT

Шек ис а денсер

Posted by Karakash Under Видео, Шек Бургер on Friday Sep 3, 2010

Второ лето по ред Шек своето слободно време го поминува во дуели со други познати личности во своето шоу Shaq vs.. Ова лето еден од “ривалите“ на Шек е малиот и за многумина иритантниот лик на Џастин Бибер, кој преку ноќ стана тинејџерска суперѕвезда во САД. Нормално, Шек не би се натпреварувал со Бибер во пеење, но затоа The Big Robot ќе му покаже на малиот како се игра.

Шек во минатото има покажано како се игра, посебно на Ол-Старот во Лас Вегас и на тој во Феникс, а сега и на Биберчо му покажа дека и џин од 216 см. и 140 кг. може да биде страшен денсер.

1 COMMENT