Гигантскиот Witness постер кој беше своевидно обележје на Кливленд изминативе пет години веќе го нема. Наместо тоа, сега кога Леброн ќе сака да се врати во својот роден Акрон или пак да помине во Кливленд ќе мора да бара witness protection.
А за да не биде празно местото на кое висеше џиновскиот Леброн, Кливленд и Најк одлучија да го стават следниот голем играч на Кавси – Делонте Вест, кој е познат по своите остварувања вон теренот подеднакво колку што е познат по остварувањата на теренот. Посебно кога станува збор за Кливленд и за спалната на мајка му на Лебронтије.
ПС: Со оглед на мизеријата која преку ноќ го задеси градот и тимот, нека ги, ако тоа им е како терапија, нека ги, нека прават вакви работи и нека прават маички наметенти за исмејување и навреди на Леброн. Како и да ја свртиш работава, не им е лесно и може да се разбере нивниот очај и гнев. Ќе им помине.


