90043631SC014_Cavs_Bobcats

Неколку ствари кои се десија или околу кои се врти некој муабет последниве неколку дена:

- По трејдот за Џејмисон, Кавси имаат скор 0-3. Но, тоа не треба да залажува никого. Два од тие порази беа против Денвер, во овде веќе спомнатата средба за историја и вчера во Орландо, каде Кавси имаа шанса за победа, но Орландо останува нивниот најголем ривал на Истокот. Во поразот во Шарлот Џејмисон имаше не баш добро деби, но се поправи на Флорида и покажа дека може да биде многу важен играч за Кливленд во иднина.

Од голема важност за Кавси ќе биде и евентуалниот камбек на Зи по откупот на договорот од страна на Визардси, нешто што треба да се деси во следните неколку дена. После тоа следува пауза од 30 дена за Илгаускас, па враќање на теренот. Нормално, сите очекуваат пак да заигра за Кавси, но денеска се појави муабет според кој доколку НБА утврди дека постоел претходен договор помеѓу Зи и Кливленд за негово враќање, Комишот ќе ја блокира таа варијанта, па Зи ќе мора да бара друг клуб. Не дека во тој случај не би имало интерес за него, но убеден сум дека Илгаускас едвај чека да се врати во Кливленд, а и многу им е потребен на Кавси за во плеј-офот.

* * * * * * *

- Сиксерси се подготвуваат да ја прекинат соработката со Ајверсон откако овој пак го напушти тимот. Ајверсон не настапи ни на Ол-Старот поради здравствените проблеми на ќерка му, но на Сиксерси им здосадило од неговот “играм-не играм“, а и онака не го постигнаа саканиот ефект со неговиот камбек во градот.

* * * * * * *

90043652NL018_OKLAHOMA_CITY

- Ти-Мек одигра една средба за Никси и сите тоа го прогласија за камбек на Успаниот. Некако до сега во неговата кариера Трејси никогаш не успеал да ме убеди во неговата “големина“ во која некои веруваат. Причината е едноставна, човекот никогаш ништо не освоил или пак добил плеј-оф серија. Сега во Њујорк, со оглед на тоа дека и онака беа очајни и освен Дејвид Ли и немаа асален играч, веруваат во ренесанса со Трејси. Тој пак почна да изјавува дека е подготвен да заработува и минималец за следната година да остане во ТитаНикси ако тие успеат да донесат две големи ѕвезди.

Башка, му лежи системот на Бркот каде не мора да се замара во одбрана и слободно да си фаќа ритам во нападот.

* * * * * * *

- Т.н. “Супермен“ дуел на Флорида покажа дека, колку и да е инфантилен и без смисол самиот дуел, Шек и тоа како може да се носи со Двајт. Медиумите, но и самиот двајт малку повеќе ја напумпаа целата Супермен работа, која не легна кај Шек, па во неколку преноси самиот Реџи Милер изјави дека Шек го замолил да не го внесува во таков муабет, затоа што тој е единствениот и оригинален НБА Супермен.

Додека Двајт не освои титула, и тоа не една, и не почне да доминира на начинот на кој Шек доминираше од својата прва НБА средба, Дизелот останува единствениот со таа титула.

* * * * * * *

- Двете најопасни екипи во НБА во моментов не се ни Кавси, ни Лејкерси, ни Бостон, Денвер или Орландо. Таа титула им припаѓа на Оклахома сити и Јута кои во последните десет средби имаат скор 10-1. Посебно ме импресионираат Дурант и дружбата, кои ако продолжат вака ќе бидат голем проблем во плеј-офот за било кого. Тандер во плеј-оф? Кој би помислил пред стартот на сезонава.

1 COMMENT