98158770GJ022_SPURS_MAVERICKS

Уште од времето кога играше во италијанската прва лига, Ману Џинобили ми стана еден од најомилените играчи. Што поради нетипичната комбинација на виртуозност на теренот која до тој момент беше типична само за одредени екс-ју кошаркарски легенди, што поради интересната и речиси секогаш весела природа. Токму поради тоа, навивав за Аргентина на неколку СП и ОИ, но некако таа симпатија кон играта на Ману не се прелеа и во навивање за Спарси.

Да, бев за нив во финалето со Детроит, чисто поради мрскотијата на тие Пистонси, но најчесто не бев на нивна страна во останатите плеј-оф серии, освен можеби кога играа контра Лејкерси, ама тоа е друга приказна. Можеби причина за тоа беше присуството на Брус Боувен во Аламо или пак страшно “атрактивната“ игра на Спарси, не знам.

Како и да е, Ману ми остана омилен, а повредите последниве години малку ја намалија неговата магија, но и неговото појавување на разни топ 10 листи со циркузантски потези и со клач поени. Од пред неколку месеци Ману е пак оној стариот, 100% здрав и најопасен играч на Спарси, без разлика дали игра како стартер или како прва резерва. Тоа што често не е стартер и никогаш не му било битно што е уште еден плус за неговата големина. Останува она најважното дека кога се решава средбата во финишот, тој секогаш е на теренот.

Токму Ману ќе биде играчот кој, доколку Спарси ги поминат Мавси во 1. рунда, ќе биде најзаслужен за тоа. Нешто што го покажа и синоќа во Далас со големата тројка во последните минути со која го спречи камбекот на Мавси (камбек кој исто така беше блокиран и од смирениот Тимчо-Роботчо во финишот).

4 COMMENTS

Ако нешто научив во врска со плеј-офот сиве овие години е да го очекувам неочекуваното. Иако на крајот обично двете најдобри екипи стигнуваат прво до конференциските, а потоа и до големото финале, речиси секоја година се случуваат попатни изненадувања.

98161142BG021_BLAZERS_SUNS

До сега, по четири дена од разигрувањето не може да стане збор за некое огромно изненадување, освен можеби победата на Портланд во првата средба во Феникс, но Санси синоќа покажаа дека се сериозни и дека тој пораз може да биде најдоброто нешто што им се случило сезонава. Со избалансиран напад, без некоја посебна доминација на Амари, десеткуваните Блејзерси беа збришани во Аризона и сега останува на Санси да ја покажат разликата во квалитет на следните две во Орегон.

Разликата во класи можеби е уште поевидентна во дуелот на Хоукси и Бакси, каде синоќа Џош Смит за една асистенција не оствари трипл-дабл. Слично како и Андре Милер, ни Брендон Џенингс не се изнаигра во Гејм 2 по одличната игра во првиот дуел. Поточно, Џенингс беше очаен  синоќа, а она на што момакот мора да поработи е катастрофалната селекција на шут. Кога тие шутеви влегуваат, се е во ред, но со таква селекција многу почесто ќе има партии како таа синоќа, а поретко како таа во саботата.

Во Бостон, како и што претпоставив во претходниот пост, добро им дојде паузата на Гарнет за да истапат некои други момци. Суспензијата на Кеј-Џи го врати во прв план Глен Дејвис, но и Реј Ален, кој се изнашутира. Кога сме кај Дејвис, има ли некој со полош прекар во цела лига? Мислам, да те викаат Baby и не некоја привилегија, па макар бил и Big Baby. Да биде уште потрагично, на момакот му се свиѓа тоа, па и го слушнав на пост-гејм интервјуто како сам за себе зборува во трето лице, нарекувајќи се Big Baby.

98146234EG014_Miami_Heat_v_

Уште нешто за Селтикси, како и за сите искусни екипи исполнети со ветерани – мешаници, гужви, па и суспензии се нивниот мотиватор. Така, ова со Гарнет може да се покаже и како позитивно за нив.

Мајами од друга страна, како и лани, не може никаде подалеку само со Вејд, кој повторно останува без вистинска помош. Ваквите порази како тој синоќа би можеле да го исфрустрираат Вејд до таа мерка за летово да одлучи да си замине од Флорида, иако не верувам дека тоа може да се случи. Поверојатно ми е сценариото во кое во Мајами му се придружуваат Амари или Бош, ама за тоа кога ќе дојде време.

Да не биде дека ја заборавам и Јута која ги изненади Нагетси сред Денвер во партија во која без Мемо и Кириленко, Дерон Вилијамс покажа дека е најдобар кога е најпотребно, кога се играат големи партии. Серијата останува една од најнепредвидливите и тоа е супер.

98187154AB042_THNDR_LAKRS

На крај, не знам дали само ми се чини, ама секогаш кога Коби ќе убаци над 30-35 поени, Лејкерси играат тесни завршници. Синоќа против Тандер и Гасолина одигра одлично, ама мечот пак се решаваше во последната минута. Ја немаше ветеранската игра на Лејкерси пд првиот дуел и да имаа малку повеќе среќа, но и искуство момците на професорот по физика ќе се заминеше во Оклахома со 1-1 или во најмала рака ќе се играше продолжение. Вака, Тандер покажуваат дека се тим на иднината и дека се добар тест за Лејкерси пред уште потешките дуели во следните серии.

2 COMMENTS

Почна плеј-офот а ние одиме во истиот ритам како и последниве десетина дена, еден ден сите можат да ја отворат, за да во следните неколку дена барем еден дел од вас не може да припари на МакНБА.

98447929PA003_Blazers_Suns

Нема врска, се надевам дека наскоро ќе се реши и тој проблем, исто како што се надеваат и Санси дека ќе се исперат во следните средби за најнеочекуваниот пораз во првата рунда. Кога сите си рекоа, “Е, го нема Брендон Рој, сега Блејзерси ќе го папаат“, момците на Мекмилан покажаа зошто сезоната ја завршија како шести на Западот и покрај бројните малери кои ги задесија.

Во Портланд после првата средба веројатно се пресреќни што турската заедницаво Торонто е многу побројна од таа во Орегон, филинг кој го имаат веројатно и во најголем дел од оваа сезона. Андре Милер, кој Портланд го потпиша дури откако Хидо ги откачи беше клучот во победата сред Аризона целосно заменувајќи го ефектот на Рој во нападот. Свој придонес даде и остатокот од тимот, како и одличниот потег на управата со трејдот сред сезона, Кемби кој ја пополнува дупката во рекетот.

Санси можеби во оваа средба влегоа прекомотни, со оглед на хендикепот на Блејзерси или пак не се вистински плеј-оф тим, но тоа нема да го дознаеме до следната средба и уште повеќе до првиот дуел во Портланд.

Остатокот од првите средби помина очекувано со победи на поквалитетните екипи. Имаше, и тоа очекувано, лоша крв во Бостон, тим кој полека станува најмрскиот во лигата. Старците не се подготвени да признаат дека веќе не ги бива, па некои од нив, како Гарнет почнуваат да работат со лактите. Пирс како по обичај, се однесува како Инѕаги или Тоти, а Реј Ален во одбрана веќе нема шанса против Двејн Вејд. Рашид го нема саканиот ефект, така да одеднаш се паѓа на грбот на Рондо.

Не дека не ги бива, ама стварно не верувам дека можат да направат нешто оваа година, а со оглед на годините, ни во иднина. Можеби ќе го поминат некако Мајами, можеби, но потоа ќе налетаат на Кливленд и тоа ќе биде крај.

98160154NB016_HEAT_CELTICS

Е сега, со сета почит за одличната партија на Диркулес, какои таа на Мело, кои верувам ќе ги има уште, морам да се вратам на Гарнет.

Искрено, момакот никогаш не ми бил симпатичен. Лик кој дооолги години во Минеаполис беше познат како голем талент, но во исто време и лузер, некако успеваше во сенката на ладната Минесота да му поминуваат финтите со врескање, блокирање на секој шут после фаул, провоцирање на противничките бекови (не и крилни центри и центри) и постојаните пцовки.И кога еднаш успеа да стигне до Финалето на Западот, лидер на тој тим не беше тој, туку Кесел и до некаде Спривел.

Откако дојде во Бостон, со одлична подршка успеа да освои титула, па малку се подзаборавија неговите глупости. Но, само за момент. Она против Мајами во саботата беше само последната капка. Лани му се правеше фраер и на Калдерон, но секогаш бегаше од контакт кога нечии соиграчи ќе дојдеа на помош.

Сега, кога играчките квалитети, во добар дел и поради повреди, се далеку од некогашното ниво, тој прибегува кон некои други тактики, кои се само знак на немоќ. Едно време добар дел медиуми го ставаа во ист муабет за најдобра четворка заедно со Дирк и Данкан, но сега станува јасно дека тоа не е точно. Можеби има една титула повеќе од Диркулес, но тоа не значи ништо, затоа што Зи Дојч е играчиште во споредба со него.

За Данкан и не зборувам, зошто тој престојува во друга галаксија во однос на Гарнет. Исто како и еден куп други НБА ѕвезди кои последниве две години отидоа далеку напред во однос на  Кеј-Џи.

Вечер е втората средба во Бостон од која Гарнет, поради лактите нема да биде дел. Колку тоа ќе биде хендикеп за Селтикси и помош за Мајами, не знам, ќе видиме вечер.  Бостон е навикнат да игра без него така да може и добро ќе им дојде неговото отсуство на една средба да го најдат ритамот од ланкиот плејоф.

3 COMMENTS

Силно светнал ден. Барем на МакНБА. Кога јас можам да ја отворам и да се логирам, верувам дека можат повеќето од вас, односно секој кој го чита овој текст.

Проблемите со серверот малку не осакатија кога станува збор за детални најави за секоја плеј-оф серија посебно, така да ова ќе биде комплетен привју за она што стартува вечер и што ветува да биде, како и неколку години наназад, т.е. како што и често е случај со НБА плеј-офот, спектакл.

Тоа посебно е случај на Западот каде имаме страшна изедначеност, која малку се изремети со повредата на Брендон Рој која ги исфрли Блејзерси од секој муабет за можен пласман во 2. рунда. Сепак со оглед на тоа какви к’ниња и кој им е тренер, како и тоа дека сезонава се научија да играат без разлика кој им е повреден, верувам дека ќе дадат се од себе во серијата со Санси.

amari faca-0111

Од друга па страна, мило мие што баш ваквиот преполовен Портланд оди на Санси, кои имаат можност лежерно, со малку посилен тренинг, да се загреат убаво за втората рунда. Токму Санси, иако никој не ги става во кругот на фаворити, можат да бидат најпријатното изненадување ова разигрување. Но, нивниот недостиг од квалитетни играчи во рекетот, со исклучок на Амари, може да се покаже како хендикеп во евентуален дуел подоцна со Далас или Лејкерси.

Исто така, како клучна за нив може да биде повредата на Робин Лопез, кој можеби не е некое играчиште, но од Ол-старот навака, во кој Феникс беше еден од најдобрите 4. екипи беше многу важен во “ослободувањето“ на Амари кој можеше комотно да оперира на “четворка“. Сега уште повеќе работите ќе зависат од Амари, но и од играта во рекетот на ликови како Амундсон или Фрај, кој секоја прилика ја користи да избега од рекетот, ако знаат да го стават на центар.

dankan i dirk1-1604

Ако серијата меѓу Блејзерси и Санси не ветува некој спектакл, тоа не се однесува на останатите три кои имаат потенцијал да бидат класици. Тоа посебно се однесува на добрите “пријатели“ Спарси и Мавси каде се е можно ако проработи машината на Поп, Лонгориа и Ману полудат и биде форматиран Тимчо Роботчо во својата стара добра верзија. Сепак, Мавси остануваат фаворити, дури и за пласман во конференциско финале, но некако ми се екипа без завршница  во која ако Дирк не е клуч, некако ми се губат покрај силни екипи. Ако им се погледне составот имаат еден од најкомплетните ростери во цела лига, а многу може да зависи од новите фаци Батлер и Хејвуд, кои можат да бидат Икс-факторот во овој плеј-оф.

Повредите, како и кај Блејзерси, можат да бидат клучни и во серијата меѓу Јута и Денвер, серија во која двете екипи влегуваат со свој хендикеп. Кој е поголем многу бргу ќе се види. Од една страна, Бузер влегува повреден, додека Кириленко би требал целосно да ја пропушти серијата. Од друга страна, и Кенјон Мартин нецелосно опоравен ќе биде дел од првите пет на Нагетси, но страшен минус може да биде отсуството на Џорџ Карл.

Гледам дека не се зборува многу за тоа, но имав прилика неколку пати да ги гледам Нагетси без Карл на клупата и тие делуваа изгубено во тесни завршници, губејќи неколку средби кои мораа да ги добијат. Неседењето на Карл на клупата е исто како Поп да не може да ги води Спарси, Фил-Лејкерси или па било кој друг тренер својата екипа. Токму поради тоа, а и поради тоа што од другата страна седи таква тренерска легенда како Слоун, не знам што да мислам за оваа серија, која може да ја добие било кој од двата тима. односно оној кој најдобро ќе ги покрие своите хендикепи.

durent na zemja

Пик на сите Лејкерс-фанови, што е нормално, но и на сите Лејкерс-хејтери кои се исто така бројни, ќе биде таа меѓу шампионот и Оклахома сити. Слабата форма на Лејкерси во последните месец дена во кои делуваа како да си го загубиле “моџото“, како и чудото од дете сезонава Кевин Дурент, се причина за прогнози за изедначена серија. Изедначеност која јас лично не сум толку сигурен дека ја има. Да, Дурент е страшен млад играч кој има добра подршка од исто така младите соиграчи кои се способни да изненадат секого.

Но, во серија од подобар од седум не знам колку можат да се носат и со Зенот и со Лејкерси. Опоравувањето на Бајнам добро ќе им дојде на Лејкерси, но и без него тие се големи фаворити, барем против Тандер пред кои ако останат заедно е иднината. Единствено нешто што ми е криво е тоа што Лејкерси сега не играат со Соникси на Дурент, а не со Тандер.

(Овде требаше да биде остатокот од плеј-офот најавата, посветен на Истокот, но нешто се изремети и ми се избриша тој дел од постот. Така да, само на кратко):

karter klupa

Кавси и Хоукси се јасни фаворити, додека поизедначени треба да бидат сериите меѓу Орландо и Шарлот и Бостон и Мајами. Бобкетси имаат микс од млади и искусни играчи предводени од докажан тренер и добро се покриени во рекетот со момци кои можат да ги поделат фаулите врз Двајт Хауард, од чија игра многу ќе зависи. Но, можеби и многу повеќе од Двајт, работите ќе зависат од Џамир Нелсон, Рашард Луис и најмногу од Винс Картер и од тоа колку тој ќе биде гладен за успех и поправање на својот имиџ.

Мајами исто така има сила за изненадување, пред се поради и Вејд и добрата полс Ол-Стар форма, како и несигурните, стари и на моменти немоќни Селтикси. Бостон останува фаворит, но сега веќе ја нема таа моќ како од пред две години.

Тоа е тоа. 947 зборови се сосема доволно со оглед на подолгата пауза поради заладените односи со нашиот сервер. Врска која се надевам ќе остане стабилна барем до крајот на разигрувањето.

9 COMMENTS

Апсурди

Posted by Karakash Under Playoff 2010 on Thursday Apr 15, 2010

1271312776

Малку ми е глупаво да пишувам пост кога знам дека добар дел од оние кои редовно ја следат МакНБА веќе некое време не моЖат да ја отворат страната. Меѓу нив сум и јас. Она што најапсурдно во целата ситуација, покрај последните фризури на Мбенга и Артест, е тоа што оние кои што користат интернет преку провајдери со нови ДНС сервери, без мака моЖат да ја следат МакНБА, но за Жал, оние кои ја немаат таа провајдерска привилегија, а добар дел такви се од Мк., не моЖат да припарат на МакНБА. Дел од проблемот, т.е. најголемиот дел е до самиот наш сервер, проблем кој се надевам дека ќе го средиме во следниве недела дена.

Тајмингот е јок. Ептен јок. Во сабота стартува плеј-офот, а со самиот крај на сезоната се мноЖи и бројот на интересни приказни за покривање. Да не зборам за самото разигрување, кое редовно го покрива МакНБА, па дури и лани кога баш и не бев во некоја сјајна состојба и вон дрЖавава.

Како и да е, се надевам дека деновиве се ќе се среди и сите ќе моЃат да го прочитаат овој пост и на раат да почнеме со следење и коментирање на плеј-офот.

А кога сме кај плеј-офот, ова се двојките, (како да не знаевте):

ИСТОК

Кливленд-:икаго

Бостон-Мајами

Орландо-Шарлот

Атланта-Милвоки

ЗАПАД

Лејкерс-Тандер

Денвер-Јута

Феникс-Портланд

Далас-Сан Антонио

PS: Апсурдно е и големото Ж, знам :)

7 COMMENTS

90044399LS030_NUGGETS_THUNDER

Неделава, која е задња во регуларната сезона и во исто време прва во 2010 плејофот ја почнуваме со веројатно најпријатната и најнеочекувана приказна на 2009-10 – Оклахома Тандер и Кевин Дурент. Тимот кој изненади секого и кој во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите во следните три дена на крајот ќе биде на 6, 7 или 8 на Западот и момакот кој за три дена би требал да стане најмладиот најдобар стрелец во историјата на НБА.

ПС: По се изгледа пак сме во игра. Само се надевам дека во текот на плејофот нема да ги имаме истите сервер проблеми како изминативе недела дена. Сепак, ако сме споредиме со Бош и неговото лице, мислам дека подобро поминавме минатата неделa.

6 COMMENTS

Last week in the League

Posted by Karakash Under Општо / Разно on Thursday Apr 8, 2010

Овој пост, барем во моментов, ќе му дојде како ексклузива за тие кои користат нет преку T-Home и како што ми кажаа предмалку One. Останатите провајдери се уште имаат мака со средување на DNS-те (не прашувајте, ни јас не сум многу запознаен), па така, МакНБА не може да се отвори, Истиот проблем го имам и јас. Но, како што ми кажуваат експерти на оваа тема, работите сами од себе, ако не по иницијатива на провајдерот, ќе се оправат деновиве. Доброто во сево ова е што не се случува една недела подоцна, кога ќе фаќавме залет за плеј-офот.

90044399LS023_NUGGETS_THUNDER

Кога сме кај плејофот, како последниве години да не беше интересен, се најавува лудо доигрување оваа година, посебно на Западот, каде се уште не се знае кој ќе биде редоследот на екипите од 2-8 место. И така веројатно ќе остане до последниот ден од рег.сезона.

Она што, покрај изедначеноста на тие седум екипи, го прави претстојниот плеј-оф интересен е и фактот дека Лејкерси имаат благ пад во формата и во овој миг и не изгледаат така неранливо, посебно со оглед на конкуренцијата во својата конференција. Далас, Јута, Феникс, Сан Антонио, Оклахома и Денвер ја чекаат својата шанса. Нагетси се малку хендикепирани во моментов и многу работи за нив ќе зависат од здравјето на Џорџ Карл, но и тоа на Кенјон Мартин и Крис Андерсен.

Портланд не го ставам во оваа конкуренција, што поради нивните малери, што поради немањето квалитетна клупа после сите повреди. Сепак, и покрај сите проблеми кои ги следат цела сезона, тие успеаја да го задржат плејоф местото, што сепак не е мала работа.

bosh povreden

Интересно е и на Истокот, каде пак Чикаго и Торонто се во игра за место во последниот вагон. Со оглед на тоа колкави баксузи се Репторси во последниве средби во кои поради бизарни повреди ги загубија Бош и Хидо, како и нивната одбрана-НЕ, верувам дека Булси ќе успеат да се довлечкаат до осмото место. Не дека тие се нешто многу квалитетни, посебно не на последните неколку средби, но сепак, треба да одиграат ептен мизерно за да не ги стигнат Репторси.

Она што е интересно на Истокот е Милвоки, кој и без Богут, игра добро и има две победи по ред. Сите сакаат да ги избегнат Орландо и Кливленд во првата рунда, а тоа добро им оди од рака на Милвоки, а и на Мајами,

nelson

Друго нешто што се деси е рекордната 1333 НБА победа на Дон Нелсон. Сега ќе имаме еден куп наслови за најуспешниот тренер во историјата на НБА; што е жива глупост. Нелсон не е ни блиску до најуспешните тренери на сите времиња. Тој е само тренер со најмногу победи, но и тренер со 1061 пораз во својата долга кариера (трет во оваа категорија на вечната листа) во која како тренер често привлекувал внимание поради не баш позитивни работи, во која како тренер нема НБА титула.

Како и да е, честито Нели. Ај сега, конечно, замини во пензија, земи си го шишето виски со себе на Хаваи и остај ги Вориорси барем да се обидат да бидат сериозна екипа.

4 COMMENTS

Big Mouth Barkley

Posted by Karakash Under Видео, Кобиџилница, Легенди on Friday Apr 2, 2010

Мојот омилен дел од НБА преносите секој четврток е триото Ерни Џонсон, Кени Смит и Чарлс Баркли. Посебно Баркли. Клипов е вистински доказ зошто е тоа така.

6 COMMENTS