t-mac patiki

Со мало задоцнување, ај малце и за првото пребројување на гласањето за Ол-Стар петорките кои ќе ги видиме во февруари во Далас.

Ако постоеше било каква здрава логика никој од нас немаше да биде изненаден од тоа која фаца е втора во конкуренцијата на бекови на Западот, арно ама, по се изгледа гласовите кои се пребројуваат на старт се тие од Кина, зошто да беа и само гласовите од Хјустон, Трејси Мекгрејди немаше да биде втор, зад Коби. Или, момакот кој нема одиграно еден меч сезонава, а и нешто не сме го виделе посебно во последниве најмалку година и пол, има повеќе гласови од Крис Пол, Дерон Вилијамс, Стив Неш, Брендон Рој, Билапс итд…

Па и од Арон Брукс, кој многу повеќе од него заслужува место во Далас, ако веќе мора да се гласа за некој од Хјустон.

Можеби како во случајот со Јаоза, НБА требаше да го тргне и Трејси од ливлињата за гласање за да не се деси некоја глупост. Но, нормално, тоа е неизводливо, пред се затоа што Ти-Мек би требал да заигра сезонава. Не е сигурно дека тоа ќе се деси во Хустон, но сепак.

Верувам дека некаде до 20. јануари работите ќе се сменат и ако сака да биде дел од Ол-Старот Трејси тоа ќе може да биде само ако си купи карта.

Кога Ти-Мек ќе испадне од комбинација, ќе биде весело да се види кој ќе биде втор бек на Западот. како и кого потоа ќе изберат тренерите со оглед на конкуренцијата каква што ни од далеку нема на бек на Истокот.

Остатокот од гласањето е донекаде очекуван. Без Јаоза и оној кој не е центар е убедливо прв во таа конкуренција на Западот.

Чудно е што одличниот сезонава кај се подобрите Тандер, Дурант, е дури петти меѓу крилата, па дури и Пау е пред него. Прв и втор се Мело и Дирк и тоа не би требало да се смени, па Кевин реално може да очекува покана од тренерите.

На Исток, Гарнет некако успева убедливо да биде пред Бош, а зад Леброн. Вејд е очекуван лидер меѓу бековите, каде втор е Картер, а трет Аринас. И овде има голем лапсус со оглед на тоа дека Реј Ален, Дерек Роуз и, пази сеа, Ален Ајверсон WTF!?!?!?! имаат повеќе гласови од Џо Џонсон. Ако некој заслужува да биде во игра за место покрај Вејд, заедно со Џо тоа е Рондо.

Центар на Истокот е Двајт. Добро утро.

ПС: Последниве неколку дена изгледав неколку одлични средби кои се решаа буквално во последните секунди. Дирк беше ѕвер против Бобкетси, Инстант риплејот ги уништи Визардси дома против Индијана, одлична завршница имаа и Бакси и Блејзерси, Санси имаа среќа со Орландо, но истото не се случи и во Денвер, Вулфси сабајлево преку Флин ја изненадија Јута, а Мемфис, иако одличен, не успеа да ги изненади Селтикси…

14 COMMENTS