“Not really. He’s a free agent, he can do what he wants to do. He’s got to make his own decisions” - Лери Бирд за одлуката на Леброн.

До сега го слушнавме мислењето на Мајкл и на Меџик за одлуката на Лебронтије да го откачи Кливленд и да тргне на пат за Мајами во потрага по прстенот во друштво со уште две ѕвезди покрај себе. Додека Меџик и Мајкл дадоа изјави од типот дека никогаш во своите кариери, посебно кога тие биле во својот зенит, не би се удружиле еден со друг за да стигнат до врвот (истото го кажа и Баркли), Лери не го дели тоа мислење.

Со тоа Бирд уште еднаш, како и со својот стил на игра и сама кариера, се одвојува од своите најголеми ривали. А можеби човекот едноставно си има попаметна работа од тоа да се занимава со Леброн. Како на пример, составување на компетентен тим во Индијанаполис, нешто што веќе подолго време и фали на НБА.

ПС: и покрај изјавава, сигурен сум дека и Лери, како и Мајкл и Меџик, многу повеќе уживал во филингот на победување на своите најголеми ривали, отколку кога играл заедно со нив по Ол-Стари и на ОИ во Барселона.

7 COMMENTS