Заслужува ли All-Star Shmaturday пост? Нормално, не.
All-Star викендот во целина, барем во последните 15 години, е чиста комерцијала насочена кон најмладите. Оние кои малку се разбираат во кошарка го сфаќаат тоа, како и тоа дека регуларната сезона и посебно плеј-офот, како врв, се она што навистина вреди да се гледа. Нормално, има исклучоци, како на пр. Натпреварот во куцање пред десет години, но тие се ретки, многу ретки. Уште кога миџети ќе станат главни фаци во одредени натпреварувања и први кои славеле по три пати, јасно е дека се потребни промени. Или не, во зависност дали тоа пали како комерцијала кај оние кои се високи колку него.
Тројки, H-O-R-S-E, Тим Челенџ и Скилз…веќе видено и не баш интересно. Ако некој заслужува слика и посебен спомен после она синоќа е Стив Неш, кој во Скилз успеа да биде побрз од него помладите и реално побрзите Дерон, Џенингс и Вестбрук. Дедото не е за фрлање, а тоа го докажува и на секоја средба сезонава.
ПС: А околу сликата најгоре, снегот кој изненади секого во Далас е вистинско огледало на она што го видовме сабајлево.



