Синоќа на сајтот на ЕСПН се појави текст посветен на журкањето на Лебронтије во Лас Вегас, кој во јасно светло го прикажуваше Џејмс и неговата “зрелост“. Недолго по објавувањето, текстот е повлечен од за сега непознати причини и дега не може да се најде на сајтот.

Сепак, тоа не ги спречи разните шпекулации зошто одеднаш го снемало текстот, а најголемиот број од нив се однесува на повреденото ЕГО на Леброн и сликата која се добива за него, слика која неговиот менаџерски тим и самиот тој не сакаат да и биде позната на пошироката јавност.

Ако е така, тогаш тоа е голема глупост и крајно моронски потег на Леброн. Втор сличен по ланското снемување од нашата планета на куцањето преку него од анонимен колеџ играч.

Но, Леброн и другарите заборавиле дека колку и да се моќни, не се помоќни од интернетот.

МакНБА успеа да го најде комплетен текстот на Араш Маркази, само кликнете на него да го видите во целост.

3 COMMENTS