LeMonster

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Легенди, MJ23, Playoff '09 on Saturday May 23, 2009

До сега веројатно го видовте видеово неколку пати. Мислев да напишам пост за целата втора средба од финалето на Истокот, а после оној клач кош на Хидо почнав да барам и слика од оние “сликања“ на Кавси пред средба за пост со име “Сликајте се сега“, но тогаш на сцена стапи најдобриот НБА играч во моментот.

Најдобро да го оставам него да го доврши постов, без анализи за тоа како ова може да влијае врз остатокот од серијата…

87746154ML100_Orlando_Magic

“We couldn’t afford to go down 0-2 in this series. They kept their composure, but so did we. That was great shot the Hedo hit, but so was mine. It was a great shot. We matched them shot for shot.”

“Biggest shot I’ve hit in my career. That’s a shot you’ll see for a long time. You watch classic games. Jordan making those shots. Jerry West. Magic Johnson going across the lane against Boston. Even when the game has left you as an individual, you remember those shots. I want to be remembered in that class.”

“I was always Jordan making that shot. Because when I was a kid, I wanted to be Michael,”

87746154ML097_ORLANDO_MAGIC

“Clock winding down, take the last shot, the crowd goes nuts. I got my bag of Michael Jordan tricks, I guess. For me, a second is a long time; for others, it’s very short. As a kid, you practice those types of moments. You sit in your backyard or in the gym and you go five … four … three … two … one … honnnk!

You don’t have to be in the NBA to know what I’m talking about. To hit a shot at the buzzer at home, in a moment like that … WOW!”

87746154ML089_Orlando_Magic

“The reaction from the fans, my teammates … the loudest it’s ever been in this building was when we made the playoffs for the first time. I’d say tonight surpasses that by 10 times. It was unbelievable.”

“You couldn’t hear anything but the roar. They deserve it. They deserve it.”

That guy’s not in the league anymore,” he said, smiling. “The other 23 is on the good side now. That other 23 is gone. We don’t have to worry about him anymore.”

87746154JG021_MAGIC_CAVS

“I practice those types of things. You guys see me. I catch and shoot, do things that may not happen in a game. It happened tonight. When I caught the ball and squared up, I felt great. When the ball was in the air, it looked like it was going in. But the breaks we’ve been getting so far, there was a chance it wasn’t going in.”

6 COMMENTS

87745952AB049_NUGTS_LAKERS

Баш му се нафрлив на Карл, а?

Ама има причина, а заради тоа и Денвер, за разлика од првата средба, славеше сабајлево сред Ел-Еј.

Не знам дали приметивте, ама Карл несакајќи, а и од што немаше др. опции, мораше да го стави Линас Клеиза во игра откако далеку понеквалитетниот Данте Џонс направи четири лични набрзинка, а изгубениот до сега во оваа серија Џеј-Ар Смит застана на брзи три лични.

87745952NG069_NUGTS_LAKERS

И тоа Карл го направи откако Кармело го побара тоа од него. Тоа го потврдија и од ЕSPN во текот на преносот.

Кулминација на тоа “Кој ги води Нагетси?“ видовме во последната четвртина, кога го извади прво Билапс, а после Кармело од игра. Тие излегувања на двајцата клучни играчи траеа цели 30 секунди, откако и едниот и другиот не се сложија со одлуката на Карл, нешто што не го криеја и јавно го покажаа. Карл мораше да ги врати одма во игра, откако и двајцата го побараа тоа.

А и беа извадени во ситуација во која не смееја да бидат извадени, кога и двајцата го контролираа темпото на игра и беа голем проблем за Лејкерси. Да останеа на клупа, односно да му дозволеа на Карл да ја истера својата глупост до крај, Лејкерси за Колорадо ќе патуваа со 2-0, во тоа сум сигурен.

87745952MW021_Denver_Nugget

Ај доста се занимавав со Карл. Иако и Зенот ми беше малку чуден сабајлево. Прво со вадењето на Коби во задња кога се кршеше резултатот, без разлика на неговите филозофии дека сака да извади максимум од сите момци, не само од Коби.

bajnam-mrci

Како и со апла неиграњето на Бајнам во второ полувреме, откако во прво беше голем проблем за Денвер во рекетот. Како Зенот да се прилагодуваше на Денвер, а не да ги натера Нагетси да се прилагодат на играта на Лејкерси.

Вторава средба малку ми наликуваше на таа од една вечер претходно, само што овој пат наместо Делонте, друг играч кој немаше некоја посебна вечер го имаше последниот шут, и тоа за три. Но, за разлика од Вест, кој барем во првите две серии имаше некоја поистакната улога, Фишер е тотално неупотреблив во овој плејоф.

Тоа што ќе погоди еден или два шута за три не ми значи ништо, посебно ако се види каква (не)игра одбрана и колку е изгубен во напад.

Човекот никогаш не ми бил нешто омилен, но ја имал таа среќа во кариерата да се вклопи во системот на Џексон. Како еден Би-Џеј Армстронг, Пексон, Кер, Шо…итд.

87745952NG054_NUGTS_LAKERS

Интересно е како од тим кој во првото полувреме не играше никаква транзициона одбрана, кој немаше ни дефанзивен, ни офанзивен скок и кој често не знаеше што во напад, Нагетси во второ полувреме покажаа сосема друго лице. Нешто слично како Орландо во Кливленд.

Беа спомнати судиите, но и тие се луѓе, па грешат, важно тоа не е на штета на едните, а во корист на другите. Исто како што и играчите грешат на теренот. Дури и најдобрите.

87746152ML077_Orlando_Magic

Како и да е, имаме две серии кои само го потврдуваат одличниот квалитет на ова разигрување и на НБА како продукт. Исто како што потврдуваат дека никогаш не може ништо да се знае однапред.

Не дека не е можно најавуваното финале Лејкерси-Кливленд, ама сега патот до финалето и не им е баш лесен и на двата клуба. А и рекламите на Гејторејд и Најк со Коби и Леброн некако немаат баш смисла.

Кога сме кај Леброн, некако се ми се чини дека не му е судбина да освои титула оваа година. Секоја голем играч имал десна рака која за малку не била на негово ниво. Три од четирите тима кои уште играат го имаат тоа, додека Мо Вилијамс треба да докаже дека е тоа.

9 COMMENTS

karl

Еве ме и мене.

Јас па за разлика од Шеп имам сосема различен поглед за некои од стварите кои се дешаваа во првите две средби од конф. финалиња, посебно на таа во Ел-Еј. Имав пишано и подолг пост на таа тема, ама сега, откако работава забајати малце, ќе удриме само по некоја кратка констатација за двете средби, па од утре, здравје, по старата шема.

За мене најголем виновник за изгубената средба на Денвер е човекот на сликата погоре. Карл до сега има докажано дека можеби е тренер кој ќе однесе силен тим (ако му се погоди) до пред финале, а еднаш и до финале, ама никогаш до крајот. И секогаш за тоа му требал еден играч кој ќе биде тренер на теренот и еден кој ќе биде стрелец суперстар. Така беше и во Сиетл, па во Милвоки и е сега во Денвер.

Нагетси ја имаа победата во раце, но лошите одлуки на Карл во финиш им ја одземаа таа победа. Со кој памет се става Ентони Картер да изведува аут во решавачки напад кога во таа ситуација го покрива за две глави повисокиот Одом? Да не зборам за тоа дека Картер во тие моменти не ни требаше да биде во игра, зошто не ти носи ништо позитивно, ни офанзивно, ни дефанзивно.

Секоја чест на Коби и Мело на фантастичните партии и одличниот машки дуел.

luis-slavi

Вторава средба вечер ќе биде показател за тоа дали Нагетси се стварно предизвик за Лејкерси, кои не беа сјајни на првата средба. Тоа дека можат да ги добијат е факт, само треба да бидат водени многу подобро од тренерски аспект. А и онакви глупави фаули како оној на Мартин на крајот над Коби се стварно показател на ниска интелигенција на Кенјон.

Не дека Бајнам е нешто попаметен.

Што се однесувс до Кавси и Орландо, конечниот резултат стварно беше изненадување. Посебно по она фуриозно прво полувреме на Кливленд. Но, не знам дали пак Двајт, Хидо и Луис на една средба ќе одиграат така добро сите тројца. Исто како што не знам баш дали Леброн може на секоја средба да биде таков ѕвер како сабајлево.

Едно е сигурно, а тоа е дека играњето на само осум средби во нешто повеќе од месец дена не делува баш најдобро на Кавси, кои немаа никаков ритам во второ полувреме во кое пак Хидо, Луис, па и остатокот од Орландо погодуваа од секоја позиција.

А и Орландо не е Детроит, или пак десеткуваните и немоќни Хоукси. Ова е првиот вистински тест за фаворитот на Истокот, кој го паднаа на старт. Да видиме како ќе продолжи тестирањето.

Онаа извикана одбрана на Кавси ја немаше никаде, а нападот беше тотално импотентен, со исклучок, нормално на ѕверот, кој на крај сепак не издржа. Сепак, мислам дека работите ќе бидат поинакви на следната средба, освен ако не станува збор за нешто посериозно кај Леброн.

Има уште доста да се пишува и за двете средби, ама некако сега не ми е баш актуелно.

Се читаме утре…

4 COMMENTS

Да не биде без пост

Posted by Shepard Under Општо / Разно on Thursday May 21, 2009

Најпрво, МакНБА управата се извинува за тоа што не’ немаше кога е густо, али проблемите беа надвор од наша контрола. За среќа, сега се е средено и блогов ќе си функционира и боље од претхнодно.

Додека да пише Енко, да кажам и ја некој збор за двете отварања на конференциските финалиња. Некако коинцидира овој пост и со моментот кога се снајдов за стримање :)

Прво, она што ми е побитно: Лејкерс – Денвер

Денвер потврдија 2 ствари што беа кажани за нив: а) дека се силен тим и б) дека се гето тим. За жал, двете лица ги распоредија лошо за нив временски – се испуцаа на почетокот, а на крајот не им остана ништо освен љутите погледи и понашањето “шо ме глеаш бе”. Не може да се вадат на неискуство пошто имаат и те како искусен тренер, а и клучната грешка (изгубената топка) ја направија двајца прилично искусни играчи – Чонси Билапс и Ентони Картер. Требале да ја прегледаат легендарната утакмица со Феникс од пред 3 сезони, кога тогашниот #3, Девин Џорџ исто ко Ариза завчера, му ја здипли на Нешти и Лејкерс тепаа.

За Лејкерси пак, после мукањето со Хјустон, како ја почнаа утакмицата, помислив дека ќе биде 0-4 на крајот на серијата. Тоа тромост, млитавост, збуњеност, у одбрана промаја.. страв да те фати. За среќа, лав хим ор хејт хим, Лејкерси го имаат Коби, кој после неколку минути виде-не-виде, го уклучи лидерскиот моуд и некако Лејкерси се вратија. Добар удел имаше и Гасол, иако цело време си е ко камилица на ливада. Фишер ќе мора малце поише од двете клучни тројки ако сакаат да се пробијат.

За Орландо – Кливленд не знам што да кажам. Имав прилика да ја гледам на сајтот на НБА со 4 камери од кои едната беше цело време фокусирана на ЛеБрон и сеуште сум вџашен од глетката по завршувањето на утакмицата. Човекот изглеаше како во агонија. Шо вика Турпис, на крај у контри и гзето Туркоглу трчаше побрзо од него. Дали беше само грч од умор или нешто посериозно ќе видиме, ама не беше најсреќна глетка. Другата камера беше фокусирана цело време на Двајт, и цело време, па дури и кога даваше изјава на крајот глеаше кон Џејмс со уплашен поглед. Може и него го чека нешто такво, со оглед на нивните “натприродни” физикуси, со основано сомнение дека се на некои витаминчиња.

Освен факторот паднат ЛеБрон на крајот (кој пак успеа да постигне 49 поени), друго не знам што се деси? Како Лејкерси лани со Бостон.. тотално се изгубија во сопственото водство. Стварно не би можел да кажам како.. Во секој случај изненадување и голем предизвик за двата тима за понатаму. Само ЛеБрон да е ок.

2 COMMENTS

Photobucket

Пишав и пост за Орландо-Бостон, ама се изгуби некаде…
Во кратки црти:

- Заморот го стигна Бостон после маратонот со Булси и сега овој со Орландо.

- Гарнет и тоа како ќе биде гладен следната сезона, но прашање е колку ќе издржи коленото.

- Пирс и Ален можат да ги одморат старите коски, Рондо сега има време за психијатар, а Глен Дејвис за диета.

- Пирс не е лидер кога го нема Кеј-Џи да му чува грб.
- Селтикси сепак, добија нешто од оваа серија, а тоа е клупа за следната сезона.

- Баркли и Кени Смит се зезаа на сметка на Хидо на полувреме, дека не требал да јаде пица пред вака важна средба, откако камерите го покажаа Хидо како си мцка во соблекувална парче пица.

- Како одигра Хидо, верувам дека сега пред секоја средба ќе јаде пица.

- Одличен шут и одбрана на Орландо, кој мислам дека ќе ни даде и поинтересна серија отколку Бостон.

- Баш Хидо и Рашард Луис треба да бидат лидерите на Орландо против Кливленд. Двајт нека си ја врши должноста на доминатор во рекетот. Ко сабајлево.

- Арно ама, Зиииии ќе гледа да го вади надвор со својот шут од дистанца.

- Конечно, пак ќе го видиме Леброн. Во среда.

17 COMMENTS

Photobucket

Рокетси одиграа како екипа која е без своите двајца најдобри и единствени ол-стар играчи и како тим кој во составот нема центар. Брукс, Лендри, Хејс, Лаури и Вејфер одиграа во согласност со нивните имиња и репутација. Артест одигра во согласност со својата лудост. Батие не можеше повеќе. И тоа е тоа за Рокетси.

Сепак, никој не очекуваше таа група на момци предводена од Аделман да стигне до седма средба со Лејкерси, добивајќи две над фаворитот после повредата на Јаоза.Тоа е нешто со што Лејкерси треба да се занимаваат пред дуелот со Денвер. Лејкерси кои, конечно, ја искористија огромната предност во висина и доминираа во рекетот против пренискиот противник.

Што се однесува до Хјустон, тие немаат за што да жалат. После ова што го покажаа во овој плејоф, треба само да се молат да ги заобиколат повредите следната сезона, нешто што кога се тие во прашање никако да им појде од рака.

Photobucket

Но, ако останат здрави, ако Трејси игра барем на половина од тоа што знае, Јаоза се наметне како лидер и му се ограничи слободата во напад на Артест, Рокетси ќе бидат ептен опасни. Една година искуство плус за Брукс и Лаури е голем добиток, посебно ако овие двајца развијат и некакви плејмејкерски квалитети.

За Лејкерси има време, ќе се пишува. Да ги видиме со Денвер, кој е тотално различна екипа од Хјустон.

1 COMMENT

Photobucket

Повозрасните од вас сигурно се сеќаваат на Вејмен Тисдејл. Ако не во овој дрес на кој е на сликава, тогаш сигурно во оној на Санси каде беше една од клучните резерви на тимот на кој лидер беше Чарлс Баркли.

Денеска, на 44 години, Тисдејл ја загуби битката со ракот на коските. Пред некое време му беше и ампутирана едната нога, но ни тоа не помогна, ниту пак лечењето. А, како тој се бореше со сето тоа. Со музика. И покрај болеста, тој успреа да издаде џез албум, а според многумина, за музика го биваше во најмала рака еднакво како и за кошарка.

Колку да се знае дека не зборуваме за било каков играч, Вејмен остана запаметен како еден од најдобрите колеџ играчи на сите времиња и како играч на Оклахома имаше просек од 25.6 поени и 10.1 скокови со реализација од игра од 58%, беше втор пик на драфтот 1985 година, веднаш зад Јуинг, избран од Индијана, а играше и за Кингси и Санси.

Што е уште поважно, Вејмен ќе остане запаметен како голем човек, нешто што секогаш го потврдуваа оние кои играа со, но и против него.

4 COMMENTS

Photobucket

Убаво си кажа Зенот пред некој ден, дека тимот му е како Др. Џекил и Мр. Хајд, не знаеш кое лице ќе го покаже и кога. А како што покажа ланското финале и како што пожаува овој плејоф, Лејкерси многу повеќе наликуваат на мирниот доктор.

Photobucket

Така, сосема е нормално што сите после онаа бедна партија сабајлево почнаа да се сомневаат во нивната улога на фаворит на Западот, улога која им беше доделена уште пред да почне плејофот и улога која реално, до сега со ништо не ја оправдаа.

Според секоја здрава логика Лејкерси не би требале да играат седум средби со Рокетси, не со овие Рокетси, кои сега го немаат ни Јаоза. Па и со Јао здрав, никој не очекуваше вакво нешто.

Но, Лејкерси играат ужасна транзициона, па и понекога позициона одбрана. Нападот, кога нема да се растрчаат од старт им е импотентен во долги серии. Никако не знаат како да ја искористат големата предност во рекетот. Па така радници како Лендри, Скола и Хејс, свака им част на сите тројца, царуваат во рекетот со својата борбеност.

Моника Гасол нешто се труди, ама со рикање не се постигнува ништо. Сепак, важно за разлика од некои други – се труди.

Иначе, Хјустон игра без центар!

Photobucket

Коби е посебна приказна и на него не би трошел зборови, Во овој плејоф уште не видов ништо од него, но во недела ќе мора да заигра во согласност со кредитот кој го носи со себе.

Секоја чест и за Арон Брукс и за Рик Аделман, а за Батие и остатокот на тимот на Рокетси, па и за лудилото на Артест.
Сега?

Пак Ел-Еј за седма средба. Ако некој ми каже дека очекуваше вакво нешто пред да почне оваа серија, па и со здрав Јаоза, ќе му кажев дека нешто не е во ред со него. Како и секој друг нормален.

Photobucket

Но, Рокетси се ЕКИПА која никогаш не се предава, па и кога ќе загубат со минус 40 и играат без своите двајца најдобри играчи, а Лејкерси уште не го докажале она со што сите ги китат.

Сите очекуваат победа на Ел-Еј во недела, што е сосема ОК. Се друго ќе биде едно од најголемите изненадувања во историјата на НБА. Но, ако пак се појави добриот доктор, можеби Мутомбо онака, во одело и со баскетот во раце ќе се витка и рика по паркетот во рекетот во Лос Анџелес.

Photobucket

Двајт бараше повеќе топки во рекетот од Ван Ганди. Нешто од тоа и доби, само не во финишот кога се решаваше победникот. Сепак, Двајт беше многу подобар од претгодните дуели. Нормално, кога се се решаваше главни беа Луис и Хидо, со единствениот добар потег цела средба, тројката пред крај. А, и Алстон одигра доста зрело.

Тактиката на Ван Ганди да го остави Рондо да игра (16 скокови!), ама затоа да ги затвори другите, пред се Ален и Хаус и тоа како се исплатеше. Слабиот шут на Реј само им беше од помош.

Пирс повлече малце во задња, ама касно, а и утна две слободни во клучен момент.

Сигурен сум дека сите посакуваа седма средба во Бостон, која и ја добивме. Само нека биде понеизвесна од таа со Булси. А и нешто заборавивме на продолженија, зашто да не не потсетат.

Photobucket

Со мало закаснување, од објективни причини. Нагетси, за разлика од Лејкерси покажаа како се затвара серија и ги решија Мавси за некој неочекуван ден плус одмор. Мело, конечно, почна да игра како што треба, а причина за тоа е нормално што покрај себе го има Чонси.

Џорџ Карл, конечно, си го најде тимот кој му лежи, како и плејот кој ќе биде тренер на теренот. Нагетси се опасни, посебно во транзиција, било да е во напад или одбрана. Клупата им е и тоа како солидна и можат да бидат незгоден противник за секого. Ако некој до сега не ги сфати озбилно, мислам дека е време за тоа.

Photobucket

За Далас пак, мислам дека е време за обнова на тимот, а на тоа е свесен и самиот Кјубан. Но, дали ќе направат целосен ремонт или не, ќе видиме. Во финишот на сезоната и плејофот покажаа дека има потенцијал, но потребни се нови лица, а за да се дојде до нив ќе мора да се жртвуваат некои од сегашните.

Дали ќе остане Кид и по која цена? А и тој не е решение за на плеј со своите години. Што со Џош Хауард? И како да се пополни клупата и да се засилат во рекетот и да му се олесни на Дирк?

Тоа се нивни проблеми со кои ќе се расправаат летово.

* * * * * * *

Photobucket

Некој го бараше Дени Гренџер? Условите се такви да за многу награди не стигнав да пишувам или анализирам, ама Дени си ја заслужи апсолутно, можеби Девин Херис да продолжеше до крај како ја започна сезоната ќе му замрсеше сметки, ама вака Дени, како лидер на Индијана, е заслужен MIP.

Кој знае, со неколку паметни потези Пејсерси догодина би можеле да се борат за плејоф. Задоволен, МакПацер? :)

17 COMMENTS