На стартот на отварањето на НБА пазарот на 1 јули, покрај големиот интерес за тоа кој ќе биде неговииот нов (стар) клуб, постојаната опсада од страна на медиумите и закажаните средби со претставниците на Нетси, Никси, Булси, Мајами, Клиперси и Кавси, Леброн доби и мистериозен подарок.

Пред една недела веста беше дека на вратата пред домот на Леброн се појавил мистериозен пакет за кој се до пред ден-два не се знаеше што содржел. Како и кога станува збор за терористички напад (не дека има некаква врска со ова) некој мораше да ја превземе одговорноста, а тоа во оваа ситуација го направија Булси.

Поточно, маркетинг агенцијата од Чикаго (Leo Burnett Worldwide ad agency), која веројатно е во соработка со челниците на Булси. Еве ја целата приказна објавена во Chicago Tribune.

Air Jordan’s 1 фино спакувани со прикладен текст на внатрешноста од горниот дел? Екстра!

Нема што, храбар, мангупски и пред се директен потег на Булси. Поискрена и пореална понуда од ова, амин.

2 COMMENTS