
Заминувањето на Амари по 100-те милиони во Њујорк секако дека е удар за надежите на Феникс дека можат да го повторат успехот од последнава сезона, но сепак, и покрај се, животот мора да продолжи во Аризона.
Така, управата на Санси, со просторот во селари-капот кој се ослободи по заминувањето на Амари плус трампање на некој од играчите почна да го планира составот за следната сезона. Прво име на листата е Хидо Туркоглу, кој си ги запали мостовите во Торонто кога по крајот на сезоната кога даде неколку изјави во Турција дека не би сакал да се врати во Репторси. Покрај него, Санси фрлија око и на Џош Чилдрес, во кого гледаат замена во првите пет за Грент Хил, кој би добил помала минутажа како ветеран од клупа.
Жртви за доаѓањето на Хидо би требале да бидат Леандро Барбоса и Двејн Џонс кои биле испратени во Канада по што Репторси и Брајан Коланџело ќе почнат да го користат својот простор во селари-капот ослободен од заминувањето на Крис Бош во Мајами. Така, Коланџело планира да го испрати Џонс плус трејд отстапката која ја доби за Боѓ во Шарлот во размена за Борис Диао, иначе екс-играч на Санси во кој се гледа како на замена за Хидо од аспект на позицијата на point-forward.
Комбинаториката не застанува тука. Покрај Чилдрес, кој го напушта Олимпијакос и се враќа во НБА, по истиот пат оди и Линас Клеиза кој пак од Атина се сели во Торонто. Атланта, која се уште ги има правата врз Чилдрес, би требало да добие иден пик од втората рунда од Феникс плус дел од трејд-отстапката добиена од заминувањето на Амари во Никси.
Така, по заминувањето на Стадемаер, Санси би имале три нови играчи (Хаким Ворик) плус Фрај кој потпиша нов договор. Барбоса и онака беше вишок кога веќе доаѓа Чилдрес, а и платата му беше превисока, а Хидо би можел да се вклопи многу подобро во системот на Џентри и покрај Нештињо отколку што тоа беше случај во Торонто.
Репторси пак, губат Турчин, но се засилуваат со Литванец, Бразилец и Бразилец кои ќе се здружат со Шпанец и двајца Италијанци (Рашо е слободен) продолжувајќи ја идејата на Коланџело да го создадат најинтернационалниот тим во НБА.
Животот продолжува и во Феникс и во Торонто.