Бит-Пазар Лето 2010 – Амари и Бркот пак заедно
Posted by Karakash Under Aмар-корд, Бит Пазар Лето 2010 on Monday Jul 5, 2010Значи, она што се најавуваше изминатиов викенд би требало да стане реалност во следните неколку часа. Амари и Бркот пак ќе си се дружат, овој пат во многу постудено место од Аризона.
Можеби Амари не е (беше) главниот играш на пазарот на слободни играчи ова лето, но секако дека е еден од најбитните. Многу сценарија поврзани со него беа во игра, но последниве недела дена опцијата Њујорк некако се издвои без другите тимови многу да се трудат околу него. На крајот, можеби Никси му останаа и како единствена опција со оглед на неговиот апетит за зелени милиончиња.
Сите други тимови кои се играчи на пазарот се сконцентрираа на Крис Бош, означувајќи го како подобра инвестиција, од Чикаго, преку Мајами и Њу Џерси. Сега е јасно дека Никси не се веќе во игра што ја прави преселбата на Бош на Флорида или пак кај Булси неизбежна.
А околу влијанието кое го има Амари како нов член на Никси, се уште е рано да се каже. Ова сигурно не е последниот потег на Њујорк ова лето, но 100 милиони за пет години дружба со Амари се уште еден знак дека рецесијата е само измислица во НБА.
Ниту пак е последниот пост за Стадемаер и за Никси оваа недела во која многу работи би требале да се разјаснат. Останувањето на Џо во Атланта и преселбата на Амари во Њујорк се само загревање до конечните одлуки на трите главни ѕвезди на пазарот кои би требало да ги дознаеме до крајот на оваа седмица.
ПС: А оние изјави на Амари дека ќе ги намами Кармело и Тони Паркер да му прават друштво во Њујорк не би требало (ни смеело) никој да ги сфаќа сериозно.


