Мистеријата за ролерот Рондо

Posted by Karakash Under Рондомониум on Wednesday Aug 25, 2010

Мистеријата зошто Рондо решил да се повлече од настапот на СП во Турција е конелно разрешена. На момакот му треба повеќе време да ја тера својата кариера како возач на ролери.

Шега на страна, откажувањето на Рондо од репрезентацијата дојде како изненадување. Речиси никој не очекуваше плејот на Селтикси да биде жртвата на последното кратење на составот, пред се поради тоа што според сите најави тројцата момци беа во изборот за една клоца, а меѓу нив не беше Рондо. Тоа беа Кари, Гордон и Вестбрук.

Но, пријателската со Шпанија во Мадрид беше пресвртницата во целата работа. Рондо не доби ниту една минута на таа текма и веднаш после поразот изјави дека по се изгледа тој е најзагрозен затоа што не добил ни една минута од Кшижевски.

Два дена потоа Рондо се спакува за дома. Официјално, причина беа некои негови семејни проблеми / обврски. Можеби има вистина и во тоа, затоа што имаше смртен случај не така одамна во неговата фамилија. Но, преовладува мислењето дека Рондо едноставно станал вишок во системот на Кшижевски, колку чудно тоа да звучи. Со големиот број плејмејкери јасно беше дека еден од нив ќе лета, а ако се земе во предвид дека покрај висината, и шутот однадвор е една од послабите страни на овој состав, не е толку неразбирлива оваа одлука на Америте.

Знаеме со каков шут располага Рондо, а со каков Кари и Гордон. Можеби Вестбрук можеше да лета наместо Рондо, посебно со оглед на своите квалитети и резиме, но кога е во прашање овој состав на САД, НБА статусот или пак вистинските квалитети за одредена задача не се толку битен фактор. Најбитно за Кшижевски, кога веќе не може да смета на најголемите ѕвезди, е да создаде екипа по свој вкус, онаква од која би можел да го извади максимумот.

А ова можеби е и порака за сите ѕвезди од тимот од ОИ во Пекинг дека ничие место не е загарантирано, па ни тоа на млад плеј кој веќе има НБА титула и добар број незаборавни плејоф партии зад себе. Ако е така, тогаш штета е што токму за таков пример мораше да биде земен Рондо.

1 COMMENT

Дурентула – Македонецот

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Wednesday Aug 25, 2010

То Кевине, зезај го војничето (или пто и да е)!

Дурент само што доби неколку илјади нови фанови во Македонија.

ADD COMMENTS

Public Enemy No.1

Posted by Karakash Under Видео, Легенди on Tuesday Aug 24, 2010

Продолжуваме со обележување на родендените на НБА легендите. Следен на ред е Реџи Милер. Човекот кој засекогаш ќе остане во сеќавањето на фановите на Никси (и нормално, Пејсерси) и човекот кој веројатно имаше повеќе луѓе кои го мразеа отколку што имаше фанови. Реџи беше еден од оние ликови кои противнчките фанови сакаа да ги мразат, но во исто време еден од оние од кои најмногу и се плашеа.

Чиста конциденција е тоа што пред неколку дена читав интервју токму со Реџи во кое тој најмногу зборуваше токму за ривалството со Никси, а и не така одамна го гледав и Winning Time: Reggie Miller vs. The New York Knicks.

ADD COMMENTS

Зошто? (Дилемите на Роналдо)

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Tuesday Aug 24, 2010

Кристијано Роналдо и девојка му во неделата беа најсликани на трибините во Мадрид додека Шпанија и САД се загреваа за СП. Толку внимание не доби ни најголемата шпанска ѕвезда, Пау Гасол, кој не е дел од тимот ова лето.

Но, судејќи според гримасите кои ги правеше цело време и збунетата фаца, примабалерината на Реал најверојатно не уживаше во тоа што го гледаше.

Сигурно не му беше јасно зошто никој од шпанските играчи нема кило гел на косата, зошто кога некој ќе падне веднаш станува, зошто играчите не паѓаат после секој контакт, зошто Марк Гасол не се избричил, зошто Рики Рубио не ги зачупа тоа веѓите малце. Зошто никој од играчите  не се витка на земја пола саат и плаче кај судијата после секој фаул.  …Зошто?…

1 COMMENT

Ej!

Posted by Karakash Under Еуробаскет 2011, Македонски баскет on Tuesday Aug 24, 2010

Марин “ЗНАЧИ ЕЈ! СЛУШАЈ ВАМУ! ЕЈ!“ Докузовски.

1 COMMENT

Што ти прави нова фризура.

Виа drown.

1 COMMENT

До некаде знаев дека онаа убедлива победа над Унгарците може да ни даде погрешна слика за односот на сили на двете селекции. Кога го видов и Гечевски како излегува со крвав нос и неможноста ништо корисно да видиме од претходните неколку минути со Пеџа на центар, знаев дека не мириса на добро.

Слабиот скок е нешто што може да не извади кога нема да ни тргне нашиот единствен адут – шутот за три. Но, откако после одличната прва четвртина машината тотално застана, го немавме ни скокот, а ни одбраната да не спасат од Унгарците кои добиваа на самодоверба како што одминуваше мечот.

Колку и да ги критикуваат на моменти (да, има такви моменти кои го критикуваат Бо), МекКејлеб и Антиќ (+ Гец кога не му е пукнат носот), се наши единствени константи. Загрижувачко е што покрај неконстаноста на добар дел од тимот, некои момци се уште никако да се издвојат и да направат нешто посебно корисно. Можеби за тоа е виновна и нашата стратегија, но можеби е виновен и недостигот од глад за докажување и афирмација. Или пак едноставно, недостигот од талент.

Овој пораз, за среќа, не не одалечува од Еуробаскет 2011 кој се уште ни е на дофат со добри партии во следните две средби. Она што ме плаши е очигледниот пад во формата и крајната предвидливост на нашата игра која станува очајна кога нема да ни фатат тројките. Да не зборувам за малиот број на квалитетни играчки решенија, нешто што може скапо да не чини на секој дуел на Еуробаскет.

Но, ај прво ние да се квалификуваме. И тоа само по себе е голем успех за нас.

2 COMMENTS

Не знам која е совршената компизиција за една фотографија да стане класика, но оваа од синоќешната туча во Атина мора да е блиску до исполнување на тие критериуми. Барем моите.

Го имаме бесниот Ненад во акт на фрлање на столчето, девојчиња кои врескаат во позадина, нов автомобил сред сала исто така во позадина, збунет тип со камера, Бурусис како го лапа најдебелиот крај од целиот хаос, чашка Кока-Кола и уште едно, резервно пластично столче, ако случајно не му успееше со првово.

1 COMMENT