Ментос

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео, Лебронџилница on Friday Jul 30, 2010

Не знам колку треба да си луд, пореметен или пак гладен за внимание за да се појавиш на јавен спортски настан во Кливлленд со Мајами дрес со број 6 на Леброн. Посебно после сето она што летово се случуваше помеѓу Лебронтије и градот и жителите на Кливленд, не само фановите на Кавси.

Инаку, ова се случува на домашен меч од МЛБ лигата на Кливленд Индијанс.

А типот е ментос. Ама не бомбоните.

3 COMMENTS

Америте, со закрпен состав се воигруваат за СП во Турција. Иако ова “закрпен“ е преблаго за состојбата во која се наоѓа оваа селекција на САД која ја одбија сите поголеми НБА ѕвезди па така најдобар нивни играч е и најмладата НБА ѕвезда Кевин Дурент.

Но, иако ги имаат најгоемите, не се само Америте со проблеми, така Пау Гасол го нема кај Шпанците, Диркулес кај Зи Џерманс, ги Ману и Тончи Паркер, Мемо Окур, а можеби и Хидо и така-натака…Отсуства кои во целост го одземаат шармот на ова СП и од кои веројатно најразочарани се самите Турци кои своите кампањи ги базираа на Коби, Пау, Паркер, Ману и Дирк, но и се надеваа на Леброн, Вејд, Амари, Двајт, Пол, Дерон итн…

Сепак, секое лошо со себе носи нешто добро, па така некои селекции кои не се надеваа на висок пласман сега имаат легитимна основа за тоа, но што е уште поубаво, во отсуство на сите овие ѕвезди шанса да засјаат ќе добијат некои интересни млади имиња. Едно од нив кај Америте е Руди Геј (во чии летачки способности никој не се сомнева), ако успее да влезе во одбраните 12, како и Андре Игудала, Дерик Роуз, Стивен Кари, Расел Вестбрук…

2 COMMENTS