Одамна, поточно од финалето и утката на Ли, немало “Фотка на неделата“. Тоа го надокнадуваме со фотки во новите дресови на своите нови клубови на неколкуте главни фаци кои во изминативе 20-тина дена си ја сменија адресата и значително можат да го сменат односот на сили во двете конференции.

Најголема  фаца од сите нив секако дека е Шек, но тоа не мора да значи и дека тој ќе има најголемо влијание врз своот нов клуб. Тука се и Винс, кој се врати дома во Орландо, Хидо, кој пак Дизниленд го замени со првиот НБА дом на Винс – Торонто, Артест, на кого му се исполни желбата да му го чува грбот на Коби.

Во спротивен правец отиде Тревор Ариза, додека грбот на Гарнет, Реј, Пирс и Рондо ќе го чува Рашид. Тука се и соиграчите од Конектикат, Гордон и Вилануева, кои си се најдоа пак во Детроит, како дел од рибилдингот на Думарс.

Да не го заборавиме ни Ричард Џеферсон, кој после година дена во чистилиштето Милвоки со Спарси пак има шанса да биде дел од релевантен тим, а и заедно со Антонио Мекдајс им дава на момците на Тимчо ново оружје во обидот за камбек на врвот на Западот.

После сите овие нови фаци во нови дресови јасно е дека најголемите потези ова лето се случија на самиот негов почеток, исто како што е јасно дека не очекува супер интересна 2009-10. сезона. А има уште нешто повеќе од три и пол месеци до нејзиниот старт.

Кој од овие играчи, според вас, би можел да има најголем импакт врз својот нов клуб? Било да е позитивно или негативно тоа влијание.

shaq-vo-klivlend

vins-orlando

rashid-boston1

hido-toronto

artest-lejkers1

gordon-i-vilanueva-detroit

richard-jeffersoncut

ariza-hjuston

5 COMMENTS