Од денес па до крајот на СП ќе гледам да ставам секој ден по три најинтересни слики од она што се случувало претходната вечер. Честа да бидат први ја имаат Ерсан Илјасова, кој одигра одлична партија против Грците промовирајќи се во најдобар играч на Турција и лидер на младиот бран на Тањевиќ. Крилото на Бакси имаше 26 поени (6/6 за три) за 31 минута, а во добро светло се покажаа и новите НБА фаци Ерден и Ашик.

Во средбата која се играше во исто време, Литванците со одлична последна четвртина им го нанесоа вториот пораз на Шпанците кои барем до сега на ова СП делуваат како шпанско село. Посебно беден синоќа беше Рубио, кој никако да фати ритам сега кога на негов грб е целосно организацијата на нападот. После овој нов кикс, Шпанците не можат да бидат пласирани повисоко од 3. место во својата група, а тоа значи тежок противник уште во 1/8 финалето.

1 COMMENT

Дибечки Трилер

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Wednesday Sep 1, 2010

Сигурно знаете дека Дибекот лани го носеше бројот 37 како посвета на Мајкл Џексон и албумот “Трилер“ кој 37 седмици без прекин беше на врвот на најпродаваните албуми. Сега тој филм на Дибекот му помина, како многу други во текот на кариерата, па од следната сезона ќе носи нов број. Поточно, нов-стар број. Станува збор за 15. која ја носеше и како руки во Чикаго.

Така, како крај на една ера еве ги Трилер и Дибекот во еден ист клип.

1 COMMENT