Фотка на неделата 76 – Christmas massacre
Posted by Karakash Under Д-Вајт, Кобиџилница, Лебронџилница, Пирсинг, Фотка на неделата, Шек Бургер on Saturday Dec 26, 2009What a difference a year makes…
Лани за Крисмс, исто како и годината пред тоа, имавме неколку екстра средби. Кога беа најавени главните парови за овој 25.12. сите очекуваа спектакл од Орландо-Бостон и Лејкерс-Кавс. Оправдано, со оглед на тоа дека зборуваме за четирите најдобри тима во лигата (од кои три се од Истокот). Арно ама, во поголемиот дел главните средби синоќа беа тапа, во Дизниленд Двајт “доминираше“ против Бостон, кој и без Пирс покажа дека е веројатно најкомплетниот и најопасен тим во Лигата кој доби многу со ангажманот на Шид. Уште со здрави Глен Дејвис и Маркиз Дениелс, плус Пирс, ќе бидат страшни за секого.
Орландо не ми беше по ќејф ни лани, а ни оваа сезона и навистина не верувам дека се способни за рипит на ланскиот успех. Нормално, ако ко лани не се деси некој ментален колапс на Кавси или пак повреда на Гарнет или Пирс на Селтикси.
Во Ел-Еј пак, Кавси одиграа неочекувано зрело и паметно. Мо Вилијамс беше десната рака која се очекува да биде на Леброн, а остатокот од тимот беше агресивен во вистинска мерка. Некој ќе се пожали на судиите, но тие не влиајеа директно на резултатот, а влијаеа директно на фрустрациите на Лејкерси, пред се поради нивната мизерна игра. Кавси докажаа дека не треба да се исклучат од муабетот за финале, но има уште многу да се игра до тој моменат.
За однесувањето на публиката во Стејплс, но комент, тоа го добивате од разгалени богаташи кои се навикнати само на плескање со нивните намачкани рачиња. Веројатно добра работа во целиот хаос беше што за божиќен подарок добија прсти од сунѓер. Всушност, да добија нешто повредно не верувам дека ќе го фрлеа.



