UberClutch

Posted by Karakash Under Кобиџилница, MJ23, Playoff 2010 on Sunday May 30, 2010

Лејкерси и Селтикси се доказ дека нема вистина во зборовите на сите кои викаат дека не можеш да убациш во поголема брзина кога ќе посакаш. Нивните игри во плејофот се доказ за тоа.

Бостон посебно беше тим во кој никој не веруваше, група на старци плус Рондо која одигра ужасен втор дел од сезоната, се влечкаше по теренот и губеше средби дома од тимови кои не би смееле ни да помислат на победа против нив. Сите се сомневаа во коленото на Гарнет, во годините на Реј и Шид, во способноста на Пирс. Само Рондо беше изземен од целиот муабет. Кавси и Орландо беа фаворити, но се лизнаа, пред се зошто ја немаа таа глад, желба, интензитет, искуство и на крај на краевите, знаење како се стига до финалето.

Лејкерси беа фаворити на Западот, но и тие сезоната не ја одиграа најсјајно, со повремени падови по кои сите се сомневаа дека можат до титулата. Коленото на Бајнам, невклопувањето на Артест и други приказни, а пред се не баш добрата клупа го мачеа Фил, а и Коби изнареди еден куп ситни повреди. И на крај сето тоа немаше врска и уште еднаш ќе го гледаме најславното финале во историјата на НБА, а можеби и на спортот воопшто.

И околу оној муабет дека не можеш да убациш во повисока брзина кога ќе посакаш…Коби тоа го докажуваше цела оваа серија со Феникс, а посебно во задњава синоќа кога докажа дека е најдобар closer денес и еден од најдобрите на сите времиња.

Исто така и Селтикси одиграа за ниво повисоко, ниво на кое се префрлија по онаа брука дома во третата средба со Кавси кога Леброн сам ги победи и кога сите ги отпишаа. Никој не веруваше дека го имаат тоа во себе, освен оние кои се најважни во целата работа, а тоа се токму тие.

Секоја чест за Санси кои дадоа се од себе, ама не можеа против неверојатнио Кобстер, иако Вујачиќ добро се потруди да им помогне.  Зборовите на Алвин Џентри после средбата кажуваат се:

Was that Kobe or was that Michael? He’s the best player in basketball, and I don’t think it’s even close”.

ADD COMMENTS

Celtic Pride

Posted by Karakash Under Playoff 2010 on Saturday May 29, 2010

Чоте спомна пролив на Фејсбук страната на МакНБА, за да ја опише играта на Нејт Робинсон. Не требаше друже, не требаше. Во паузи помеѓу гореспоменатото истекување од задња врата и сличен потоп од предна врата, ја изгледав доминацијата на Селтикси кои во шампионски стил ја затворија серијата со Орландо и сега ќе одмараат до четврток.

После максималното цедење, денес ќе ставам само понекоја слика од 21. пласман во големото финале на Бостон. Целосно заслужено, разбира се, а и за многумина неочекувано после начинот на кој се одвиваа работите во текот на сезоната….И да, за разлика од атрибутот со кој често може да се опише играта на Нејт, синоќа тоа не беше случај. По се изгледа климата во Бостон влијае позитивно и на такви сумњиви ликови.


3 COMMENTS

Hero…for a day

Posted by Karakash Under Playoff 2010 on Friday May 28, 2010

За добар дел од американските медиуми, а посебно на тие од Лос Анџелес, Рон Артест е новиот херој на Лејкерси, новата Холивудска ѕвезда, новиот творец на хепиенд за шампионот. И, доколку се земе во предвид тоа дека неговиот кош со звукот на сирената, колку и да бил “бугарски“ и колку и да бил на среќа, им ја донесе победата на Лејкерси за водство од 3-2 во конференциското финале, Рон секако ги заслужува сите честитки.

(Photo by Stephen Dunn/Getty Images)

Но, само честитки што ете, некако успеа да ги убаци тие последни два поени и да им донесе голема победа на Лејкерси. Сите други наслови, од кои денес врие по весници и сајтови, посебно на тие од Ел-Еј, типот не ги заслужува.

Овдека на МакНБА веќе некое време Рон го нарекуваме Дибек, што не е случајно и е само по негова заслуга. Рон тука го следиме уште од времето кога беше дел од Индијана и реакциите на МакНБА после она што се деси во Детроит им се добо познати на сите кои не следат од почеток (можете да побарате низ архивата, немам можност сега да линкам стари постови).

Тогаш се уште не беше Дибек, такво нешто треба со тек на време да се заслужи и да се оправда, што му појде од рака последниве неколку сезони, посебно лани во плејофот баш против Лејкерси и оваа сезона, кога во очај да се вклопи во лудилото на Лос Анџелес се редеа глупости на неговото резиме, пред се изјави, но и моронски потези.

Сето тоа во комбинација со неговото целосно невклопување во Лејкерси и бројните очајни партии, филувани со никаквата шут селекција, па и сам шут, го донесоа до она – Дибек.

И ете, тој Дибек, сабајлево ги реши Санси, иако цела средба беше мизерен. Не ги реши од напад нацртан за него, зошто се знае кој ги завршува средбите во Ел-Еј, туку од т.н broken play. Тоа што токму тој го убаци тој кош сигурно уште повеќе ги пече сите фанови на Санси, а и оние кои се неутрални во оваа финале, односно, кои не се за Лејкерси. Ај Пау, ај Ламар, па ај и Дерек Фишер, (за Коби не ни зборам) ама Артест да ги постигне победничките поени, тоа секако боли најмногу од се.

(Photo by Stephen Dunn/Getty Images)

Сега, после средбата во која не се откажаа во ниту еден момент, па и кога беа во минус од 18 поени, Санси ќе мораат што е можно побрзо да ја заборават оваа средба и да се обидат да добијат две по ред против Лејкерси. Нормално, предизвикот стартува уште утревечер во Аризона, каде ќе се види дали ваквиот пораз имал влијание врз нив.

Според некои, ваков пораз може да ве деморализира, според други, може да ве мотивира дополнително, посебно ако се знае дека со камбек се вративте во игра и за малку не изборивте продолженије во гости.

Само да не беше Дибекот.

3 COMMENTS

Don’t you Дибек me

Posted by Retry Under Playoff 2010 on Friday May 28, 2010

… ама малку фалеше да го скинам од колнење на MakNBA (а верувам и секој напален Laker fan ќе посакаше инстант да го убиеше) после оние два шута во последната минута кои се достојни баш само за дибек, кој не знае да игра со глава. Сепак овој помалку среќен putback  никако не смее да биде оправдување за нив, и зенот ќе мора да му одржи подобра лекција од тоа што му го кажа меѓу редови на пресот.

Кога лани раководството на Lakers се одлучи за trade-от Ariza-Artest, бев еден од малкуте што помалку се сомневаa во исправноста на одлуката пред се заради игрите (читај борбеноста) што Trevor ги прикажуваше ланската сезона, но од постсабајлечкава перспектива не верувам дека при последниот напад би можел да се избори за позиција за офанзивен скок, притоа натсилувајќи го директниот чувар Richardson (кој btw има и делумна вина што воопшто не му се залепи на Ron и да го држи барем за дрес, што би рекол Chris Webber :) ), исто како што не верувам дека би исфорсирал два непотребни шута, нели.

На крајот на краиштата, играчи како Артест се донесени баш заради ваквите моменти каде е потребна одредена доза на грубост што судиите ретко кога можат да ја видат во последниот напад.

ADD COMMENTS

Photo by Gary Green-Pool/Getty Images

На крај ќе се памети победата на Орландо, намалувањето на минусот на 2-3 и префлрање на притисокот целосно на тимот на Селтикси. Ќе се заборави (барем надвор од Бостон) катастрофалната одлука на Еди Раш да го исклучи Кендрик Перкинс уште во првото полувреме, техничката за Рондо од страна на попалениот и често неурамнотежениот Џои Крафорд, повредата на грбот на Рашид и двата потреси на мозок на играчите на Бостон.

Добро, ова задњево и нема така брзо да се заборави, посебно не потресот на Глен Дејвис, кој изгледаше како да е во ринг со Тајсон од најдобрите денови, обидувајќи се неуспешно да застане на нозе. Добро што гореспоменатиот Крафорд го задржа или кој знае каде ќе завршеше.

Photo by Kevin C. Cox/Getty Images

Судиските одлуки сигурно влијаеа на Селтикси синоќа, но некако ми се чини дека и без тие грешки Орландо, со сета онаа енергија со која ја изигра средбата, со агресивноста и во одбрана и во напад, секако ќе победеше. Работата само им беше олеснета со сменетиот критериум на судиите кои сега свиреа многу од контактите кои до сега не ги дуваа. Плус, без Перкинс и Дејвис во рекетот, а и со Шид згрбавен од лични, Селтикси не беа оние истите од стартот на оваа серија.

Но, тоа не се оправдувања. Исти не беа ни Ален, Пирс, Рондо и Гарнет, кои како да паднаа физички, а како што се продолжува оваа серија предноста се префрла кај Орландо, затоа што тие се помлад тим поподготвен да се носи со повеќе средби во однос на ветераните на Бостон.

Сепак, не можам да го избришам оној, надреален филинг кој се провлекуваше цела средба. Од судењето, па се до двата потреса, посебно тој на Дејвис. Не се сеќавам кога последен пат сум видел такво нешто.

Она што би требало да ги плаши Селтикси е можноста НБА да го суспендира Перкинс за следната средба поради неговото исклучување. Но, ако имаат малку здрав разум ќе ја увидат судиската грешка и нема ни да помислат на суспензија. Незгодна е ситуацијата и со Дејвис, кој не се знае дали ќе биде способен за игра, како и со Рашид, кој веројатно ќе игра, но има повреда на грбот.

Тоа секако дека се добри вести за Орландо, кој нема ниеден повреден играч, си ја вратија самодовербата и делуваат како да пронашле начин, со агресивната игра на Џамир, да го неутрализираат Рондо. Како и да е, утревечер би требале да гледаме екстра средба.

ПС: Чисто како инфо: Дали знаете дека последната средба која се одигра во легендарниот Бостон Гарден ја има добиено токму Орландо кога пред 15 години стигна до своето прво финале предводен од Шек и Пени. Интересно е и тоа што синоќа можеби се одигра последната средба во сегашната арена на Орландо, Емвеј Арена, која од следната сезона ќе ја замени нова, многу помодерна арена.

4 COMMENTS

Bench Mob или Ари-ЗОНА 2

Posted by Karakash Under Playoff 2010 on Wednesday May 26, 2010

После двете плескања со убацени преку 120 поени на Санси во Холивуд, ретко кој мислеше дека момците на Џентри можат да ја вратат неизвесноста во финалето на Западот. Но, Санси не само што ја вратија неизвесноста, туку и со две одлични партии целосно го префрлија моментумот во своја корист пред петата која утревечер се игра во Ел-Еј.

На третата средба клучна беше зоната во одбрана со која одеднаш потентниот напад на Лејкерси стана успорен и неефикасен. Во четвртата синоќа, зоната пак заврши работа, можеби и повеќе отколку во третата средба, затоа што Санси повеќе и ја играа, речиси во текот на целата средба. Тоа што е чудно е што Лејкерси, после она што им се случи во неделата, не влегоа подготвени да се носат со зоната, за која Фил Џексон призна дека е една од најподвижните и најагресивните со кои се сретнал во својата кариера.

Во првата четвртина Коби не убаци ни еден поен од игра и ја имаше улога на разигрувачот на остатокот од тимот, но кога виде дека така не иде, во втората четвртина експлодираше. И да не беше таа игра на Коби во втората и третата чет. Санси со фантастичната игра на својата клупа уште во тој период ќе ја решеа средбата.

Драгиќ, Барбоса, Дадли, Фрај и Амундсон беа страшни синоќа, а Џентри ја покажа својата целосна доверба во нив држејќи ги на терен во поголемиот дел од последната четвртина, кога обично на теренот се враќаат стартерите. Фрај се разбуди од шутерската кома, Драгиќ потсети на онаа партија со Спарси, Дадли пак беќе пуцачки расположен, а и Барбоса заличи на оној Барбоса од пред неколку години. Луууууу пак, е чиста енергија и борец кој со таквиот пристап си најде убаво место во ротацијата на Џентри после шетањето низ лигата.

Од друга страна, освен Коби, никој кај Лејкерси го немаше тој огин во очите кој го имаа Санси. Коби се обиде на моменти сам да го држи во игра, но со оглед на клупата на Феникс и одличната зона, тоа не беше доволно за победа. Чудно е што во првата половина на последната четвртина имаше малку топки за Коби, но и тоа е делумно заслуга на одбраната на Феникс.

А кога сме кај зоната и зошто е таа проблем за Лејкерси…Како прво, тие немаат шутери кои би ја разбиле таа зона, посебно ако се на милоста на неконстантиот шут за три на Артест. Фишер погоди нешто, ама не доволно, додека Браун, Фармар и Одом беа лоши за тројка. Коби убаци шест тројки, но и тие беа од тешки позиции, а не од ширење на зоната.

Второ, тимовите на Фил, па така ни овие Лејкерси, немаат брз и пробивен плеј кој би ја разбил зоната, би навлекол на себе двајца чувари и би извадил на тројка или би асистирал под кош. Тоа е проблем со кој ќе видиме како утре ќе се справи Џексон, затоа што сигурен сум дека Санси ќе гледаат да играат зона што почесто, или барем се додека им носи резултат и во Лос Анџелес.

И она што е најважно, конечно имаме вистинска плејоф серија, нешто што во ова разигрување и тоа како ни беше ускратено, за разлика од претходните неколку години.

ADD COMMENTS

Ари-Зона

Posted by Karakash Under Aмар-корд, Кобиџилница, Нештињо, Playoff 2010 on Monday May 24, 2010

За третата средба од финалето на Западот може да се напише тотално спротивен пост од оној за третата од финалето на Истокот. Она што не го видовме од Орландо, го видовме од Санси кои покажаа како треба да игра еден тим кој е во дупка од 0-2 и тим кој си ја брани честа пред своите фанови, обидувајќи се да избегне неповратни 0-3.

Клучна за победата на Феникс беше зоната која ја поставија во втората четвртина  со која стана стагнантен нападот на Лејкерси, посебно откако често слободниот Артест не успеваше да погоди ништо за тројка против таа зона. Коби стартуваше јако, но со зоната се смени и неговата игра, можеби Лејкерси не очекуваа таква одбрана на Феникс, нп Џентри покажа дека е добар тренер способен да се прилагодува на противник.

Секако, голем фактор беше и конечното будење на Амари, кој за прв пат во серијава беше опасен во рекетот. Посебно во комбинација со борбениот Лопез. Од другата страна, само Пау играше на високо ниво од високите момци на Лејкерси, додека од остатокот од тимот само Коби и Фишер беа на ниво. Одом го снема, Бајнам исто ко и да не играше, а истото се однесува и на клупата.

Не дека клупата на Санси беше нешто многу подобра, но стартерите завршија работа и ни дадоа надеж на сите дека, конечно, можеме да гледаме една интересна серија.

2 COMMENTS