All-Star 2010 – Циркузантот Тајрик, ѕверовите Блер и Вестбрук и летачот Дар Такер
Posted by Karakash Under Аll-Star 2010, Видео on Saturday Feb 13, 2010Седум години се доста. Барем така одлучија дебитантите кои после точно толкава пауза успеаја да ги победат своите за година дена поискусни колеги.
Клуч на триумфот, како и во речиси секоја победа на Кингси сезонава, беше главниот кандидат за Руки на годината, Тајрик Еванс, кој си го спакува и МВП трофејот. Посебно импресивен беше неговото положување на втор обрач…
Покрај Рик, ѕверотина беше и Дехуан Блер со 22 поени и 23 скокови за првата 20-20 партија во историјата на овој меч. Остатокот од Руки тимот исто така беше на ниво, додека единствено Вестбрук со 40 поени се бореше до крај за Софмор тимот.
На полувремето се одржа новитетот наречен Dunk-In во кој ни Дерозан, ни Гордон не изведоа нешто посебно, но сепак Демаркус беше малку посмирен и поатрактивен, па така ќе го гледаме и вечер.
Кога сме кај куцањата, сабајлево се одржа и натпреварот за играчите од НБДЛ лигата во кој Дар Такер закуца преку играч висок 213 цм…
PS: Ко што Твитнав вчера, првиот поважен дил пред трејдинг дедлајнот го направија Далас и Вашингтон. Карон Батлер, Брендан Хејвуд и Дешон Стивенсон ќе го дружат Диркулес, додека обновата на Визардси почнува со Џош Хауард, Дру Гуден, Синглтон и Рос, од кои лесно може да се деси никој да не биде таму следната сезона.

