Тајрик агејн

Posted by Karakash Under Видео on Sunday Dec 20, 2009

Пак Тајрик. Пак клач. Овој пат во напад, на гости кај Џенингс.

3 COMMENTS

Настрана од Коби и Бакси, синоќа имаше уште еден голем клач потег, овој пат во одбраната. Аринас е познат по својот сопствен квалитет да биде клач кога е најпотребно,но ни на него, ни на Визардси не им оди сезонава, посебно во тесни завршници. Откако викендов утна две слободни пред крај против Пејсерси со кои ќе му донесеше победа на Вашингтон, Жилберто се обиде да биде клач и во Сакто.

Како си помина се гледа во клипот погоре. Не му беше паметна одлуката за кросовер против Тајрик Еванс, за кој скоро пишував тука. Хибачито никако да се распали сезонава како што гореше пред операциите.

3 COMMENTS

Star treatment + Kлач

Posted by Karakash Under Бизаро, Видео, Кобиџилница on Thursday Dec 17, 2009

За разлика од нас, балканците и европјаните, Американците имаат некое непишано правило после средбата, во секој извештај или преглед да не коментираат судиски одлуки, ниту пак да ги оспоруваат јавно. Така, ни кога нешто е очигледно погрешно досудено од страна на судиите, тоа не се коментира потоа, па макар тоа, како што беше синоќа во Милвоки, се покаже како клучен момент во средбата.

За оние кои ги гледаа Лејкерси и Бакси, знаат за што зборувам. За оние што не ја гледаа, на 48.6 секунди до крајот и минус четири  за Лејкерси, Коби направи чист фаул во напад над Богут, кој за некое чудо судиите не го досудија. Наместо тоа, му свирнаа непостоечки фаул на Австралијанецот, а иронијата да биде уште поголема, во ситуацијата во која Коби направи и чисти чекори, судиите му го признаа и кошот. Едно слободно подоцна и неуспешен напад на Бакси, сцената се постави за Коби да покаже зошто е еден од најклач играчи во историјата на НБА.

Ништо лично против него, но, до тоа немаше да дојде да не беше (не)намерната грешка на судиите и нивниот star-treatment на Кобстерот. Не сум ни за Лејкерси, ни за Бакси, но кога нешто смрди, тоа си смрди. Посебно ми пречат вакви судиски глупости кога се дешаваат против т.н. мали екипи.

И никој не го оспорува Коби, кој го искористи подарокот од судиите на најдобар начин. Веројатно истото би се случило со било кој друг суперстар.

Right before his game-winner, Bryant converted a three-point play with 48.6 seconds left that cut Milwaukee’s lead to 106-105. It looked like Bryant had bowled over Bogut in the lane on the play, but the foul was called on Bogut.

“If I gave you my honest opinion, I’d probably get fined,” said Bogut. “Let’s just leave it at that. History tells you that if I tell you the truth, I’ll get fined.”

Bogut was asked if he considered that to be a “key, key, key” play.

“Yes,” he said.

2 COMMENTS

t-mac patiki

Со мало задоцнување, ај малце и за првото пребројување на гласањето за Ол-Стар петорките кои ќе ги видиме во февруари во Далас.

Ако постоеше било каква здрава логика никој од нас немаше да биде изненаден од тоа која фаца е втора во конкуренцијата на бекови на Западот, арно ама, по се изгледа гласовите кои се пребројуваат на старт се тие од Кина, зошто да беа и само гласовите од Хјустон, Трејси Мекгрејди немаше да биде втор, зад Коби. Или, момакот кој нема одиграно еден меч сезонава, а и нешто не сме го виделе посебно во последниве најмалку година и пол, има повеќе гласови од Крис Пол, Дерон Вилијамс, Стив Неш, Брендон Рој, Билапс итд…

Па и од Арон Брукс, кој многу повеќе од него заслужува место во Далас, ако веќе мора да се гласа за некој од Хјустон.

Можеби како во случајот со Јаоза, НБА требаше да го тргне и Трејси од ливлињата за гласање за да не се деси некоја глупост. Но, нормално, тоа е неизводливо, пред се затоа што Ти-Мек би требал да заигра сезонава. Не е сигурно дека тоа ќе се деси во Хустон, но сепак.

Верувам дека некаде до 20. јануари работите ќе се сменат и ако сака да биде дел од Ол-Старот Трејси тоа ќе може да биде само ако си купи карта.

Кога Ти-Мек ќе испадне од комбинација, ќе биде весело да се види кој ќе биде втор бек на Западот. како и кого потоа ќе изберат тренерите со оглед на конкуренцијата каква што ни од далеку нема на бек на Истокот.

Остатокот од гласањето е донекаде очекуван. Без Јаоза и оној кој не е центар е убедливо прв во таа конкуренција на Западот.

Чудно е што одличниот сезонава кај се подобрите Тандер, Дурант, е дури петти меѓу крилата, па дури и Пау е пред него. Прв и втор се Мело и Дирк и тоа не би требало да се смени, па Кевин реално може да очекува покана од тренерите.

На Исток, Гарнет некако успева убедливо да биде пред Бош, а зад Леброн. Вејд е очекуван лидер меѓу бековите, каде втор е Картер, а трет Аринас. И овде има голем лапсус со оглед на тоа дека Реј Ален, Дерек Роуз и, пази сеа, Ален Ајверсон WTF!?!?!?! имаат повеќе гласови од Џо Џонсон. Ако некој заслужува да биде во игра за место покрај Вејд, заедно со Џо тоа е Рондо.

Центар на Истокот е Двајт. Добро утро.

ПС: Последниве неколку дена изгледав неколку одлични средби кои се решаа буквално во последните секунди. Дирк беше ѕвер против Бобкетси, Инстант риплејот ги уништи Визардси дома против Индијана, одлична завршница имаа и Бакси и Блејзерси, Санси имаа среќа со Орландо, но истото не се случи и во Денвер, Вулфси сабајлево преку Флин ја изненадија Јута, а Мемфис, иако одличен, не успеа да ги изненади Селтикси…

14 COMMENTS

90041245EG_Wolves_Lakers

90041245AB025_WOLVES_LAKERS

90041245NG028_WOLVES_LAKERS

Уште ме импресионира куцањево, иако поминаа неколку дена. Веројатно причина е леснотијата со која е изведено, како да нема никој пред него, а веројатно е и тоа што е преку играчот кој на ретко кого му е омилен и кој често знае да се става во ситуација во која би изглумил фаул во напад. И сега се најде Фиш во ситуација, ама не таква каква што посакуваше.

9 COMMENTS

Чемберс-Џексон флеш

Posted by Karakash Under Видео on Saturday Dec 12, 2009

Убаво е да се види Фишер во ваква улога.

1 COMMENT

Чу га патошем

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Легенди on Friday Dec 11, 2009

6a01156f2c3287970c0120a538dbd7970c

Минатата недела, кога Булси беа посрамотени во Кливленд, Јоаким Ноа, додека седеше на клупата, влезе во расправија со Леброн затоа што не му фати око играњето на овој после секој поатрактивен потег. Нешто што синот на Јаник го сфати како провокација и понижување на противникот. Тоа не им се засвиѓа и на некои други играчи, ама повеќето го баталија и не му обрнаа многу внимание.

Е сега, кога веќе не успеаја да стигнат до Бил Лејмбир, Рик Махорни остатокот од Бед Бојси, како и некои други дрвосечи од 80-те, новинарите успеаја да го прашаат Кевин Мекхејл за целата работа и како тој и Селтикси од пред 20 и кусур години ќе реагираа на тресењето на Леброн.

“If a guy was doing the Riverdance like that, coach would come over and say, ‘Who’s got the fewest amount of fouls of my big fellas?’ ” said ex-Celtic and TNT analyst Kevin McHale. “If you raised your hand, he would say, ‘We will let him drive and then we will throw him on the ground.’

“When he is laying there we would say, ‘Do you feel like dancing now?’

“And that pretty much solved the dancing problem.”

Кратко и јасно. Да го видам после како денса. Во денешната НБА ова не би поминало, но за некои играчи би било добра терапија. Не викам дека тоа му треба баш на Леброн…има доста други во редот пред него.

Понекогаш ми недостигаат м’шките 80-ти.

3 COMMENTS

dzenings i tajrik

(Не Тајрел Брендон, разбира се, туку сегашниот плеј на Бакси)

На последниот НБА драфт само една единствена работа беше позната и за неа се согласуваа 100% од скаутите, тренерите, аналитичарите итн., а тоа беше дека Блејк Грифин е сигурен прв пик и најмалку за една класа подобар играч од остатокот од неговата генерација. Покрај тоа, повеќето сметаа дека единствено Грифин може веднаш да направи разлика и да биде фактор за успехот на својот тим.

По месец ипол од новата сезона сигурен сум дека најголемиот дел од тие скаути и аналитичари би сакале да можат да си го повлечат зборот. Причина за тоа не е слабиот старт на Грифин, кој поради повреда уште го немаше ни своето НБА деби, иако во претсезоната покажа за каков потенцијал станува збор. Причина за повлекување на зборовите се двајца момци кои не ни беа избрани во Топ 3.

Тајрик Еванс и Брендон Џенингс пред драфтот важеа за големи таленти, но поради разни стравувања од страна на скаутите тие не беа дел од оние кои требаше да бидат избрани веднаш по Грифин. Против Џенингс беше италијанското искуство, односно годината помината во Лотоматика наместо на колеџ, година која веројатно е токму главен виновник за неговото созревање како играч и покрај не баш сјајните бројки во Рим.

Против Еванс беше…стварно не знам што, пред се затоа што дечкото имаше добра колеџ кариера и со своите физички предиспозиции да игра на кец и двојка веднаш беше можен голем добиток за онок кој че го избере.

90041201LM001_KINGS_HORNETS

Но, со оглед на тоа кого се имаа на позициите на овие двајца, Мемфис и Оклахома сити не се одлучија за Тајрик, а уште четири други екипи го прескокнаа Џенингс. А три од тие четири тима, ако се одземе Торонто, имаа јасна потреба за плеј како ТитаНикси, Минесота и Голден Стејт. Вулфси дури и беа толку слепи па избраа двајца плејмејкери. Ај, ако беа несреќни (и глупави) со изборот на Рубио, кој јасно кажа дека не сака да игра во ладниот Минеаоолис, што им требаше Џони Флин, кој не е лош играч, но не е Џенингс.

За инает на оние кои не ги избраа, Тајрик и Џенингс рокаат газове сезонава! И тоа како рокаат газове!

Двете екипи кои најмногу изненадија до сега (барем мене) се Бакси и Кингси кои искрено, мислев дека ќе се наоѓаат во истата ситуација во која сега се Нетси. Да бидат шансите контра нив уште поголеми, покрај слабите ростери, и двете екипи оваа сезона многу малку можеа да сметаат на своите први стрелци и осамени опции во нападот, Мајкл Ред и Кевин Мартин.

Но, Тајрик, со помошта на уште неколку фаци меќу кои уште еден руки – Омри Каспи, направи во Сакто да заборават на Мартин и пак да почнаат да галамат со звончиштана. Сакраменто, под водство на Пол Вестфал кој исто така има голема заслуга, има скор 9-12. Можеби не звучи спектакуларно, но за тим како Кингси тоа е фантастичен старт.

90041113ND019_BUCKS_WIZ

Џенингс пак, не се изгуби после онаа партија од 55 поени и си продолжи да импресионира. И без Ред, а малку и без Богут, Милвоки до сега има скор 10-11, доволно за шесто место на Истокот. Пред Детроит, Торонто, Визардси, Булси, Филаделфија…

И бројките на Еванс и Џенингс се слични. Тајрик има 20.2, 5.0 и 5.1, додека Џенингс е на 21.1 поени, 3.8 скокови и 5.7 асистенции. Првиот е подобар во шутот од поле, а вториов е подобар тројкаш. Тајрик игра малку повеќе на сила, додека Џенингс оди на финеси…и е левак.

Мене лично повеќе ми се свиѓа Еванс и покрај целата врева околу Џенингс. Не дека момакот е нешто послаб, ама на моменти премногу ме потсетува на Ајверсон, а тоа не е добра работа :)

Сепак, вкус си е вкус, а едно е јасно, а тоа е дека и Еванс и Џенингс имаат голем потенцијал да станат легитимни НБА ѕвезди. Нешто за што некои момци кои беа избрани пред нив на драфтот можат само да сонуваат.

7 COMMENTS