Среќно
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Thursday Dec 31, 2009Дедо Мраз дојде еден ден порано за Кливленд во облик на нетипичен судиски пропуст во финишот и првата тројка во кариерата на Варежао. Тоа се двете причини поради кои Кавси успеаја да се спасат дома против Хоукси. Нормално, никој не знае дали крајниот исход ќе беше поинаков ако не се десеа тие две работи, но начинот на кој судиите го скратија нападот на Атланта по кој исто преку Варежао Кавси поведоа со 100-99 е нешто што до сега го немам видено во моите скоро 20 години следење НБА. Тие што ја гледаа средбата синоќа знаат за што зборувам.
Тоа ја постави сцената за Енди, кој со шут во очај (пред тоа имаше 0-18 за три во НБА) им донесе плус три на Кавси на 17 секунди до крај за совршен роденденски и новогодишен подарок за Леброн, кој беше ѕвер со своите 48 поени.
Но, како еден од ретките фанови на Хоукси со подолг стаж и тоа како сум задоволен од оваа средба во која Атланта покажа дека може да се носи со фаворитите во гости и тоа една вечер откако Кавси славеа сред Атланта. Џо конечно беше лидерот, Биби одигра како на времето во Сакто, а и остатокот од тимот беше одличен.
Со малку повеќе среќа и ќе победеа во Кливленд. Среќа, но пред се здравје кои им ги посакувам на сите кои се со МакНБА од самиот старт, односно некои пет и пол години, како и оние на кои ова им е првиот пост.


