Врти-сучи…Вуду-муду…Ајверсон

Posted by Karakash Under Featured on Tuesday Dec 1, 2009

ajverson3-0911

МакНБА ко да беше на ептен продолжен викенд и врти-сучи, муабетот пак не носи накај Ајверсон. Не дека немаше интересни потези и други случки последниве 4-5 дена, но некако поголемиот број медиуми се уште го вртат муабетот за наводното пензионирање на Ајверсон, кое уствари не е пензионирање, т.е. е повлекување, всушност, е привремена пензија, онака, додека не се најде некој да му понуди договор, пошто, во моментот никој не го сака, освен жената и децата дома.

Ама ќе се најде нешто, да не се патува за Европа, далеку е, а од и таму никој па не го бара. Да не зборам за стресот и срчката која би го стрефила секој европски тренер кој би си имал работа со него.

Сепак, кармата е некоја чудна ствар и овој пат игра за Ајверсон кој, ако се точни шпекулациите, ни сам не можеше да посака и да се понадева на подобра можност и град за крај на кариерата. Всушност, Филаделфија е и единственото место во кое тој оствари успех и каде беше максимално почитуван. Се по трејдот од Сиксерси всушност е слободен пад кој кулминираше со клоцата од Гризлиси.

Е сега, во моментите кога и ТитаНикси дигнаа раце од негов ангажман, Ајверсон почна да практикува вуду магија и недолго потоа му се исполни планот. Првиот, и веројатно единствен плеј на Сиксерси, Луис Вилијамс заработи скшена вилица, вистинска кошаркарска повреда, поради која ќе јаде на цевка во следните месец дена, а ќе се врати за два месеци, иако како што му тргна магијава на Ајверсон, може таа пауза да потрае, па човекот да го шине увото или нешто слично.

На крај најважното, и покрај сите желби на вуду фолирантот Ајверсон, Сиксерси се уште не го потпишаа, иако тоа делува како доста веројатно со оглед на нивната “победничка“ серија, како и дупката на плеј (аико Ајверсон никогаш не ни бил плеј), како и се попразната домашна арена.

Повторната љубов е речиси сигурна, но не верувам дека ќе потрае. Исто како што нема да има веќе постови за типот. Што е многу-многу е, а ако ви се чита за Ајверсон, удрете само еден search на МакНБА, има доста материјал.

1 COMMENT