Ако ви текнува, пред некои три недели и кусур, ја спомнав желбата на Крис Пол следната сезона на себе да има ганц нов дрес на кој нема да пишува Хорнетс.

Е сега, во истиот пост беше спомната алтернативата да игра покрај Леброн, и иако тоа не се исполни сепак останува фактот дека Пол сака покрај себе да има барем еден суперстар. Не би му паднало лошо да има и две големи ѕвезди покрај себе, разбира се.

Последното инфо е дека Пол од управата на Њу Орлеанс побарал да го трампаат, ама со оглед на тоа дека за јавно искажување на таква желба следува казна од страна на комишот, тој тоа го направил во тајност.

Нормално, јавно барање за трејд со себе носи и осуда од еден дел од фановите и медиумите, а тоа на лик како Пол без дамка на своето досие, не му е потребна.

Е сеа, во целата приказна барањето трејд не е најинтересниот дел. Интригантна е наводната Топ 3 листа на тимови во кои Пол би сакал да заврши пред стартот на новата сезона.

Станува збор за Орландо, Њујорк (да, Њујорк) и…Лејкерси!

За сево ова е виновен неговиот најдобар пријател во НБА, Лебронтије, кој повлече нога со својот потег.

He wants out,” said the person, who has been briefed on Paul’s strategy but spoke on condition of anonymity because he was not authorized to discuss it publicly. “He wants to play with another superstar. He wants to follow LeBron’s model of teaming up with other great players.”

Па, каде би можел да заврши Пол?

ЊУЈОРК:

Дел од трампањето на Дејвид Ли за неколку играчи, донесувањето на Фелтон и оставањето простор во селари-капот по пропаѓањето на Планот А и Планот Б ова лето, делумно е и поради идејата и желбата да ангажираат ол-стар плеј. Една алтернатива е Тони Паркер кој следното е слободен, а другата е токму Пол.

Проблемот во целата ситуација е фактот дека евентуален дил за Пол не би можел да биде спроведен во дело до 15 декември, што значи дека Крис би морал сезоната да ја започне во Хорнетси, што и не му е некоја желба. Пол на свадбата на Кармело изјави дека би сакал да формира свое големо трио со Мело и Амари, но тоа е многу полесно да се каже, отколку да се спроведе во дело.

Сепак, надежта е нешто што секогаш живее во Њујорк.

ОРЛАНДО:

Двајт сака да игра со суперстар, Пол го сака истото. Тоа е добра основа за трејд во Дизниленд. Плус, Орландо може на Њу Орлеанс да му понуди плеј на местот на Пол во Џамир Нелсон и богат договор кој нема многу до својот крај во Винс Картер. Ова може да биде добар дил за двете страни, само останува мала дилема за тоа како Пол ќе се вклопи во системот на Стен Ван Ганди со многу пасови, малку тупење со топката во раце и многу шутеви за тројка. За играта два на два со Двајт немам дилеми дека ќе успее.

ЛЕЈКЕРСИ:

Лејкерси со Пол, Коби и Гасол би биле вистински противодговор за Вејд, Леброн и Бош. Можеби Триаголникот на Зенот никогаш не трпел суперстар плеј, но можам само да замислам како би делувал тандемот Пау-Пол, со Коби како killer ако нешто не тргне според планираното. Со ваков дил сигурен сум дека уште повеќе би се зголемил бројот на хејтери на Лејкерси кои ќе имаат добра база за шампионски тим во следните 3-4 сезони. Најмалку.

Мал проблем е тоа што за да стигнат до Пол би морале да се откажат од Бајнам, но ако во евентуален дил го добијат Емека како замена во рекетот, мислам дека нема да му падне лошо на никого во Ел-Еј.

Јас би додал уште некој тим на оваа листа, како на пример Портланд и Атланта.

ПОРТЛАНД:

Пол, Рој, Ламаркус Олдриџ плус Оден (што е голем прашалник). Звучи убаво. Сепак, е тешко за остварување. Не дека немаат Блејзерси средства (играчи) за ваков потег, туку од аспект на тоа дека за да се одлучат за плаќање на договорот на Пол, плус тој на своите ѕвезди ќе треба да имаат многу други средства (пари) и да го надминат прагот за данок на луксуз. Газдата Пол Ален е способен за такво нешто, а ако навистина им успее тогаш ќе добиеме легитимен предизвикувач за тронот на Лејкерси на Западот.

АТЛАНТА:

Мојата неостварена желба, Кога веќе не беа толку способни да го драфтуваат Пол (или Дерон) со 2. пик на драфтот 2005 година, Хоукси веројатно не ни го заслужуваат Крис сега. Сепак, Атланта е добар, во основа млад тим на кој му фали само малку за да биде вистински кандидат за титула. Тоа малку е вистински плеј и центар, а и двете можат да се добијат во дил со Хорнетси. Посебно делот со плејот.

За таков дил тие би требале да се откажат од Мајк Биби, Џош Смит и Марвин Вилијамс (или Крафорд), но и во тој случај прашање е дали Хорнетси се подготвени да загризат. Во целата ситуација за Хоукси е битно да не го загубат Ал Хорфорд. Петорка со Пол, Џонсон, Вилијамс (ако не го сакаат во Њу Орлеанс), Хорфорд и Емека делува страшно опасно. Како и со фановите на Никси, надежта е нешто што никогаш не умира и кај многу помалубројните фанови на Хоукси.

Што и да се случи, мислам дека нема да биде некој огромен шок. Посебно не откако за неверојатни работи на пазарот ова лето не навикнаа Леброн и Мајами

11 COMMENTS