shaquille-oneal1

За пост за победата на Орландо и камбекот во Финалето по 1995 година, како и најава на дуелот со Лејкерси, има време, со оглед на тоа дека Финалето почнува дури за четири дена. Друго нешто цело време ми пречи, а за  тоа веќе и пишував тука. Неколку пати.

Секоја чест на Двајт на одличната вечер, а и сезона, но целата пропаганда со логото на Супермен и сличните на тоа ствари навистина ми е тотално без врска. Исто ко што ми беше онаа глупост за време на Ол-Стар викендот со Нејт Робинсон и со Криптонејтот, каде беше јасно дека се е исценирано. И навредливо за секој над десет години и со малку мозок.

Навредливи се и сите споредби со вистинскиот и единствениот НБА Супермен, кој исто така кариерата ја почна во Орландо кого доста бргу го однесе до Финалето пред  да се пресели во Ел-Еј и таму како лидер на Лејкерси да почне да освојува титули. Доминацијата беше присутна од првиот ден кога влезе во лигата, и тоа во времиња во кои за разлика од сега играа некои од најголемите центри на сите времиња.

Зборувам за единствениот НБА Супермен. Овој викајте го како сакате, Смолвил или било како, само немојте Супермен. Стварно е смешно.

18 COMMENTS

87746142AB050_Lakers_Nuggets

На Нагетси ќе им биде криво. И тоа како криво, што во средбата во која требаа да дадат се од себе одиграа веројатно најслабо во оваа серија со Лејкерси. Да изгинеш на терен, да, како што викаше Брендон Фрејзер, дадеш 110% па да загубиш, не е страшно, пак мирно ќе спиеш.

Вака, да одиграш слабо, уште и пред својата публика, која беше една од најгласните во ова разигрување, мора да остави гаден вкус во устата на Нагетси. А и кој знае дали пак ќе ја добијат оваа шанса што ја имаа.

87746142AB048_Lakers_Nugts

Од друга страна, Лејкерси и Коби во задњите две, конечно, го покажаа оној шампионски шмек кој го имаа во ланскиот плејоф. Конечно почнаа да играат машки, нешто што во нив изгледа го разбудија Рокетси, а го доразбудија Нагетси. Со оглед на тоа, и прашање е дали Нагетси можеа нешто повеќе против овие Лејкерси кои ги видовме на задњите две.

И уште само ова, додека да го добиеме и вториот финалист. Со извинување на сите фанови на Кармело, ама дечкото на последните неколку меча покажа зошто не е дел од елитата, односно оние Топ 5, а можеби и Топ 10 НБА ѕвезди. Кога му беше најпотребен на Денвер, него го немаше никаде на задњите средби, иако претхдоно имаше одлична серија од 30+ партии.

Посебно беден беше во одбраната, колку и да делуваа оние негови дуели со Коби претходно како да се труди и да гине во одбрана. И на тие средби Коби ги полнеше Нагетси.

87746142MW034_Los_Angeles_L

На поставените напади на Лејкерси, момакот беше целосно изгубен и е директен виновник на еден куп поени од Волтон, Одом, Гасол, Браун итд…Опрадвување не може да биде некаква минорна повреда, ако воопшто ја имаше.

Нормално, оваа сезона и тоа како беше успешна и за него и за цел тим на Денвер, од кој никој пред старт не очекуваше така висок  пласман, а камоли финале на конференција.

Сега само процесот на созревање мора да продолжи, како за Мело, така за Нагетси, но некако се сомневам дека со Карл на клупа можат нешто повеќе.

Лејкерси чекаат. Кој повеќе им одговара? Мислам дека не треба да се замараат со тоа, иако Орландо може да се покаже како понезгоден противник, а и е поблиску до Финале.

Сепак, признавам, повеќе сакам да ги видам Коби и Леброн во Финале.

3 COMMENTS

…за историја…

Posted by Karakash Under Лебронџилница, Playoff '09 on Friday May 29, 2009

87746158JG021_MAGIC_CAVS

87746158JG001_MAGIC_CAVS

7 COMMENTS

Трета опција

Posted by Karakash Under Playoff '09 on Thursday May 28, 2009

87745958MW039_Denver_Nugget

Што да се каже. Конечно ги видов на момент оние Лејкерси од ланскиот плејоф, кога покрај Коби и Пау, решавачки за нивниот пласман во Финалето беше Ламар Одом.

Секој тим кој сака барем да се бори за титулата мора да има уште еден играч, покрај главните двајца, кој ќе ги надополнува од средба во средба и ќе им ја олеснува работата. Тоа не мора секогаш да биде истиот играч, ама во случајот на Лејкерси тоа е Ламар.

Нагетси, и нивната недисциплина на моменти, се донекаде и сами криви што пак не беа во игра до самиот крај, но сепак, главен фактор беше Одом, иако на неколку пати беше убаво залепен од Андерсон.

Сега притисокот е на Денвер, кој ќе се потпре на енергијата на домашниот терен за да извлече седма средба. Седма за која покрај Мело и Билапс, ќе им треба и трета опција.

ПС: Од четирите екипи кои останаа, покрај Лејкерси само уште Орландо има квалитетни три опции. Како што стојат работите за кутриот Леброн, Кавси имаат само една опција, а Денвер знае да има понекогаш и повеќе од три, но лудилото знае да да ги чини и глава.

1 COMMENT

87746194NB019_CAVALIERS_MAGIC

Што се дешава Кавси?

Тоа веројатно не го знае ни самиот Леброн. Откако газеа во првите две рунди, предолгиот одмор и квалитетот и карактерот на Орландо целосно ги избација од ритам. Мислам, не го избација Леброн, кој има просек од 42.3 поени во оваа серија и практично нема слободна минута во вторите полувремиња од секоја средба.

Нормално, тука се и скоковите и асистенциите, а и како и кај секоја ѕвезда која кај себе ја има топката, и загубените топки. А ќе имаше и многу повеќе асистенции доколку остатокот од тимот успеваше да погоди нешто, како што правеше против Детроит и Атланта.

87746191FM022_CAVALIERS_MAGIC

Но, со Орландо приказната е различна. Овој пост не е некаква одбрана на Леброн, туку критика на Кавси, како и почит кон Орландо, кој е тим кој никогаш не се откажува, за што според мене најзаслужен е Стен Ван Ганди, човекот кој веројатно зад себе ќе имаше една титула до сега да ја немаше себичноста на Рајли.

Да не зборам за одбраната на Кавси, толку фалената, која ја нема нигде, го нема  нападот, освен Леброн. Мо Вилијамс е труба, исто како и Ззззииии, а и другите, освен можеби Делонте, кој ако ништо друго, барем се труди да направи нешто. Мо се гледа дека самиот си се ставил под некој притисок, дава гаранции и има некои крајно нерезонски потези.

Тотално нејасен ми е и Мајк Браун, Две средби не му дава ни минута на Павловиќ, па после тоа го форсира истиот на сметка на Шчербијак, а вчера пак го враќа неупотребливиот Воли на сметка на Саша, за кој немаше ни минута.

Ги намали и драстично и минутите на Џо Смит на сметка на Бен Волас, а тоа што брзиот ко воз на Македонски Железници Ззззиии шутира тројки, од дистанца (и промашува) и мака мачи со Двајт и Гортат како никој да не го гледа.

87746194FM117_CAVALIERS_MAGIC

Е сега, факт е дека и Орландо погоди 17 тројки, од кои посебно голема беше онаа на Луис на 4 секунди до крај. Но, уште поголеми беа тие на Пјетрус и Алстон, луѓе кои никогаш не биле шутери, а камоли тројкаши. и текнува на Френчито од времето во Европа и Голден Стејт, кога не можеше да врзе два шута од подалеку од шест метри. Слично беше и со Алстон, кој знаеше само да дрибла, и дрибла, и дрибла…

Па и Ентони Џонсон стана фактор. Да не поверуваш.

Исто како што никој не веруваше дека Орландо ќе води со 3-1 пред враќањето во Кливленд.

Леброн не може се сам. Никој не може се сам. Доколку нешто не ги врати Кавси назад во времето некои две-три недели, Орландо многу лесно после 13 години пак ќе биде дел од Финалето.

87746194FM109_Cavaliers_Magic

ПС: Без разлика дали Кавси ќе бидат дел од Финалето или не, тоа нема да биде дамка врз кариерата на Леброн. Прашајте ги само другите легенди каде биле на 24 години. И што имале зад себе на таа возраст. Да, имало некои и со титули, но Леброн уште сега е еден од најдобрите на сите времиња, а има доволно сезони пред себе за да стигне и до врвот.

10 COMMENTS

melo-so-pau-pozadi

Некако многу лесно повеќето од нас ги видоа Кавси и Лејкерси во Финале. Не дека не е се уште тоа можно, ама Мело, Чонси, клупата на Денвер, Хидо, Двајт и Луис имаат некои други планови.

Посебно импресивни беа сабајлево Нагетси, кои и без некоја посебна партија од Мело го згазија фаворитот за кој некои играчи , како што вика Петар, играа како да го носат дресот на Клиперси.

Сепак, секоја почит заслужуваат Нагетси како екипа, откако им проработе и клупата и им се врати препознатливата енергија кога играат дома . Станува опасно за Лејкерси.

Исто како што е опасна фризурава на Мело. Оригинален т.з. Џерикрл.  Ние би рекле “џигерица“ (знам, знам, тоа е mullet). Класика.

8 COMMENTS

87746191FM014_CAVALIERS_MAGIC

Денес не сум баш во филм за постирање, а и мечот сабајлево, реално беше најслаб од сите до сега во плејофот, Не дека беше лош, ама стандардот кој го наметнаа првите четири вечери, сепак беше превисок.

Она што третиот дуел меѓу Кавси и Орландо го покажа е дека:

87746191FM051_CAVALIERS_MAGIC

- Орландо е тим со невиден карактер. Тоа го навестија против Сиксерси, го потврдија против Бостон, а сега го магистрираат против кливленд. Доста екипи после онаков шут за победа на Леброн би паднале психички, но не и Орландо. За тоа секоја чест и затоа и водат со 2-1.

- Втора причина зошто водат со 2-1 е и тоталното губење на Кавси. Каде е Мо Вилијамс, кој би требал да биде десната рака на Леброн? Што мајка бара Ззззззиии да шутира тројки? Каде е уствари цел тим, кој погодуваше се живо со Детроит и Атланта, а сега се талпи против Орландо?

Не викам дека Орландо не  игра подобра одбрана од Пистонси и Хоукси, ама не до толку. Се ми се чини дека преголемиот број денови одмор влијаеше и тоа како негативно врз Кавси, кои не ја ни играат својата одбрана.

87746191FM044_CAVALIERS_MAGIC

- Мисмечевите се огромен проблем за Кливленд, посебно тој на крилата.

- Леброн не може се сам. Вчера не му одеше шутот и пак стигна до неверојатни бројки, ама се ми се чини дека она непишано правило кое го спомнав пред некој пост ќе го стрефи и Леброн.

CORRECTION Cavaliers Magic Basketball

- За судењето не знам што да кажам. Можам да направам copy-paste од она што го пишав за Лејкерси и Денвер во претходниот пост.

- Орландо во моментов е многу подобар ТИМ од Кливленд.

2 COMMENTS