90040708AB009_MAVS_LAKERS

Дури сега седнувам на Нет по синоќешниот/сабајлечкиот маратон со неколку средби.

На кратко, ги изгледав Хоукси и Визардси, и иако мислев дека Хибачито ќе биде проблем за Атланта, момците на Вудсон покажаа зрелост плус која ја немаа ланската сезона. Со Крафорд и Џо Смит се дефинитивно појаки од лани и можеби, ама само можеби, ќе се убацат во трка за трето место на Истокот. Но, се уште е рано за така храбри прогнози.

Визардси пак, исто така ќе бидат незгодни сезонава за секого, што е нормално ако се знае дека за разлика од лани се посилни за Аринас, Оберто, Мишел Милер, Хејвуд и Ренди Фој. Синоќа им се повреди, не многу сериозно, Батлер, а кога ќе се к0мплетираат и со Џејмисон, се сигурен плејоф тим.

Бобкетси и Никси одиграа резултатски интересен меч со дупли овертајм во кој само стана уште појасно дека и едните и другите можат само да сонуваат плејоф оваа сезона.

Продолжив на Детроит и Оклахома Сити каде дружбата на Дурантула само му покажа на Думарс дека требаше да почне тотален ремонт или да чува пари за следното лето. Вака, нема пари за нови играчи, а има тим кој не може подалеку од 1. рунда, а и тоа е под голем знак прашалник.

Малце ги ѕирнав и Лејкерси и Мавси, и за разлика од Шеп, мене не ми сметаа дресовите на Далас. Но, веројатно им сметаа на шампионите кои беа бедни. Неиграњето на Пау-Пау не е никакво оправдување за поразот, а се надевам дека слабата игра ќе им продолжи и утревечер со Хоукси.

Барем Шенон Браун го имачше куцањето на вечерта.

Ги загледав и Бостон и Чикаго каде Селтикси покажаа дека ќе бидат опасни оваа сезона и ако останат здрави тешко дека некој ќе ги спречи да си ја вратат титулата. Но, како што реков погоре, уште е рано многу рано.

ПС: Нештињо подели 20 асистенции.

1 COMMENT

Homeless_man_2

Ви текнува на Дејвид Вон? Момакот кој беше дел од Орландо во последната сезона на Шек таму? Е па, Вон очигледно е идеалниот кандидат за прашањето “Како да спискате 2.2 милиони долари и на крај да завршите на улиица?“ Ама, буквално на улица.

Отсекогаш сум се чудел како некои професионални спортисти или пак музичари успеваат да банкротираат и во некои случаи и да завршат на улица, каков што е примерот со Вон. И ако тој е за чудење, што да се каже за ликови како Кемп, како Ајзеа Рајдер или пак, она што е последен таков пример, Ентоан Вокер, кој во кариерата имаше заработено преку 108 милиони долари, а сега мака мачи да отплати некои долгови. Бедник.

Пак на Вон. Неговата приказна е вистинска лекција за сите оние ликови и оne hot wonder-и кои ги гледаме на MTV Cribs, како се расфрлаат со луксузни куќи и автомобили.

1 COMMENT

Не требавме многу да чекаме на првиот вистински постер оваа сезона, откако Мело го овековечи отварањето на сезоната во Колорадо со поздрав за Пол Милсеп.

Покрај тоа, синоќа new look Репторси го запалија Ер Канада центар победувајќи ги Кавси за втор пораз без победа на дружината на Леброн, на кој пак џабе му беше и трипл-дабл. Ко што спомнав и во претходниот пост, а и на Твитер додека се играше средбата, ако во Кливленд сакаат да се носат со Бостон и Орландо, ќе мораат да направат уште еден трејд, најверојатно за Стивен Џексон.

Синоќа Еуро тимот на Репторси, плус Бош, им одржа лекција на Кавси, а изненадување за сите беше Андреа Барњани, кој одлично се снаоѓа во run and gun шемата на Триано, нешто за што пекаше Коланџело. Првата победа сезонава беше доволна Хидо да почне да лета во облаци:

“We are as good as anybody out there right now,” Turkoglu told the Toronto Sun. “We don’t get a lot of credit, even to make the playoffs. But we really don’t care. I’m very confident about myself and my teammates.”

90040604GR005_NETS

Синоќа го имавме и првиот шут за победа во последна секунда во двата поени на внукот на Доминик, Демиен Вилкинс, кој ја сефтоса сезоната за Вулфси, додека Нештињо во Ел-Еј покажа дека не е за фрлање со 15 поени во последната четвртина за победа на Санси.

Ги гледав Хоукси и Пејсерси, и искрено, Атланта го има најдобриот тим после доооолго време. Сега е на Вудсон да не ја оплеска, а и на Џонсон да биде вистински лидер на овој тим.

Кој вика дека една година пауза нема да му дојде добро на еден ветеран? Прашајте го само Џејсон Вилијамс.

3 COMMENTS

Кој преку P2P, кој преку NBА League Pass, кој на Џастин ТВ, синоќа си се снајде и го испоштува стартот на новата НБА сезона, нешто на што се чекаше откако Лејкерси полесно од очекувањата ја освоија титулата минатиот јуни.

Нормално, централен, покрај церемонијата на прстенување на Лејкерси, беше дуелот на Кавси и Селтикси, дуо кое заедно со Орландо ќе царува на Истокот, исто како и лани. И уште од старт Бостон покажа зошто поголем дел од НБА аналитичарите и екс-играчи ги гледа во Големото финале, а добар дел од нив и како нови шампиони. Нормално, патот до враќање на тронот води преку Холивуд, но барем на хартија, а синоќа и во Кливленд, Селтикси делуваа навистина опасно.

За потсетување, тие лани имаа старт од 27-2 пред да се повреди Гарнет, без кого го изнамачија следниот шампион на Истокот, Орландо. Сега Кеј-Џи делува здраво, иако не е на 100%, а како плус главоболка на конкуренцијата Бостон е појак и за двете страшни фризури, Афрото на Рашид, како и за Муфлонот на Маркиз Дениелс.

Кавси од др. страна верувам дека ќе пробаат да направат трејд за несреќниот во Оукленд Стивен Џексон, затоа што очајно им треба лик кој покрај Леброн може сам да креира во нападот. Шек не е за втора опција, но може да биде корисен, а пакет од Џексон + Туриаф би можел да ги убеди Кавси да се откажат од Илгаускас.

Мо Вилијамс редовно се губи против големи екипи, додека Делонте Вест се уште е изгубен.

Она што исто така ја одбележа вечерта синоќа беше и камбекот на Agent Zero, кој го распали Хибачито сред Далас каде Визардси покажаа дека можат да бидат најголемото изненадување сезонава.

Хјустон и Портланд одиграа нови четири досадни четвртини.

Лејкерси без Пау, но со разбудениот Бајнам + Коби стартуваа со победа со новите прстени на раце. Барем сите освен Артест, кој можеше само да гледа како новите соиграчи се китат. Да не биде без ич, тој си ја накити главата со еден куп глупости, чисто да им конкурира на Шид и Дениелс за најгадна фризура.

ПС: Клипот е дел од промо кампањата на TNT. И, по милионити пат, има ли профи лига која е подобро презентирана преку клипови и останати медиуми од НБА?

4 COMMENTS

Дибек за правата на жените

Posted by Shepard Under Бизаро, Видео on Wednesday Oct 28, 2009

Иако сум голем навивач на Лејкерси сепак ова е една голема глупост од страна на Рон Рон. Не дека каузата не заслужува поддршка, ама од гето фраер, тепач и ________ како што е Артест, ова му доаѓа дури и ко исмевање. Ако си толку загрижен, дај некој долар за тоа, а не глуми “пејач” у некое паркче у Палм Спрингс или сл. Свашта.

ADD COMMENTS

Време е за Ene-Be-A…(Двојазичност на дело)

Posted by Karakash Under Видео on Wednesday Oct 28, 2009

7 COMMENTS

Вечер стартува новата сезона (кое клише интро)…а со оглед на тоа дека освен за Хјустон и Торонто немавме ваш текст за некоја друга екипа, (Шеп ќе ја прави најавата за Лејкерси, ја за Хоукси), после оној текст за четирите екипи од Дното на Западот, следат два “Групњаци, еден за Западот и еден за Истокот. Некој ќе добие повеќе.  некој помалку реченици…Идеме, не по некој посебен ред:

pop

САН АНТОНИО – Знам дека голем број НБА фанови се надеваа дека ланската плејоф елиминација беше последното што ќе го видиме од овие Спарси, но трејдот, па пензионирањето на големиот Брус Боувен не ја поремети визијата на Поп за максимумот на оваа генерација. Данкан намали килажа, Ману е здрав, а Тони е Тони. Покрај нив сега ги имаат и Ричард Џеферсон и Антонио Мекдајс на двете најкритични позиции од лани. Да сум фан на Лејкерси би се замислил во врска со Спарси. Да сум фан на Денвер, би се исплашил од Спарси.

kris-andersen-brada

ДЕНВЕР – Последната реченица од делот за Сан Антонио најдобро ја опишува сезоната за Нагетси. Тие остануваат еден од фаворитите за пласман во финалето на Западот, но ќе биде потешко од лани. Ги нема Клеиза и Џонс, но има некои нови фаци кои би требале да ги заменат солидно, со поголема минутажа за Смит. Мело е во најдобрата форма, барем физички, од било кога и се ќе биде во негови раце ако сака да ги стигне другарчињата од својата драфт генерација Леброн и Вејд.

90445066JA003_BASKETBALL_HALL_OF_FAME_INDUCTION_WEEKEND

ЈУТА – Ова лето требаше да биде турбо за Јута, но наместо тоа во Солт Лејк Сити беше мирно како што и може да се очекува од мормонскиот главен град. Бузер остана, иако може да се деси да го трампаат сезонава. Остана и Милсеп, како и Мемо, додека не успеаја да се откачат од неупотребливиот Кириленко, кој и понатаму им го цица селари-капот. Дерон останува најдобар играч, плејофот е достижен, ама тоа е се. Најдобар потег ова лето беше примањето во Спрингфилд на Стоктон и вечниот Џери Слоун.

kris-pol-trening

ЊУ ОРЛЕАНС – Ланската сезона беше големо спуштање на земја за Хорнетси, тимот кој требапе да има светла иднина. Крис Пол останува МВП кандидат, добар дел од тимот е сменет, но се уште го немаат оној квалитет плус за нешто поголемо. Се откачија од Чендлер, го имаат Емека, кој почна да им оди на нерви на новите соиграчи, Пеџа и понатаму зима пари за ништо, Вест е една од подобрите “четворки“ во лигата, Скот може да добие отказ сезонава.

dirk-forgetting_we_believe

ДАЛАС -Најактивни ова лето, заедно со Спарси, беа Мавси, кои одиграа паметно не чекајќи го Летото 2010 за кое се спремаат сите. Остана Кид, но Дирк сега покрај себе ги има и Мерион и Дру Гуден. Заедно со Џош Хауард прават интересна петорка која може да игра клучна улога на Западот. Не дека ќе бидат шампиони, ама изгледаат доста подобро од лани.

КЛИПЕРСИ – Кога се изгледаше дека ќе биде поубаво, дека ланската сезона ќе биде далечно минато и дека повреда веќе нема да биде збор кој ќе се слуша кај секогаш вториот тим во Ел-Еј, Брадата на Берон пак остана сама. Барем на стартот на новата сезона. Блејк Грифин го повреди коленото и ќе го нема некои месец и пол, а тоа значи нови маки за Данливи. Сепак, оваа сезона ќе биде подобра од ланската. Полоша не може, иако кога се Клиперси во прашање, се е можно.

ГОЛДЕН СТЕЈТ – Какo она We believe да беше пред мнооогу години, Дон Нелсон пак се скара со некој од играчите. Стивен Џексон се откажа од капитенската лента и побара трејд. Рендолф, Мороу и Кари можат да изненадат многумина, а интересно ќе биде да се види и Монтеј. Ќе играат брза кошарка, а на крајот плејофот пак ќе го гледаат од дома.

ПОРТЛАНД – Лани успеаја да стигнат до плејофот, но таму изгореа поради незнаење. Оваа година се малце постари и поумни, а и Грег Оден, конечно, делува како да фаќа залет. Главен потег беше ангажманот на Андре Милер, кој би требал да им донесе стабилност на плеј, додека најмногу среќа имаа кога нивните милиони ги одби Туркоглу. Интересни за гледање и тим на иднината.

sansi_knowing

ФЕНИКС – Викаат дека пак ќе трчаат, дека ќе играат како кога беа дел од НБА елитата. Арно ама, Неш е постар, Амари е осамен во рекетот, Хил е уште постар од Неш, а Џентри не е Д’Антони. Имаат понекоја светла точка, но факт е дека полека, но сигурно станува тажно во Аризона. Штета.

2 COMMENTS