90043720

- “I’ve done it. I already sent it in. I’m going to be number 6.”

Односно, Леброн ги поднел до НБА сите барања потребни за од следната сезона на својот дрес, наместо познатата 23-ка да носи нов број. Тој број ќе биде 6, но ова може да значи, ако се чита меѓу редови, многу повеќе отколку само нумерички интересна вест.

Ова значи дека Леброн летово сигурно го менува својот број, но не мора да значи дека ја менува и својата адреса. Поточно, доколку еден играч го смени својот клуб, тој не мора да бара одобрение од Лигата за менување на својот број на дресот. Такво барање се упатува само доколку останува член на истиот тим.

Т.е. такво нешто е потребно за Леброн само доколку останува во Кливленд и следната сезона.

Ќе биде интересно да се чујат коментарите на ова во Њујорк.

Како допуна, иако заслужува и посебен пост, куцањето на годината во изведба на Леброн, иронично, против Никси…

4 COMMENTS