Не го заборавајте Мело

Posted by Karakash Under Видео on Saturday Mar 27, 2010

Минатата недела одеше муабетот за тоа кој е по-клач, пропратен со бројки. Покрај логичниот избор на сите, не треба да се заборави ни Мело, кој барем мене би ми бил секогаш втора опција во последните секунди ако Коби веќе ми го избрал некој друг :)

Ај малку и за Денвер. Нагетси, и покрај оваа победа во Канада, која и не е нешто импресивна со оглед на квалитетот на Репторси, полека губат чекор со врвот на Западот. Уште се држат добро на табелата и имаат добар скор, но новата болест на Џорџ Карл очигледно многу влијае на нив. Посебно во тесни завршници.

Со Адријан Дентли на клупата буквално не знаеја да се снајдат во последната минута против Никси, беа преслушани во Бостон, а и во овој последен напад во Торонто баскетот на среќа некако пак дојде до Мело.

Се зборува дека Карл би требал да се врати во тимот за плејофот, но со такви работи против кои се бори тој ништо не може никогаш да се планира. Тоа ми е добро познато. А без него на клупата не им се пишува ништо добро, посебно со оглед на оваа сезона поизедначениот Запад и посилните Мавси кои се во игра за второто место.

ПС: Во Тандер-Лејкерс се вклучив на старт на задња четвртина. Кога видов дека рез. е 80-47, не ми се веруваше што се дешава во Оклахома сити. Нормално, не ја догледав, но верувам дека тоа е, како што вика Коби, само една лоша вечер. Не беа баш сјајни ни Леброн и Кавси во Аламо, но во никој случај така бедни како Лејкерси.

11 COMMENTS