Во ред, не ми текнуваше подобар наслов. Но како и да е, ова е една серија прекуокеански постови која се надевам нема да биде сфатена како мое фалење пред другарчињата, него чисто као “репортажа ексклузивно за МакНБА”. А се работи за посети на места кои како фан на НБА и на кошарката воопшто, сум сакал да ги посетам од кога сум почнал да пратам кошарка. Иначе да имаше Њујорк плејоф екипа, ќе праев репортажи у живо од МСГ. Вака сеа ми останува да се надевам на билет за Бостон-Кливленд натпревар број 3 и(или) 4.. што и не е така лошо

Влезот у NBA Store онака да се знае!
Првото мое искачање у град во Њујорк, се разбира, ме однесе на Петтата авенија и најјакиот NBA Store на светот. До сега сум бил во NBA Store само во Шангај и таму се разбира, беше големо, светкаво и имаше најразновидни работи кои секој би сакал да си ги купи – дресови, аксесорис, постери, патики и свашта. Меѓутоа, нема никаква споредба со продавницава во Њујорк. Онака влагаш и се збунуваш – од кај сеа да почнам. Маичкиве со слики и автограм, дресовиве, ретро делот, да идам доле, лево, десно, кај тракатанците, кај капчињата, каде?! КАДЕ?! Те спопаѓа америчкиот дух, конзумеризмот почиња да ти ја тормози потсвеста и онака однегде слушаш “it’s amazing, it’s amazing” пее Кање Вест а тука нешо дечиња трчаат у тренерки од рецимо.. Мемфис?!

Маички со Коби и Двајт. Навистина завиден избор. Исто популарни се маичките со Кевин Дурантула. Некои се се шљокици и остали светкави детали, а некои само со сликички. Имаше една маичка која имаше на шпански напишано EN-BE-A и беше многу слатка, ама не знам кај ми е сликата од неа.

Фин поглед на делот со official team merchandise. Да ти се плаче шо не моеш онака као Кери Бредшо коа иде у шопинг, од све по едно да си купиш. Од некои по 2, у различна боја.
Ова уствари и не е многу добра слика. Овие се лошите капчиња, имаше еден дел со боље капчиња, онакви безбол, исто со шљокици и светкави детали.

Дресови има од секој у секој комбинација. Мислам дека дури видов и дрес од Сефолоша и од Серџо Родригез. Има и свингмен и реплика, но нема ефтини
После првичниот шок, секако се соземав, и потрошив едно саат, саат и пол разгледување. Се разбира, за да си купиш нешто, особено ако тоа нешто ептен ти се свиѓа, треба да имаш пун џеб или кредитна картица за која срце нема да те боли.. нешто што не спаѓа во мојот етнички идентитет
Како и да е, купив некои мали ствари за себе и за пријатели, спичкав доларите, али не жалам! Еве уште некоја слика, а за целиот албум клик тука.

Ол стар и ретро дресови. Коби и Џон јебени Старкс. Еј ко ќе ми текне какво играчиште беше тоа!
“За сите оние кои навиваа за Чикаго коа Џордан се врати”
Петрик Јуинг, Кеј Џеј и Лери Бирд. Исто тука имаше и Алекс Инглиш, Спад Веб, Меџик Џонсон, Џабар, шо знам, Џејмс Ворти и така натаму играчи. Ајзеа Томас и Доминик Вилкинс се беа потрошиле!
Дресови, постери и тракатанци со автограм. Едно 300 долари минимум. За оние со подлабок џеб.

Куклички од нашите супер херои.

Катче за вљубениците во видео-игрите. Може да играте против компјутерот, против вашите пријатели или против некој друг посетител на продавницата.

Катчето со тракатанците. Сликано од трибиноидниот дел на продавницата, кај шо можеш да си седнеш да одмориш.
Масичево за пред камп-приколка (плус тука доле лево ДВДиња и книги, тоа забораив да напоменам)
Се надевам ви напраив лиги. Во вториот дел: Посета на Basketball Hall of Fame и средба со Larry Bird. Океј, лажам за второто
ПС. Ми се испуни и друг влажен сон во врска со НБА кој не сум ни знаел дека го имам. Глеав даблхедер на TNT синоќа, плус јадев нарачана пица. Многу јако искуство. Невероватен е осечајот да имаш TNT, ESPN, CBS, ABC и све што дава баскет на телевизор. Особено што дооолго неам глеано НБА на ТВ. Иако Чак и Кени нешо не ми беа у форма, повторно го открив задоволството на гледањето кошарка.