Aj по бурек
Posted by Karakash Under Видео on Friday Feb 26, 2010Дечкото уште сега е подобар играч од татко му. Во секој случај покомплетен играч. А и како ги игра последниве два месеци влегува во секој муабет во трката за ROY во која пред некое време се наоѓаа само Тајрик и Џенингс. По падот во формата на Џенингс, трката сега е меѓу Кари и Тајрик. Со блага предност за Еванс. Можеби и не, ако се прашува Birdman.
ПС: Реакцијата на Клингонецот е најдобра.
Допуна:
Како малку да подзаборавивме на Ману, што поради лошата форма на Spurs, што поради неговата форма по надолна линија, за која најверојатно се одговорни повредите што ги имаше во последниве сезони, но без разлика, блокадата врз 8 cm повисокиот и 10 години помладиот ѕверетина Durant може да конкурура за play of the year. Затоа и не е чудно што често се повредува – игра пожртвувано на двата краја од теренот што не го прават ни многу помлади играчи од него.

