КЛАч-ЛАч-ач

Posted by Karakash Under Кобиџилница on Wednesday Mar 10, 2010

90043879AB014_TOR_LAKRS

Еве добра причина за нов пост, ако за ништо друго, тогаш да го баталам претходниот кој баш и не беше среќен за моите Хоукси, кои успеаа да изгубат од ТитаНикси и тоа во ситуација кога имаа куцање за победа на екс-шампионот во куцање Џош Смит!?!?! Но, поенатата на овој пост е да се заборави тоа со something completely different, a тоа е Кобстерот и неговото ново растажување на противникот во последната секунда.

Последна жртва на Коби се Репторси, кои и не се наоѓаат по прв пат на неговиот список. Нормално, онаа 81. партија против нив во Стејплс засекогаш ќе остане прва на таа листа, но и низата шутеви за победа во последните секунди со кои Коби им донесе победа на Лејкерси последниве неколку сезони секако дека е импресивна. Е сега, за да се стане успешен во такво нешто, а Коби, што е факт, во моментов е најдобар во тоа во НБА, треба и да се утнат еден куп такви можности, а последната од нив беше во неделата во Орландо, каде Коби се најде во слична ситуација како оваа, само што таму не беше нерешено и шутот беше – Се или ништо.

Плус, тоа беше римеч на ланското финале и меч со многу поголема тежина од овој со Торонто, иако и тука Лејкерси се спасуваа за прекинување на серијата од три порази во низа. Оваа сезона имав прилика, преку League Pass да ги изгледам сите вакви ситуации во кои Коби најчесто беше јунак и иако може да се каже дека и противникот е виновен што тој се нашол во ситуација да решава нечија судбина, сепак, треба да си способен и да го сториш тоа. Мислам на решавањето на туѓи судбини.

Во многу наврати противниците или утињаа клучни слободни фрлања во финиш или пак губеа чисти топки давајќи им шанса на Лејкерси за напад за победа. Некој на тоа гледа како на притисок кој е преголем за да се издржи, што до некаде ми е несфатливо, посебно ако си професионалец во својата работа. На оваа средба тоа не беше случај, иако Репторси имаа контрола врз средбата во првите три четвртини.

Од друга страна, Лејкерси во моментов се далеку од играње согласно на својот потенцијал, но за тоа во некоја друга прилика.

Видео од последниот шут за победа на Коби можете да видите ТУКА.

4 COMMENTS