BUST!

Се почна до доаѓањето на Дони Волш и Мајк Д’Антони. Хаосот и тоталната некомпетентност на Ајзеа Томас, зачинети со целосната доверба во него од страна на газдата Џејмс Долан, Њујорк Никс ги претвори во Њујорк ТитаНикс. По клоцата за Томас, кој си имаше и лични проблеми вон теренот, Долан сфати дека е време за тотални промени и за тоа го ангажираше човекот кој зад себе има успешно досие кога станува збор за градење тимови од нула.

Само што, во случајот на ТитаНикси, не стануваше збор за обична нула туку за дебело негативна нула. За тим оптеретен со преценети играчи, со договори кои никој со здрав разум не би ги понудил, со ликови кои мислеа дека ако играат во Њујорк се качиле на Монт Еверест и играчи кои земаа милиони долари, а не ни играа. Некои од нив, како на пример Мутомбо, уште земаше пари од Никси, а не играше за Њујорк. Или па Алан Хјустон кој и за првата година помината во “пензија“ си зема преку 19 милиони долари.

Но, Волш им даде надеж. Поточно, Вејд, Леброн и Бош им дадоа надеж откако во летото 2006 година наместо долгогодишни, потпишаа кратки, четиригодишни договори со кои се ставија во позиција да бидат слободни ова лето. Тогаш се договараа на ваков потег, исто како што се договараа и сега каде да играат. Единствено ги извиси Кармело, кој се одлучи на пет години верност со Нагетси.

Свесни дека во Летото 2о1о ќе можат да се закитат со некој како Леброн или Вејд, како и уште некој слободен ол-стар играч, Волш и Д’Антони тргнаа со метење на ѓубрето кое се наталожи во времето на Ајзеа. Во различни трејдови и откупи на договори си отидоа доста фаци Единствена цел на сите тие потези беше да се создаде што е можно поголем слободен простор во селари-капот. Не се бараа добри играчи за возврат, ниту пак некои на кои договорот им трае преку 2010 година.

Исклучок е само оној од кој никако не успеаја да се откачат, најмрскиот и најмрсниот од сите нив, Еди Кари, на кого договорот му истекува следното лето и кој изминатава сезона за само седум одиграни средби (ако може да се каже – одиграни) во џеб стави цели 10.5 милиони долари. Да не зборувам за тоа колку ги чинеше Никси во идни драфт пикови кои се претворија во Ламаркус Олдриџ (Портланд) и Јоаким Ноа (Чикаго).

Еден куп играчи се прошетаа низ Њујорк измнинативе три години, правејќи го Медисон Сквер Гарден најнепрестижно место играње кошарка. Противниците често доаѓаа и си играа мајтап со Никси (така беше и во времето на Ајзеа, и тоа уште повеќе), а публиката во MSG во немање свој суперстар, скандираше МВП на ликови како Леброн, Коби и Вејд.

Но, надежта тлееше и секој муабет поврзан со тимот беше свртен кон летото 2010 година кога Леброн ќе дојде во Њујорк. Ако пак Џејмс се одлучи да не дојде, тука е Вејд, кој сигурно ќе дојде. Само на моменти се спомнуваа и Џонсон, Амари и Бош, но само како соиграчи на една од двете ѕвезди.

Токму таа самоувереност која владее кај Њујорчаните воопшто е нешто што го нервира остатокот од САД. Њујорчаните важат за посебна и горда врста, иако често тоа е без покритие. Тоа посебно се однесува на фановите на Никси, кои својот град го сметаат за извор, за “кошаркарска Мека“. Нешто што делумно ги нервира другите фанови, но кај поголем дел од нив е само причина за потсмев. Посебно за фановите на Лејкерси, Бостон и Чикаго.

А таа самоувереност уште еднаш ја доби својата корпа кога ни Вејд, а ни Леброн не го облекоа дресот на Никси ова лето, Наместо тоа, од некои други причини одлучија да играат заедно на Флорида. И тоа во пакет со Бош. Никси не го потпишаа ни Џонсон, а Бузер не ни беше алтернатива, иако имаше шпекулации откако го потпишаа Амари за 100 милиони за пет години.

Токму тие 100 милиони се главната причина поради која Амари се пресели во Њујорк. Кога ниту еден друг тим нема да ти понуди ни приближно, тогаш на виделина излегува дали си загреан само за пари или сакаш да бидеш и победник. Не дека има нешто лошо во заработувањето некој милион плус, но ако сакаше да биде дел од победник, Амари имаше опција во Булси, каде за малку помал договор ќе беше во конкурентен тим, можеше и да остане во Феникс, па дури и Кавси беа опција.

Вака, останува сам со своите милиони, кои се премногу за некој како него, во Њујорк. И единствениот играч кој нешто вредеше во Њујорк последниве две сезони, Дејвид Ли, стана жртва на чистката, нешто за што Никси ја заслужуваат секоја критика. Наместо да си гледаат во својот двор, тие величаа и трчаа по туѓи ѕвезди, неценејќи го сиот труд кој Ли го вложи во тимот. Сега тој ќе биде дел од Вориорси, а можеше да остане во Њујорк и да биде дел од трио со Амари и Галинари. Но, Никси не го заслужуваат Ли, а ни ништо подобро од ситуацијата во која се наоѓаат сега.

Всушност, заедно со фановите на Кавси и градот Кливленд, мислам дека подеднаков удар доживеаја и Никси на кои спремањето кое траеше 3-4 години заврши катастрофално. Иако нивната неоснована самоувереност до последен момент ги тераше да бидат убедени дека Леброн ќе биде нивниот нов лидер.

А сите оние муабети дека Амари ќе ги намамел Паркер и Мело во Њујорк…Ти се молам. Кога тоа Стадемаер имал таква моќ да привлече квалитетни соиграчи. Во Феникс играчите доаѓаа прво зошто сакаа да играат со Стив Неш, а потоа со сите останати. Дури ни привлечноста на големата сцена наречена Њујорк веќе не е доволна. Тоа го докажаа Вејд, Леброн, Бош и Џонсон.

Паркер следното лето е слободен, па кој знае, можеби ќе сака да се тргне од Тексас, ако до тогаш не најде заеднички јазик со Спарси или во трејд заврши во друг клуб. Мело пак, следниве недела-две би требал да стави потпис на нов договор со Нагетси. Тоа ќе значи дека Никси до него можат да дојдат само во трејд во кој нема да имат што да понудат.

И на крај останува тоа -  освен милионите на Долан, Амари и лажгата дека е престиж да се игра за Никси, на Њујорк не му останува ништо друго. А од вчера ја немаат ни надежта која ги грееше последниве три години.

ПС: Боро, Жаре и остали фанови на Никси, текстов не е насочен против вас, туку кон организацијата, градот и фановите во него кои се пресамоуверени без никакво покритие. Вас, како и вистинските фанови на секој друг НБА клуб (не оние кои ради некој играч или популарност навиваат за некој клуб) ептен ве поштуем. Посебно поради тоа што како фанови на Никси моравте и морате многу да истрпите и да страдате. Верувајте, зошто како еден од ретките фанови  на Хоукси тоа ми е многу добро познато.

ПС2: Задња вест е дека овој викенд нов играч на Никси би требал да стане Рејмонд Фелтон, досегашниот плеј на Шарлот. Не е лош потег на Волш, посебно со оглед на тоа дека нема некој избор на плеј на пазарот, но, ако не успеа да створи успешен тим во Шарлот, покрај Стивен Џексон, Џералд Волас и Борис Диао, не знам зошто би било поинаку во Њујорк. Сепак, да му судиме пред воопшто да го облече иовиот дрес. Она што е сигурно е дека Фелтон нема да биде за Амари она што за него беше Неш во Аризона.

1 COMMENT

И јас би рикал од среќа да сум на местото на Бош

Гледајќи ја сликава се уште ми делува како фотошоп. Но, тоа е реалноста за Мајами и за НБА од вчера. Новото Големо трио ја имаше својата презентација и вети големи нешта на Флорида. Она што е важно во целава ситуација е тоа што сите тројца ги ставија потписите на новите договори, а по се изгледа Пет Рајлу успеал да договори потпис-трејд на Леброн и Бош со нивните сега веќе екс-тимови.

Тоа, ако се спроведе во дело, на стариот лисец му дава доволно простор за маневар во кој би задржал веројатно двајца или најмалку еден од триото Квентин Ричардсон, Дорел Рајт и Јудонис Хаслем. Плус, доволно пари за ангажман на Мајк Милер. Овој податок значи многу за сите во Мајами, пред се поради тоа што постои можност да не бидат само Big Three + Чалмерс.

3:16 – The Numbers of Hope!

1 COMMENT

Леброн во Мајами значеше уште една жртва на Пет Рајли. Мајк Бизли, 2. пик од пред две години е нов играч на Минесота во трејд во кој Вулфси не се откажаа од ништо повеќе од иден оик од втората рунда. Така, момакот кој никако не се снајде во Мајами и кој пред две години му беше единствен конкурент на Дерек Роуз за прв пик, има нова екипа и нова шанса да го покаже својот талент со кој и тоа како располага.

Всушност, проблемите на Бизли во првите две сезони беа од некои други причини, пред се психички. Рехабилитацијата низ која помина лани малку му помогна, но на него е сега, со Вулфси да си го најде своето место во НБА. Минесота е совршениот тим за него со оглед на младиот плеј (Флин) и младиот тандем во рекетот (Лав-Џеферсон) кој најверојатно ќе биде растурен летово, откако се потрошија на Дарк-О и го донесоа и Пековиќ.

Бизли би требал да игра на тројка и да има доволно минути и простор да го развие својот потенцијал. Доколку не успее, овој пат се ќе биде негова вина и еден ден за него ќе зборуваме за голем талент кој никогаш не станал голем играч.

А што се однесува до Минесота, ова е еден од ретките нивни паметни потези во последно време. Потег во кој не се откажаа од ништо, потег кој со себе носи минимален ризик, а може да им донесе голема награда.

ADD COMMENTS