He’s gone

Posted by Karakash Under Бит Пазар Лето 2010, Лебронџилница on Friday Jul 9, 2010

Насловна на денешното издание на The Cleveland Plain Dealer. Само жителите на Кливленд и фановите на Кавси знаат како се чувствуваат сега. Дури не можам ни да најдам некоја споредба која би одговарала на оваа ситуација.

Како и да е, насловна за историја. Посебно делот со ситни букви.

ADD COMMENTS

На крај, никој не може да ги обвинува. Сета надеж за НБА титула лежеше во рацете на Леброн, кој рака на срце, од мизерен тим ги создаде редовен кандидат за титула. Сега Кавси ќе мораат да се вратат во за нив добро познатата позиција на аутсајдери. Можеби немаат очаен тим како тој пред Леброн, но очајот е присутен на секој чекот во Кливленд и во Охајо.

Можеби газдата на Кавси, Ден Гилберт претера малку со своето писмо до Леброн и до фановите на својот клуб, но човекот веројатно и најмногу од сите го чусвтвува тој очај. Не е лесно од коњ да паднеш на магаре.

ПС: Инаку, не почитувам луѓе кои за себе зборуваат во трето лице. Има нешто многу мрско (и печено за психијатриска анализа) во таквото однесување.

5 COMMENTS

Ај да си играме генерален менаџер (Коланџело?)  и да направиме екипа составена од Леброн и Вејд + Данкан, Амари, Бузер, Мерион, Кармело, Р.Џеферсон, Ајверсон (6 години помлада верзија), Марбери (6 год. помлада верзија), Одом и Окафор. 12 имиња кои звучат страшно одвоено и секако подобро од само триото од ол-стар играчи какво што сега има Мајами. Уште па на клупа нека им седне стар лисец од типот на Лери Браун, кој може да му биде дедо на Ерик Споелстра.

Импресивен состав. Дефинитивно. Па макар и со Ајверсон и Марбери во него како разбивачи на секаква тимска хемија. Сигурно подобар и позвучен состав од тој кој ќе го состави Мајами ова лето.

Проблемот е токму во тоа.

И имавме ваква екипа еднаш во минатото и тоа во летото 2004. година. И таа таква, извикана ол-стар екипа, загуби во финалето на ОИ во Атина од борбените, уиграните и опасни Аргентинци предводени од Ману Џинобили, Носиони, Оберто, Делфино, Херман, Санчез, Скола итн…

Плус, тој тим на САД загуби и со 20 разлика од Порторико!?!?!, а беше поразен од од Литванија.

Група ѕвезди на едно место никогаш не е гарант за титула. Тоа веројатно го знаат токму фановите на актуелниот шампион кој во својата историја имал вакви, неуспешни експерименти. Прво тоа беа Елџин Бејлор, Вилт Чембрлен и Џери Вест пред 40 години, а добро знаеме и како заврши онаа бомба од квартет пред шест години составена од Шек, Мелоун, Коби и Пејтон. Бомба која буквално имплодираше, дури и со Зенот на клупа.

Нормално, тоа не значи дека истото сценарио им следува и на Вејд, Леброн и Бош на Флорида. Ниту пак дека им го посакувам тоа. Сепак, колку и да звучи бомбастично фактот дека двајца од веројатно Топ 5 играчи на денешницата, Вејд и Леброн, ќе играат заедно, придружени од ол-стар во ликот на Бош, мора да се остане на земја. За да се состави кошаркарски тим потребни се најмалку 12 играчи, а Мајами сега има третина од тоа.

Се зборува дека Мајк Милер е на пат за Флорида, што е ОК, ако сака да биде 6-ти човек. Сепак, остануваат уште доста позиции за пополнување со ограничен буџет. Односно, со буџет кој им дозволува само минимални договори, а такви, колку и да има играчи на пазарот, тешко може да се најдат, а да бидат и доволно квалитетни.

И на страна муабетот дека сите ќе сакаат да играат за тим кој им пружа можност да освојат титула. Зборуваме за милиони долари, обезбедување финансиска сигурност за себе и семејството – вредности кои за 99% од играчите се побитни од освојувањето на титула.

Покрај триото, Мајами уште го има и плејот Марио Чалмерс, кој не е некој апгрејд од плејмејкерите со кои играа Леброн и Бош претходно. Џејмс изјавуваше како сака покрај себе плеј кој ќе ја превземе од него организацијата на игра и ќе го растерети, а Чалмерс е далеку од тоа. Ниту пак има некој таков на пазарот. Ниту пак Чалмерс е некој посебно добар шутер.

На центар би можеле да го вратат Џоел Ентони, кој би бил нивниот Кендрик Перкинс. Но, што потоа? Бош јавно изјавуваше цела сезона дека не сака да игра центар во Торонто и не верувам дека ќе сака истото да го прави во Мајами. А и да се жртвува за тимот, тешко нему кога ќе мора четирипати во сезоната да се сретрне со Двајт Хауард.

Пет Рајли ќе има полни раце работа ова лето да го закрпи тој тим на Мајами, кој да се играше три на три ќе беше веројатно најдобар во Лигата. Веројатно.

Едно е сигурно, а тоа е дека притисокот ќе биде огромен врз Мајами и врз нивното големо трио да ја освојат титулата веќе во првата сезона заедно. Посебно голем ќе биде врз Леброн, кого токму таа мисла го водеше кон Флорида.

Исто така, сигурна е уште една работа. На Селтикси и Лејкерси можеби им недостигаше онаа мала искра која пак ќе им ја разгори желбата и мотивацијата за новата сезона. Сега ја добија, благодарение на принц Лебронтије.

ПС: “ I think it’s as meaningful – the pursuit of a championship – as it is winning it. I think beating Dwyane Wade, or Dwyane Wade beating LeBron James, or the pursuit of that, would have been more meaningful than if they do win it“ – изјава на Џеф Ван Ганди.

ПС2: Оваа дефинитивно не е последен пост на оваа тема.

2 COMMENTS

Леброн ќе оди во Мајами, со Вејд и Бош. Ќе биде забавно.

5 COMMENTS