Тајрик или Брендон?…И двајцата
Posted by Karakash Under Општо / Разно on Thursday Dec 10, 2009(Не Тајрел Брендон, разбира се, туку сегашниот плеј на Бакси)
На последниот НБА драфт само една единствена работа беше позната и за неа се согласуваа 100% од скаутите, тренерите, аналитичарите итн., а тоа беше дека Блејк Грифин е сигурен прв пик и најмалку за една класа подобар играч од остатокот од неговата генерација. Покрај тоа, повеќето сметаа дека единствено Грифин може веднаш да направи разлика и да биде фактор за успехот на својот тим.
По месец ипол од новата сезона сигурен сум дека најголемиот дел од тие скаути и аналитичари би сакале да можат да си го повлечат зборот. Причина за тоа не е слабиот старт на Грифин, кој поради повреда уште го немаше ни своето НБА деби, иако во претсезоната покажа за каков потенцијал станува збор. Причина за повлекување на зборовите се двајца момци кои не ни беа избрани во Топ 3.
Тајрик Еванс и Брендон Џенингс пред драфтот важеа за големи таленти, но поради разни стравувања од страна на скаутите тие не беа дел од оние кои требаше да бидат избрани веднаш по Грифин. Против Џенингс беше италијанското искуство, односно годината помината во Лотоматика наместо на колеџ, година која веројатно е токму главен виновник за неговото созревање како играч и покрај не баш сјајните бројки во Рим.
Против Еванс беше…стварно не знам што, пред се затоа што дечкото имаше добра колеџ кариера и со своите физички предиспозиции да игра на кец и двојка веднаш беше можен голем добиток за онок кој че го избере.
Но, со оглед на тоа кого се имаа на позициите на овие двајца, Мемфис и Оклахома сити не се одлучија за Тајрик, а уште четири други екипи го прескокнаа Џенингс. А три од тие четири тима, ако се одземе Торонто, имаа јасна потреба за плеј како ТитаНикси, Минесота и Голден Стејт. Вулфси дури и беа толку слепи па избраа двајца плејмејкери. Ај, ако беа несреќни (и глупави) со изборот на Рубио, кој јасно кажа дека не сака да игра во ладниот Минеаоолис, што им требаше Џони Флин, кој не е лош играч, но не е Џенингс.
За инает на оние кои не ги избраа, Тајрик и Џенингс рокаат газове сезонава! И тоа како рокаат газове!
Двете екипи кои најмногу изненадија до сега (барем мене) се Бакси и Кингси кои искрено, мислев дека ќе се наоѓаат во истата ситуација во која сега се Нетси. Да бидат шансите контра нив уште поголеми, покрај слабите ростери, и двете екипи оваа сезона многу малку можеа да сметаат на своите први стрелци и осамени опции во нападот, Мајкл Ред и Кевин Мартин.
Но, Тајрик, со помошта на уште неколку фаци меќу кои уште еден руки – Омри Каспи, направи во Сакто да заборават на Мартин и пак да почнаат да галамат со звончиштана. Сакраменто, под водство на Пол Вестфал кој исто така има голема заслуга, има скор 9-12. Можеби не звучи спектакуларно, но за тим како Кингси тоа е фантастичен старт.
Џенингс пак, не се изгуби после онаа партија од 55 поени и си продолжи да импресионира. И без Ред, а малку и без Богут, Милвоки до сега има скор 10-11, доволно за шесто место на Истокот. Пред Детроит, Торонто, Визардси, Булси, Филаделфија…
И бројките на Еванс и Џенингс се слични. Тајрик има 20.2, 5.0 и 5.1, додека Џенингс е на 21.1 поени, 3.8 скокови и 5.7 асистенции. Првиот е подобар во шутот од поле, а вториов е подобар тројкаш. Тајрик игра малку повеќе на сила, додека Џенингс оди на финеси…и е левак.
Мене лично повеќе ми се свиѓа Еванс и покрај целата врева околу Џенингс. Не дека момакот е нешто послаб, ама на моменти премногу ме потсетува на Ајверсон, а тоа не е добра работа
Сепак, вкус си е вкус, а едно е јасно, а тоа е дека и Еванс и Џенингс имаат голем потенцијал да станат легитимни НБА ѕвезди. Нешто за што некои момци кои беа избрани пред нив на драфтот можат само да сонуваат.




