Hawk flying high

Posted by Karakash Under Видео, Д-Вајт on Thursday Mar 25, 2010

90044143SC022_MAGIC_HAWKS

Пет натпревари во низа од кои дел се Хоукси се решаваат во последната минута, најчесто во последните секунди. Како фан на Атланта, кој ги следи цела оваа сезона таквата низа знае да биде доста напната. За некоја среќа, Хоукси како изминува сезоната учат како да се однесуваат во одлучувачки напади. Не дека го совладале тоа, но одат на подобро, односно полека учат од своите грешки. Можеби тупењето преку Џо Џонсон би требало да се елиминира уште малку, но ќе им текне и тоа.

Скорот во претходните четири средби во низава беше 2-2. Две победи дома, против Шарлот (задња секунда во ОТ преку шутот на Џо) и Сан Антонио (исто така ОТ, со добра одбрана и двата поени на Хорфорд на 30 секунди до крај) и два поради во гости, во Торонто (средба без Џо, во која Бош ги реши на две секунди до крај, иако Хоукси беа подобри цела средба) и Милвоки (иако водеа во поголемиот дел со плус десет, Хоукси се изгубија во последните минути).

Но, без сомнеж најважна средба од овие пет беше таа сииноќа дома против конф. ривал и ноќната мора последниве две години – Орландо. Ако има еден тим кој ги газел, ама буквално газел Хоукси последниве две сезони, тоа е Орландо. Без решение за Двајт и нивниот шут за три, Хоукси мака мачеа со нив како со никој друг. А кога некој ве гази на тој начин сето тоа полека добива психолошка природа. Затоа секоја победа против нив знае да биде клучна од ментален аспект.

Тоа и се деси синоќа. Иако пак се загубија во последните десет минути од средбата и одржуваа каков-таков плус од линијата за слободни, Хоукси успеаја да го добијат Орландо на најсладок можен начин и на начин кој целосно се совпаѓа со нивниот начин на игра – со куцање во последна секунда. Нормално, од Џош Смит, кој имаше претходно неколку шанси за таква слична завршница, ама ги упропасти. Не и овој пат.

Што поради лошто градење на Рашард Луис, што поради тоа што Двајт отиде на Џо, но пред се поради атлетицизмот на Смит, Хоукси одлетаа со победа која може да им ја разбие таа ментална бариера која ја имаат кога ќе се сретнат со Орландо. Тоа може да биде многу битно ако се сретнат пак, некаде во мај.

ПС: Упали постов за Бакси :)

16 COMMENTS