Кан не би требал да се закача со Вебер
Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Friday Jul 16, 2010Веќе имавте можност последниве две недели да читате за тоа што МакНБА мисли за “стручноста“ на ген. менаџер на Минесота, Дејвид Кан. Најпрво типот се прослави со задржувањето на Дарк-О, за потоа да стави капак на се со трејдот на најдобриот играч Ал Џеферсон во Јута во размена за колекцијата стари џез плочи на Џери Слоун.
Меѓу тие два генијални потези, Кан успеа да направи и нешто паметно, а тоа е трејдот со минимален ризик за Мајкл Бизли, во кој пак им помогна на Мајами да исчистат доволно простор во селари-капот за доведување на Леброн. Последно од Кан е потпишувањето на Лук Риднаур за 16 милиони за 4 години кога веќе има стартен плеј во ланскиот руки Џони Флин.
Но, она што го испровоцира овој пост е интервјуто на Кан за НБА ТВ во кое човекот оди до тој степен со својата “стручност“ да ги споредува Миличиќ и Дивац, па на крај и кариерата на Крис Вебер со таа на Дарк-О?!?!? Вебер во таа ситуација реагира сосема кул, но му става до знаење на Кан дека ја претерал.

