melo-jade-bostan

Секој знае дека во околината на Ск. најдобар бостан има во Љуботен, информација која очигледно стигнала и до Мело.

Шала на страна, човекот се лади со добар бостан каков нема пробано до сега во животот, откако на Jumpman кампот во Шпанија го дочекаа жештини какви па нема во Денвер. После најуспешната сезона на Нагетси после дооолго време, Мело заслужи и некое парче бостан, кој покрај историјата(?) е нешто што исто така не поврзува со нашите јужни “браќа“.

ПС: Иначе, она “чаирско“ во насловот е поради т.н. Бостан стрит во Чаир, кај бензинската. Немам поминато се уште од таму годинава, но не се сомневам во ревноста на нашите органи на редот и мирот да им обезбедат што е можно подобри услови за работа на сред улица на продавачите на бостан.

6 COMMENTS