Фотка на неделата 83 – The Smith’s
Posted by Karakash Under Бизаро, Фотка на неделата on Friday Mar 12, 2010Џош и Џеј-Ар Смит истата година влегоа во НБА, директно од средно и тоа еден по друг, како 17. и 18. пик. И двајцата во своите кариери учествуваа во Натпреварот во забивање, кое првиот успеа и да го освои. И за едниот и за другиот често се зборуваше дека се психички незрели, но во исто време и физички страшни потенцијали.
Со тек на време и двајцата созреаа, што можеби малку повеќе може да се каже за Џош, иако и кај двајцата се уште има доста простор за напредок на тоа поле. И Џош и Џеј-Ар се дел од екипи кои се во врвот на своите конференции, но кои реално немаат шанса да стигнат до големото финале. И двајцата го носат истото презиме, но не се во никаква роднинска врска.
И на крај, и двајцата се страшно атрактивни играчи кои изминатава недела ќе ја паметат по различни “атрактивни“ потези. Додека екс-шампионот во забивање успеа да упропасти чисто куцање за победа во Њујорк каде беше изблокиран од Вилсон Чендлер во последните секунди, бекот на Нагетси го имаше веројатно второто најдобро куцање од цепелин оваа сезона. Да не беше она чудо на Леброн, баш против Никси, ќе беше и прв.



