На старт мислев да ставам пост со сите нови шпекулации во врска со Леброн и неговите состаноци со Нетси и Никси вчера на кои двата тима му ги презентираа причините зошто треба да стане нивниот Месија. Но, налетав на GetLebron.com, кој одлично се занимава со сето она што го спомнав малку погоре.

Така, новост е Бајрон Скот како тренер на Кавси. Нешто што може да биде прв чекор кон останувањето на Леброн во Охајо. Самиот тој имаше дадено изјава дека сака да има тренер кој е бивш, успешен играч. Некој кој има авторитет, и кај играчите и кај судиите, а Скот влегува во таквиот опис. Со исклучок на неуспехот во последната година во Њу Орлеанс, Скот се има докажано како добар, комплетен тренер.

Кога слушнав за Скот во Кливленд, прво што ми падна на ум е Крис Пол. Момакот веќе изјави дека нема ништо против трејд и дека би сакал да игра за победнички тим кој ќе конкурира за титула. Плус, пред некои десетина дена се појави шпекулација дека Леброн и Пол би сакале да играат заедно, а не смее да се занемари податокот дека Скот ужива голема почит во очите на Пол и важи за негов омилен НБА тренер во досегашната кариера.

Секако дека евентуален трејд на Пол во Кливленд би бил комплициран за договарање, но Кавси имаат доволно играчи да понудат за совпаѓање на договорите. Од друга страна, ако веќе го трампаат, мислам дека Хорнетси ќе сакаат да добијат нешто повеќе од тоа што може да го понуди Кливленд. Лично би сакал да заврши во Атланта, но тоа е само фантазија.

Доколку сепак успеат да го донесат Пол во следните неколку дена, тогаш сигурно е останувањето на Леброн дома. Според некои за успех на Леброн му е потребен крилен центар или центар, додека други сметаат дека му е потребен плеј кој би го ослободил од организацијата на играта. Пол е токму тоа, па и повеќе.

По средбите со Нетси и Никси, кои беа задоволни од состаноците, денес на ред се Мајами и Клиперси, а турнејата завршува со Булси и Кавси. Џеј-Зи и Прокхоров убаво се дружеле со Џејмс вчера, а и Долан, Д’Антони и Волш се оптимисти по нивната средба. Токму тие два тима, според мене, заедно со Кливленд, се главните кандидати за потписот на Леброн.

Во Чикаго, и покрај перспективниот ростер, многу е дебела сенката од статуата на Мајкл Џордан, додека во Мајами веќе пече сонцето на Двејн Вејд, а се чини и дека Бош е на пат за Флорида. Не верувам дека Леброн би сакал да биде десната рака на Вејд, зошто сепак тоа е градот на Двејн.



И кога веќе ги спомнав Нетси и Никси, првите почнаа со екстра реметење во режија на самиот Прокхоров со местење на џиновски билборд веднаш спроти Медисон Сквер Гарден, а потоа и со целосно спонзорирање на страната на New York Post. Реметење Рашн стајл.

1 COMMENT

“Count me in. After a couple weeks of deliberation, it is time to get back to the challenge of putting together a team that can defend its title in the 2010-11 season. It’ll be the last stand for me, and I hope a grand one.”

Одлична вест за фановите на Лејкерси, лоша за сите останати. Фил Џексон и покрај најавите на неговата ќерка, сепак нема да се пензионира ова лето. Тоа значи зголемување на шансите на Лејкерси за трета титула по ред, иако таквото достигнување е многу тешко да се оствари.

Сепак, многу подобро е на клупата да го имате Фил отколку било кого друг, посебно Брајан Шо кој беше често спомнуван како негова замена. Во текот на својата последна Фил сигурно ќе го подготвува Шо за свој наследник, што е многу подобро отколку веднаш да беше фрлен во огин.

Плус, Лејкерси се активни и на пазарот и гледаат да го исполнат делот од изјавата на Фил за составување тим кој ќе биде способен да ја одбрани титулата. Пак.

Така, тие веќе доставија понуда до Мајк Милер, кој е слободен играч, од 30 мил. за 5 години, а сакаат и да ги задржат и Фишер (но за помала плата) и Браун. Исто така се надеваат дека доколку го убедат Милер ќе успеат да го трампаат Вујачиќ.

Инаку, се очекуваше ова лето Милер да биде еден од новите соиграчи или на Леброн или на Вејд, кои го сакаат во својот тим. Нормално, кога ќе станеше познато кој тим е тоа. Сега-засега уште нема одлука ни од едниот ни од другиот, но тоа веројатно ќе се деси во следните 3-4 дена кога ќе заврши состанчувањето со сите кандидати.

2 COMMENTS