Aug 28
Posted by Karakash Under Лето 2009 on Friday Aug 28, 2009

Ајверсон на неговата Твитер (кој станува се подосаден) страна:
“Memphis is a place that I would love to play. The Grizzlies have good young players with a great upside. I love the city of Memphis too.
“I would lead by example. I could show how important it is to work hard everyday, play the game the right way, & just like it’s your last!”
Ова по објавувањето на веста дека Мемфис е заинтересиран за Ајверсон и дека Гризлиси му понудиле договор. Пример? Ајверсон? Да, за тоа секој меч го третира(л) како последен и дека знаел да гине на терен. Но, дека може да биде пример за младите играчи, со тоа што работи напорно секој ден? Мислам, зборуваме за истиот Ајверсон кој цела кариера имаше проблем со тренинзите, нарекувајќи ги небитни.
Точно е дека Мемфис има млад и талентиран тим, кој веќе доживеа сериозен удар со доаѓањето на Зеко Рендолф ова леѕо. Уште Ајверсон им фали и да станат тим со никаква перспектива. Плус, си ги имаат младите и талентирани Конли и Мејо на кец и двојка.
Од друга страна, зборуваме за клубот кој го потпиша Дарк-О и кој им го поклони на Лејкерси Пау Гасол за кило сончоглед.
Aug 25
Posted by Karakash Under Бизаро, Видео on Tuesday Aug 25, 2009
По она што се дешаваше во “пријателската“ помеѓу Канада и Италија, и Мексико и Уругвај одлучија да покажат дека знаат да одиграат “пријателски“. Кутрите играчи на Уругвај на крај не знаеа кај да бегаат, а летаа и столчиња на сите страни. Онака, кафански.
Aug 24

Ако последниот плеј-оф, па и комплетната сезона не беа доволни, тогаш последните случки околу Мајкл Бизли и тоа како се доказ дека Булси ама ич не згрешија кога како прв пик го избраа дечкото со послаби бројки, но многу повеќе во главата на ланскиот драфт.
Од самото влегување во НБА, Мајкл Бизли влезе во проблеми откако беше фатен со марихуана, а таквиот пат надолу продолжи и во текот на сезоната. Секогаш кога го гледав на теренот, и покрај очигледниот потенцијал, Бизли делуваше изгубено, а удел во тоа и тоа како можеле да имат одредени супстанци.
Последно од него е пријавувањето во Клиника за лекување од зависности, а пред некој ден беше доста актуелен поради бришењето на својата Твитер страна откако на неа се појавија негови разни нелогични изјави, несоодветни за некој од над 10 години. Плус, сликата од новата тетоважа во чија позадина се гледаа неколку сомнителни ќесички.
Michael Beasley checked into an unidentified Houston rehabilitation hospital over the weekend, multiple sources told Yahoo! Sports.
Sources said the Heat encouraged Beasley to check into the facility to address possible substance and psychological issues. He is expected to spend time with former NBA player and coach John Lucas, who is widely known for his success in working with troubled players.
Beasley’s admission comes after a handful of disturbing Twitter posts were attributed to him on Friday afternoon.
Aug 17
Фотографијата, барем за мене, отсекогаш имала посебен шмек. Посебно тие од 80-те години. Веројатно за тоа причина се фактот дека тогаш, единствен начин да видиш некоја од НБА ѕвездите беше или во списание од типот на Темпо или Кош кога посебна фешта беше кога имаше екстра постер или пак во ретките ТВ снимки со лош квалитет и со неколку неделно задоцнување во неделното спортско попладне.
Нормално, допринос за фасцинацијата со фотките од таа ера, но и потоа има и фактот дека тогаш немаше ЈуТјуб или слични сервиси кои денес ја прават НБА 100% достапна во секој момент.
Токму поради тоа, а и поради 50. роденден на Меџик, ми текна дека некаде имав фотки од човекот кои не би требале само да седат по фолдери. Еве некои од нив, а ништо чудно во иднина да има и од некоја друга фаца од таа ера.
Има уште од Меџик, ама тоа во некоја друга пригода.





Aug 14

Меџик наполни половина век. Нешто што пред неполни 20 години (поточно 18) за сите беше мишн импосибл. Нормално, главната причина за такво нешто беше онаа шокантна вест пред стартот на сезоната 1991-92 кога Меџик, во солзи и со жена му до него на целиот свет му соопшти дека закачил ХИВ вирус и дека поради тоа веќе никогаш нема да го видиме на терените.
Тоа беше огромен шок, за сите кои се сеќаваат на тој ден, но на крајот Меџик го видовме и на Ол-Старот во Орландо, а потоа и како дел од единствениот Дрим Тим, па и пак како дел од Лејкерси, на кратко.
Денес Меџик е ТВ аналитичар, меѓу многуте други работи со кои се занимава, но тој Меџик кој се појавува на НБА ТВ и ТНТ мене не ми е познат. Далеку е од интересен на начинот на кој беше на теренот.
На теренот на кој беше нешто до тогаш невидено со својата комбинација на преглед на игра, чувство за асистенција и висина. Не беше некој атлет, но тоа не го ограничуваше, напротив, само во целост го искажа неговиот огромен талент.
За неговата болест се поврзуваат разни контроверзии, но тоа не е темата на овој пост, а и искрено, не ме интересира. Меџик за мене засекогаш остана оној лик со неверојатна насмевка и асистенции кој беше душата на Шоутајмот на Лејкерси и беше пример како се ужива на теренот, играјќи кошарка.
Aug 11

Нормално, насловот, како и линкот подолу треба да се примат со резерва, зошто секоја будала во Америка, без разлика дали спие на пари или не, е болна за внимание од медиумите. Сепак, ова нема да биде прв пат некој спортист да мисли дека може да добие се што ќе посака само затоа што се вика, на пр. Реџи Милер.
А и Реџ отсекогаш ми делувал малку манијакално (или маањак). Како и да е, сликата е одлична.
Еве го линкот до целата приказна, (плус слика од цурата која му фатила око на Реџи – наводно, разбира се.
ПС: Како само се поклопува бројот на Фотка на неделата со оваа приказна, која бај д веј нема да му се свиѓа на Чоте, фанот на Реџи.
Aug 10
Posted by Karakash Under Лето 2009 on Monday Aug 10, 2009

Linas Kleiza has agreed to a two-year, $12.2 million with an opt-out next year with Olympiakos.
Ете, суфлакито нема да биде Ала Ајверсон, туку ќе има литвански шмек. Како зачин лудите Грци, кои кога веќе не работат со профит – барем да се збори за нив и кои не жалат милиони во обидот да го симнат Пао од тронот, го донесоа и Вон Вејфер од Хјустон.
Ова е многу поголем минус за Денвер отколку што е плус за Олимпијакос. Во летото во кое скоро сите најголеми ривали на Западот, ама и на Истокот се засилија, Нагетси направија чекор назад со губењето на еден од клучните играчи од клупата.
Инаку, неколку дена немав нет, ама не пропуштивме ништо поврзано во врска со НБА. Понекоја ситна вест ваму-таму, но ништо посебно. После фуриозниот старт на летото и нема веќе многу работи кои можат да изненадат.
ПС: Што се однесува до Ајверсон, човекот уште нема клуб, а како стојат работите, тешко дека и ќе го најде. Мајами беше некоја опција, ама и они, како и Клиперси и Мемфис пред нив, полека се откажуваат. Можеби последна надеж за Ајверсон се Никси, кои би прибрале се живо, само да е на една година. А и немаат “двојка“.