All-Star 2010 – Зевање

Posted by Karakash Under Аll-Star 2010, Нештињо on Sunday Feb 14, 2010

tx.stadium dalas ol-star 2010

Заслужува ли All-Star Shmaturday пост? Нормално, не.

All-Star викендот во целина, барем во последните 15 години, е чиста комерцијала насочена кон најмладите. Оние кои малку се разбираат во кошарка го сфаќаат тоа, како и тоа дека регуларната сезона и посебно плеј-офот, како врв, се она што навистина вреди да се гледа. Нормално, има исклучоци, како на пр. Натпреварот во куцање пред десет години, но тие се ретки, многу ретки. Уште кога миџети ќе станат главни фаци во одредени натпреварувања и први кои славеле по три пати, јасно е дека се потребни промени. Или не, во зависност дали тоа пали како комерцијала кај оние кои се високи колку него.

95870895BC107_AllStar_PC

Тројки, H-O-R-S-E, Тим Челенџ и Скилз…веќе видено и не баш интересно. Ако некој заслужува слика и посебен спомен после она синоќа е Стив Неш, кој во Скилз успеа да биде побрз од него помладите и реално побрзите Дерон, Џенингс и Вестбрук. Дедото не е за фрлање, а тоа го докажува и на секоја средба сезонава.

ПС: А околу сликата најгоре, снегот кој изненади секого во Далас е вистинско огледало на она што го видовме сабајлево.

5 COMMENTS

Седум години се доста. Барем така одлучија дебитантите кои после точно толкава пауза успеаја да ги победат своите за година дена поискусни колеги.

Клуч на триумфот, како и во речиси секоја победа на Кингси сезонава, беше главниот кандидат за Руки на годината, Тајрик Еванс, кој си го спакува и МВП трофејот. Посебно импресивен беше неговото положување на втор обрач…

Покрај Рик, ѕверотина беше и Дехуан Блер со 22 поени и 23 скокови за првата 20-20 партија во историјата на овој меч. Остатокот од Руки тимот исто така беше на ниво, додека единствено Вестбрук со 40 поени се бореше до крај за Софмор тимот.

На полувремето се одржа новитетот наречен Dunk-In во кој ни Дерозан, ни Гордон не изведоа нешто посебно, но сепак Демаркус беше малку посмирен и поатрактивен, па така ќе го гледаме и вечер.

Кога сме кај куцањата, сабајлево се одржа и натпреварот за играчите од НБДЛ лигата во кој Дар Такер закуца преку играч висок 213 цм…

PS: Ко што Твитнав вчера, првиот поважен дил пред трејдинг дедлајнот го направија Далас и Вашингтон. Карон Батлер, Брендан Хејвуд и Дешон Стивенсон ќе го дружат Диркулес, додека обновата на Визардси почнува со Џош Хауард, Дру Гуден, Синглтон и Рос, од кои лесно може да се деси никој да не биде таму следната сезона.

5 COMMENTS

леброн мо одело

Што и да напишам за Леброн, посебно за неговата форма во последниве месец дена, ќе биде премалку. Дури ни бројките, кои секогаш се на негова страна и се уникатни дури и за НБА, не можат да ја прикажат во целоста големината на Леброн, кој речиси сам ја продолжуа серијата на Кавси од 13 победи во низа, сите без момакот кој треба да биде негова десна рака, Мо Вилијамс.

Сабајлево против Орландо, Леброн пак беше на граница на трипл-дабл, а откако во финишот сам го сруши Орландо, Мо си најде нова улога во “ладењето“ на Џејмс. Ала Џејмс Браун.

ПС: Вечер почнува Ол-Стар викендот во Далас, каде за чудо, неколку дена паѓа снег и прави проблем со пристигањето на главните фаци. Од тие фаци веќе е јасно дека Коби нема да игра, што е голем удар за едно вакво шоу, како и дека нема да заигра ни Ајверсон, кој не ни има сезона (последниве две) со кои заслужува да се најде таму. Точно е дека го изгласаа, но факт е дека не му таму местото. Сепак, Ајверсон не отсуствува поради повреда, туку поради сериозна болест на неговата ќерка, на која и посакуваме брзо оздравување.

ПС1: Замени за Коби и Ајверсон се Кид и Дејвид Ли. Кид веројатно е избран затоа што може за пет минути да се дотркала до стадионот во Арлингтон, додека Ли, иако ќе беше поправедно да беше Џош Смит, е добро решение. А и прв играч на Њујорк на Ол-Стар после дооолга пауза.

2 COMMENTS

durantula

The Good -

Кевин Дурент! Момакот кој го дели првото место на листата на стрелци со Леброн и кој е главната причина за скорот 30-21 на Оклахома сити, тим кој лани имаше 27 победи цела сезона. Соиграчите не му се сменија многу, но Дурантула продолжи да еволуира. Во моментов има низа од 25 средби со најмалку 20 постигнати поени, низа каква во последниве 30 години имале само Мајкл и Ајверсон. Сепак, Кевин е единствениот помлад од 22 години со ваква низа.

Како тргнале, Тандер ќе играат во плејоф, што е огромна работа за тимот кој лани беше потсмев на поголемиот дел од лигата. Сепак, некако сево ова ќе беше поубаво ако се случуваше во Сиетл.

Во Портланд веројатно си ја маваат главата во ѕид гледајќи го Дурент како од вечер во вечер рока гузови, додека тие секојдневно имаат отворена сметка во рехабилитационите центри во Орегон.

Не до толку, но добри, добри: Нормално, Лејкерси, но и пробудената Јута, Денвер, осакатениот Портланд, Арон Брукс, Рокетси на Аделман, Монтеј Елис, Диркулес, Зеко Рендолф, Феникс, Амари и Неш…

dankan i pop-1212

The Bad -

За некого скор од 29-21 е фантастичен успех, но не и за Спарси и Попович. Летово, кога сите мислеа дека се готови, Поп успеа да ги врати во секој муабет за камбек во финалето со ангажирањето на Џеферсон, Мекдајс и драфтувањето на Блер. Арно ама, експериментот, барем до сега, не успева. Џеферсон е изгубен во Аламо, Мекдајс е непостојан, додека единствено вистинско засилување е кражбата на драфтот – Блер.

Лонгориа де игра, де не игра, Ману, кога не фаќа лилјаци е нивни најдобар играч. Тимчо Роботчо има потреба од нов чип, Финли некогаш бил Финли…итд…

Секако дека уште има време за се да тргне како што сакаат во Сан Антонио, но досегашните партии не влеваат надеж. Аламо никогаш во последниве 12 години не било така лесно за освојување.

Лоши, брат: Дон Нелсон, Вулфси (иако се борат секоја вечер) и секако, без конкуренција, Берон Дејвис. Момакот кој требаше да ги спаси Клиперси е тоа само во својата глава.

oden kuca

The Ugly -

Сигурно не по нивна вина, но Грег Оден и Блејк Грифин. Колку беа големи надежите дека ќе станат играчишта, толку беше поголемо разочарувањето по нивните тешки повреди. Тоа посебно е случај за Оден, интересен лик кој сезонава таман кога почна да си го наоѓа местото во Портланд, му рикна коленото. По втор пат.

Грифин пак, поради слична повреда, исто како и Оден кога беше прв пик не успеа да заигра сезонава. Момакот е страшен атлета, па затоа останува да се види како повредата ќе влијае на неговата експлозивност.

1 COMMENT

shaq i lebron-2710

Тhe Good -

Кој друг ако не Кавси. По трејдот за Шек можеа да се чујат еден куп муабети дека тоа тотално ќе ги успори, дека големото его ќе влијае на атмосферата на тимот, дека ќе го закрчи рекетот итн, итн…Истите муабети добија сила по првите две недели од сезоната кога Кавси се уште се бараа и се воигруваа со Шек.

(Како и летово, така и сега, а и како и со трејдот на Атланта за Џамал Крафорд, не ми беа јасни критиките на сметка на Кавси за дилот со Санси за Шек. Во тој потег тие добија мноооогу повеќе отколку што загубија во Бен Волас и Павловиќ. Исто и Хоукси, кои имаа одредени критики за тоа што за Крафорд се откажаа од Ејси Ло и Спиди Клекстон?!?!?)

По првите две недели до сега работите клизаат многу добро за Кавси кои како тргнале би требале да го имаат најдобриот скор во лигата на крајот. Иако тоа делуваше невозможно, Леброн има дури и подобра сезона од лани. Во моментов Кливленд има рекордни сезонава во НБА 12 победи во низа. И да биде тоа уште поимпресивно, сите 12 победи се без клучните бекчиња Мо Вилијамс и Делонте Вест.

Одземи го Леброн од тој тим и тие тешко дека ќе победат на 2-3 средби по ред и во тоа се гледа големината на Џејмс, кој е еден од ретките кои од просечни и истрошени играчли прави корисни и добри соиграчи. МВП, ко од шала.

Не до толку, но сепак добри: Атланта, Шарлот, Крис Бош, Дејвид Ли, Џош Смит и Милвоки (со оглед на сите малери).

devin heris i bruk lopez

The Bad -

Иако звучи чудно, се мислев да ги ставам Селтикси, кои полека паѓаат под теретот на годините, посебно во дуелите со главните конкуренти. Но, им давам шанса до крај да покажат што можат.

Така, Нетси не можат да избегаат од тоа да бидат најлоши не само на Истокот, туку и во цела лига. Точно е дека оваа сезона за нив требаше да биде транзициска, но некако таа транзиција ги погодува како што не погоди нас по распаѓањето на СФРЈ. Скорот од 4-47 е екстремно беден и ако малку не се оправат ризикуваат да бидат “подобри“ и од најлошите на сите времиња Сиксерси од 1973 и нивните 9-73.

Ова е тажно затоа што во тимот имаат момак како Брук Лопез, кој без употребливи топки скоро редовно е на 20 поени и 10 скокови, а и Девин Херис покажува знаци на живот во последно време.

Можете само да замислите како му е на Кортни Ли?

Не до толку лоши, но сепак: Сиксерси, Ајверсон, Рашид, Детроит, Бен Гордон, Вилануева, Туркоглу, Картер (без последниве две средби) и Гарнет.

The Ugly -

Гилберт Аринас и Визардси. Мислам дека не е потребно објаснување. “Shooting Guard”.

3 COMMENTS

Кејвмен!

Posted by Karakash Under Аll-Star 2010 on Tuesday Feb 9, 2010

Kobe-Bryant_Chris-Kaman

Покрај Фејсбук и Твитер, некако тешко се седн да се напише пост, барем не секој ден, иако редовно има и теми и волја за такво нешто.

Но, како може да помине без пост вклучувањето на лик како Крис Кејвмен меѓу дружбата на Западот за Ол-Старот во Далас. Откако по повредата на Крис Пол како негова замена беше избран Чонси Билапс, по веста дека и Брендон Рој ќе одмара уште најмалку десетина дена, комишот се смилува и му дозволи на единствениот константно добар играч на Клиперси сезонава да се појави во Далас.

Кејвмен не е атрактивен, ни во физички, а ни во кошаркарски смисол, но дечкото кој боледува од AAD заслужува да се најде во тимот на Западот, а некои беа за негова селекција и без некој да се повреди. Како и да е, оваа вест е совршена можност да се постира сликава на која Кејмн и Коби (измиксани во Фотошоп) играат на X-Box.

ADD COMMENTS

You’ve been served

Posted by Karakash Under Видео on Saturday Feb 6, 2010

Кога веќе на сите страни се шпекулира дека нема да ја заврши сезоната како играч на Визардси, Карон Батлер одлучи, доколку до тоа вистински дојде, на вистински начин да се прости од Вашингтон. Понекогаш еден од моите поомилени играчи, понекогаш чиста енигма, Батлер може многу да усреќи некој тим на кој му недостига тој еден играч за исчекор напред. Веројатно сличното се однесува и за Џејмисон, за кого кружат истите шпекулации, а за кого најмногу лобира да го види покрај себе Леброн.

Инаку,победата на Визардси сред Орландо е една од нивните најголеми (и ретки) оваа сезона, посебно по целата сага околу Аринас. Синоќа имаше неколку изненадувања, но ова е сигурно најголемото.

1 COMMENT

kobi i fil1

Да не биде дека не било спомнато. А и не е нешто што треба да помине туку-така или да се игнорира. Изминатава недела Коби стана најефикасниот играч во историјата на Лејкерси, поминувајќи го Џери Вест на врвот, а оставајќи зад себе и ликови како Вилт, Шек, Меџик и Карим.

Само еден ден подоцна Фил Џексон со својата 534 победа како тренер на Лејкерси стана тренер со најмногу триумфи во нивната богата историја. Поминувајќи го Пет Рајли. Нек се угоде.

ADD COMMENTS