
Втор по големина, а и важност, барем во моментов, беше дилот мешу Кингси, Никси и Рокетси. Иако Хјустон сакаше да направи посебни трампи со Њујорк и со Сакраменто, неодлучноста на Никси и упорноста на менаџерот на Трејси да игра за Никси на крајот ја направија трампава “тројка”.
Обично во вакви дилови кога има три екипи, барем една од нив редовно останува заебана, но во овој случај некако ми се чини дека сите три страни го добија она што го бараа. Њујорк се откачи од Џефрис и Хјуз, а го лапна Мекгрејди чиј договор истекува летово и со што им се ослободува гоооолем просотор во селари-капот за ова лето. Кингси знаеа дека Мартин и Тајрик не функционираат заедно, а за возврат добија нешто за Мартин, додека Хјустон го доби стрелецот кој им недостигаше.
Него ај тим по тим…
ЊУЈОРК:
Нови фаци – Серџо Родригез, Трејси Мекгрејди
32 милиони долари за трошење. Тоа е единствената причина за било каква радост во Њујорк во моментов. И на Серџо и на Трејси им истекуваа договорите, а тоа во комбинација со милионите на Џефрис значи џепарлак кој на сите исфрустрирани фанови на Никси им дозволува да сонуваат не само за Леброн (или Вејд), туку и за Бош или Џонсон или Амари во комбинација со него.
И убаво е да се сонува, но до ова лето има време и за Ти-Мек да докаже дека не е НБА мртовец. Со оглед на тактиките на Бркот, доколку е способен за игра, Трејси би требал да се снајде и покаже дека уште има нешто во него. Серџо пак, со оглед на тнкотијата на Никси на плеј многу бргу може да стане добро другарче со Бркот.
Сепак, летото 2010 е единствената ствар во мислите на Никси.
САКРАМЕНТО:
Нови фаци – Карл Лендри, Лери Хјуз, Џоел Дорси
Повредата на Мартин на стартот од сезоната му отвори простор за развој на Тајрик Еванс, кој можеби не е чиста “двојка“ ко Мартин, но не е ни чист плеј. Тој е нешто како Тојота Приус – хибрид, и тоа е добро и за него и за Кингси (и за околината
) Во Лендри Кингси добија ефтина опција и еден од главните кандидати за Шести на годината, титула која може да му избега ако сега го претворат во стартер. На Кингси им фалеше уште еден скокач и борец во рекетот покрај Томсон и несомнено е дека борецот Лендри ќе се снајде во Сакто.
Додека Мартин беше повреден Кингси се навикнаа да играат без него, така да сега тоа е тим на Тајрик кој нема плеј-оф квалитет и кој ќе сака висок пик на следниот драфт. Плус, она што е многу важно е дека тие го задржаат дебелиот договор на Кени Томас кој истекува ова лето, па ќе имаат пари и за трошење.
ХЈУСТОН:
Нови фаци – Кевин Мартин, Џаред Џефрис, Џордан Хил, Хилтон Армстронг
И на крај момците на Турпис, Караско и пола Кина. Знам дека има мало разочарување што Лендри веќе не е нивниот ѕвер од клупата, но мора да се земе во предвид дека овој дил Хјустон го направи мислејќи на следната, не на оваа сезона. Иако го нема сезонава, во Хјустон се уште се се врти околу Јаоза и со надеж дека ќе биде здрав за следната сезона се направи и овој трејд.
Мартин, пред се зошто играше во Сакто беше во голема сенка последниве години. Но, тоа не значи дека е опасен играч кој може сам да креира во нападот, да изнуди фаул, но и да игра без топка. Рик Аделман многу добро го познава Мартин и верувам дека тој го имал последниот збор во овој дил. На Хјустон му треба очајно прва опција во нападот. Летово со Ариза се надеваа дека ја пронашле, но тоа не испадна баш така. Сега со Мартин, Ариза може да се врати на улогата која ја имаше во Лос Анџелес. Брукс нема да биде толку оптеретен, а со камбек на Јаоза коцките можат многу убаво да му се поклопат на Аделман да има тим по свој ќејф.
Загубата на Лендри не е мала, но мислам дека добија повеќе, а и она што им го пружаше Лендри, кој во Хјустон и стана некој и нешто од обичен анонимус, Аделман ќе успее да го надокнади. Тоа редовно му успевало, без разлика кој и да се повреди или замине.