На нешто повеќе од 20 минути до крај резултатот беше 79-44 за Булси. На крај, беше 102-98 за Кингси. Вистински WTF!?!?!?! момент.
Како може еден тим кој себе си се смета за сериозен, да загуби толкава предност и да го дозволи најголемиот камбек за победа на еден тим во последните 13 години?
Како може еден тренер да дозволи толкаво опуштање и несериозност кај своите играчи?
Како му се дозволува таков, историски камбек на тим од калибарот на Кингси? Не зборуваме за Лејкерси, Бостон, Кливленд, Орландо…зборуваме за Сакраменто.
Ја гледав средбата и искрено, навивав за Кингси. Дел Негро и неговите играчи некако премногу опуштено се однесуваа на клупата, некои се смееја, некои веќе мислеа на следните средби…
Арно ама, Кингси се бореа до самиот крај и, како уште неколку екипи оваа сезона, покажаа дека онаа историска серија против Бостон во ланскиот плејоф тешко дека ќе се повтори, пред се зошто и плејофот делува далечно со ваков пристап.
Причината не е заминувањето на Бен Гордон. Сепак, од лани се појаки за Луол Денг. Но, едноставно капацитетот на овој тим и овој тренер е тој. Серијата со Бостон нико не може да им ја одземе, ама сега сето тоа делува само како случајност. не континуитет.


