Далас е блиску
Posted by Karakash Under Aмар-корд, Аll-Star 2010, Бизаро, Вејдара, Гилбертологија, Д-Вајт, Диркулес, Кобиџилница, Лебронџилница, Нештињо on Tuesday Jan 5, 2010Некако во стил на празнициве, и МакНБА западна во некоја летаргија. Не дека ништо не се случуваше, напротив, посебно беше “интересен“ Аринас и глупостите во соблекувалната на Визардси, но за тоа некој друг пат.
Она што наскоро ќе го доживее својот крај е гласањето за првите Ол-Стар петорки, а последното собирање гласови пак на површина ја исфрли глупоста кај голем број фанови материјализирана во Ален Ајверсон како втор бек на Исток и на Трејси Мекгрејди во истата улога на Западот. Ужас.
Мојот глас нема да смени ништо, но погоре е мојата прва петорка на Западот, а под овој текст се првите пет на Истокот. За некои веројатно чуден избор, посебно на центарската позиција во двете конференции, но едноставно не ми се одеше по ќејфот на поголемиот број фанови па да гласам за Двајт или Амари, кои воопшто не ме импресионираат сезонава, посебно првиот.
Затоа се одлучив за двајца млади момци во Вуна Гасол и Брук Лопез, кои гинат на терен секоја вечер и покрај тоа имаат доста добри бројки, онака, во сенка. Остатокот од петорките мислам дека е логичен избор кој не треба посебно да се објаснува. На Истокот има дефицит од бекови и крила , додека на Западот има суфицит на истите позиции, поради тоа, некој мораше да извиси.



