Со голема почит кон Тимчо, ама…
Posted by Karakash Under Дневни линкови, Тимчо-Роботчо on Monday Mar 29, 2010Текстов (само еден од многуте кои ги листам на нет секоја недела) ми фати око поради тоа што ова прашање понекогаш се јавува и кај мене како дилема. Или барем се јавувало порано. Кога ќе размислам подобро, исто како и авторот на текстот, Тимчо Роботчо и покрај сите напредни и фундаментал чипови, не можам да го ставам меѓу Топ 10 на сите времиња. На модерната ера на НБА, можеби, но на сите времиња? Ноуп.
Мене лично отсекогаш секој муабет за тоа “Кој е најдобар“, “Најдобри 10 играчи на сите времиња“ или пак за тоа кој е Најголем на сите времиња ми биле малку без врска. Пред се затоа што секој си има некој свој фаворит и таа листа лесно може да стане доста нереална со оглед на субјективноста.
Сепак, барем што се однесува до последниве 20 години во НБА и во светот на кошарката воопшто, еден лик е на врвот, следен од неколкумина кои и не се толку далеку од него. Некои од денешниве главни фаци имаат потенцијал да се вмешаат во тој круг.
За жал, Тимчо, и покрај сите успеси, не ми се наоѓа на таа листа. Но, во топ 20 влегува без размислување.









