Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Monday Jan 11, 2010
Ова го имав вчера ставено на Фејсбук страна на MakNBA, но ако некој случајно не го видел, вреди да се подели пак. Пред се затоа што вакво нешто, иако толкави години гледам кошарка, немам видено.
Џеј-Ар Смит отсекогаш сум го сметал за, како што викаат Америте – Airhead. На нашки тоа би можело да биде, во слободен превод – Шупелка. Играч кој очигледно има голем потенцијал, но потенцијал кој пред се е само физички. Токму поради таа своја карактеристика не се снајде во Хорнетси и со Бајрон Скот, а и се до минатата сезона и доаѓањето на Билапс редовно беше на мета на Џорџ Карл поради неговите крајно нелогични потези и очајна шут селекција кога ќе добиеше шанса да заигра.
Тоа колку е фокусиран на самата средба и на моментот, Џеј-Ар го покажа и во Сакраменто со потег на кој стварно не му е потребен коментар. Тупавост која можам само да ја споредам кога Мерион, додека беше дел од Санси, по мртва топка, тргна да закуца кон својот кош.
Да не биде дуелот на Нагетси и Кингси познат само по оваа бизарност, се погрижи главниот кандидат за Руки на годината, Тајрик Еванс, кој повторно во последните секунди им донесе победа на Кингси. По домашните разочарувања со Кавси и Лејкерси, неочекувано добрите Кингси се омрсија против Нагетси без Мело.
(Дел од причината поради која дури сега пишувам за целиот хаос кој настана околу Аринас е чекањето на казната од страна на Стерн, друг дел се приватни, здравствени причини)…
Скоти Пипен, Стивен Џексон, Лони Бакстер, Џејсон Вилијамс, Себастијан Телфер, Делонте Вест, Зек Рендолф и Ален Ајверсон, покрај тоа што се или биле некогаш дел од НБА, имаат уште нешто заедничко со главната ѕвезда низ медиумите последниве две недели, Гилберт Аринас.
Сите тие во еден момент од својата кариера биле фатени од страна на полицијата со оружје во свој посед. Разликата со Аринас – тоа што ниту еден од нив не се осмелил истото тоа оружје да го внесе во соблекувалната. Но, уште една, многу поголема разлика, иако некои од нив како Џексон и Бакстер и го употребиле тоа оружје, е тоа што веднаш по направената глупост тие ја сфатиле својата грешка. Или пак имале добри советници во тој момент кои им кажале како да се однесуваат.
За жал, за Аринас не може да се каже ниту првото, ниту второто.
Откако му ги пронајдоа пиштолите во неговото шкафче во соблекувалната на Визардси, Жилберто наместо како секој нормален лик, да се извини јавно за својата глупост и во тишина да ја очекува сигурната казна, на сето тоа му пристапи како некое незрело, мало дете.
Дете кое кога ќе се најде во небрано се обидува да се извади со шеги и глупирање кои на никого не му се интересни и кои само уште повеќе го заглавуваат во беља. Аринас за целата работа, муабетот дека имал нерасчистени коцкарски долгови со Критентон тераше шега на својата страна на Твитер, а една од поголемите глупости му беше изјавата дека оружјето го донел во арената за да го тргне од своите дечиња.
Милионерот Аринас не може во својата палата да најде место каде би ги сокрил пиштолите!?!?! Не може да си дозволи да си купи сеф со комбинација само нему позната!?!?!
Ултимативна глупост, која и ја прелеа чашата во очите на комишот беше неговото камај пукање по тимската најава на Визардси пред дуелот во Филаделфија. Слика која зачуди многумина кои мислеа дека човекот има барем малку мозок во него.
Сега си лапна суспензија на неодредено, без плата, што го чини некои 147 000 по средба, а судејќи според сериозноста на изјавата на Стерн, веројатно ќе биде доста полошо. Но, за тоа потоа, иако нема да ме изненади доколку не го видиме на терен до крај на сезоната.
Визардси целосно се согласија со казната и најавија клупски казни за сите играчи кои ги гледате горе на сликата кои учествуваа во глупоста на Аринас во Фила. Нормално, доколку докажат дека целиот акт бил испланиран претходно.
Она што не чекаа да го направат е тргањето на големиот банер со ликот на Аринас кој стоеше на арената, а под кој, иронично, стоеше: “Character, Commitment, Connection.“
Целава несреќна ситуација со себе повлече можност за бескрајно зезање на сметка на Аринас од страна на медиумите, а нормално, први на нишан го фатија Лено и Летерман. Да не зборам за насловите како Shooting guard, Agent Zero, Zero, Seven…Zero Judgment итд…
ЏЕЈ ЛЕНО:
As you may have heard, there is a rumor floating around that we were canceled….You know what happened? NBC found four guns in my locker. I was suspended….
As you may have heard, the NBA has suspended Gilbert Arenas indefinitely, without pay, for bringing guns into an NBA arena. Then today, the NBA looked at the New Jersey Nets roster and suspended all of them for having absolutely no weapons at all.
ДЕЈВИД ЛЕТЕРМАН:
Сигурно е дека уште многу ќе се пишува за ова, а целата приказна може да се анализира и од уште неколку аспекти. Како тоа што во суштина Аринас никогаш не бил вистински бед бој и дека едноставно претерал со својата несериознот…
…или пак како некој кој две години се мачеше после операциите на колената да направи камбек, така лесно ја отфрла мачно заработената шанса…
…или пак како Аринас е лик кој никогаш не влегувал во ничии калапи и едноставно продолжува да си биде верен на себеси како таков…
…или пак можноста на Визардси, доколку и на суд се покаже неговата вина, за што може да лежи и затвор, да му го раскинат огромниот договор…
Некако во стил на празнициве, и МакНБА западна во некоја летаргија. Не дека ништо не се случуваше, напротив, посебно беше “интересен“ Аринас и глупостите во соблекувалната на Визардси, но за тоа некој друг пат.
Она што наскоро ќе го доживее својот крај е гласањето за првите Ол-Стар петорки, а последното собирање гласови пак на површина ја исфрли глупоста кај голем број фанови материјализирана во Ален Ајверсон како втор бек на Исток и на Трејси Мекгрејди во истата улога на Западот. Ужас.
Мојот глас нема да смени ништо, но погоре е мојата прва петорка на Западот, а под овој текст се првите пет на Истокот. За некои веројатно чуден избор, посебно на центарската позиција во двете конференции, но едноставно не ми се одеше по ќејфот на поголемиот број фанови па да гласам за Двајт или Амари, кои воопшто не ме импресионираат сезонава, посебно првиот.
Затоа се одлучив за двајца млади момци во Вуна Гасол и Брук Лопез, кои гинат на терен секоја вечер и покрај тоа имаат доста добри бројки, онака, во сенка. Остатокот од петорките мислам дека е логичен избор кој не треба посебно да се објаснува. На Истокот има дефицит од бекови и крила , додека на Западот има суфицит на истите позиции, поради тоа, некој мораше да извиси.