Задње инфо, пред ЕГО Шоуто на Леброн вечер на ЕСПН, е дека Дејвид Ли од утре би требал да биде нов играч на Голден Стејт. Момакот, кој беше најдобар играч на Никси веројатно последниве две сезони, се сели на спротивниот брег на САД во трејд кој мене лично и не ми е толку јасен. Пред се затоа што во размената Никси би требале да ги добијат Ентони Рендолф, Рони Туриаф и Келена Азубуике.

Точно е дека сите тројца би требале да се вклопат во шемата на Д’Антони, посебно Рендолф и Келена, како и фактот дека првиот е голем потенцијал со само 20. години, но сепак, се наметнува податокот дека Никси можеа да извлечат нешто повеќе од сево ова. Посебно со оглед на тоа дека се откажаа од Ли. Монтеј Елис прв ми паѓа на памет, затоа што Кари е недостапен. Така Никси ќе добиеа бек стрелец каков што им недостигаше, а екстра ќе им беше и Мороу да беше дел од таков дил.

Вака, не знам, ова не ми личи на потег каков би направил Дони Волш, повеќе на потег на Ајзеа Томас. Но, ај да видиме до утре наутро дали има логична позадина зад ваков трејд или ова че биде уште една утка на Њујорк.

А баш супер брз и поентерски фронткорт ќе имаа со Галинари, Амари и Ли.

ПС: Нормално, се додека навистина не се деси овој трејд, Ли останува во игра и за потпис со Нетси, каде искрено би сакал повеќе да го видам во тандем со Лопез во рекетот.

5 COMMENTS

Знам, Леброн, и ние сме зачудени

Вечерва, во живо на ЕСПН ќе оди преносот од падот на најголемото домино ова лето на пазарот на слободни играчи. По Џо (Хоукс), Амари (Никс), Вејд (Мајами), Бош (Мајами) и Бузер (Чикаго), редот му дојде на Лебронтије Први Џејмс да каже, конечно, што дрес ќе носи следната сезона (покрај она што веќе го знаеме, дека ќе биде со тазе број – 6).

Со оглед на тоа дека никој од нас не знае што ќе се деси, а и со оглед на тоа што во последниве 24 часа доаѓа од САД и од луѓе блиски до Леброн, преку ноќ прва опција станал – Мајами! Ниту неговите Кавси, ниту секогаш со него поврзуваните Никси, ниту пак Нетси на милијаредорот Прокхоров и другарот на Џејмс, Џеј-Зи.

Без многу тупење, барем додека не дознаеме навистина во кој клуб ќе игра следната сезона, МакНБА ќе се труди да ги избегне сите шпекулации од кои ќе врие во последните неколку часа до ОДЛУКАТА. Едно е сигурно, а тоа е дека доколку навистина Леброн заврши во Мајами тогаш желбата за титула е она што го води напред, но и ќе мора да се прекине и со оној негов прекар кој нема врска со неговата позиција, остварувања и со НБА тронот.

Повеќе ќе ми личи него и Бош да ги викаме Miami Vice. Зошто знаеме кој е главната фаца во Мајами.

3 COMMENTS