Сеќавајќи се на 01.02.2008
Posted by Karakash Under Бизаро, Видео, Кобиџилница on Tuesday Feb 2, 2010Сигурно дека главната вест, покрај победата на Гризлис над Лејкерси, беше таа дека Коби го престигнал Џери “Логото“ Вест на првото место на вечната листа стрелци на Лејкерси. Сепак, без дисреспект кон Кобстерот, мене нешто друго ми се мота низ глава низ глава секогаш кога ќе се спомнат Гризлис и Лејкерси во иста реченица.
01.01.2008 година кога според секој здрав разум на планетата Мемфис го спакува во голема кутија со златно машниче Пау Гасол и го испрати за Лос Анџелес во размена за тројца играчи кои веќе не се дел од нив и еден кој се уште немаше заиграно една минута во НБА, но носеше познато презиме.
За многумина тоа беше капката која од Лејкерси направи тим кој во следните неколку години сигурно ќе се бори за титулата, додека од Мемфис направи само тим кој се откажа од својот најдобар играч. За ништо. Освен олеснување во селари-капот, кое барем тоа лето тие не го искористија за ништо.
Сите знаеме што се дешаваше после тоа со Пау и Лејкерси, но мислам дека сега, точно две години подоцна во Мемфис и не се така разочарани од тоа како се одвиваат работите. Помалиот брат на Пау, Марк Анастас Вунакис Гасол сезонава созреа во вистински НБА центар, па дури и влезе и во повеќе муабети за место на Ол-Старот во Далас.
Сепак, не можам да ги заборавам сите критики кои беа упатени кон менаџментот на Гризлис, шеги на сметка на Квами Браун и пофалби за Мич Купчак. Некои тренери и ген.менаџери од другите екипи јавно го искритикуваа трејдот, посебно Грег Попович, а некои индиректно го осудија целиот дил.
Како прилог на тоа, еве три клипа од пред две години…Посебно остар е Стивен Еј. Смит, а најбољи е Зенот…


